Откриени две мумии во Липково, пристапот забранет

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
da ne e ova nekoja greska, nesto vaka ,, mumija vo izdlabeno drvo vo toj kraj ima otkrieno pred 35-45 godini i e odnesena vo nekoj zavod ,muzej ili nekoja institucija , i kolku znam , nikogas nisto ne e istrazuvano na nea , ovie : novi li se ?
мумиите се откриени за време на изградбата на липковската брана.биле откриени 3 мумии од кој на една и се губи трага по само неколку дена,една е однесена во белград(и се губи и на оваа трага) на понатамосни испитуванја,а една е се усте во судска медицина во скопје во некој од ладилниците.инаку се работи за природно мумифицирани тела(несто слицно и како мумијава сто е откриена на алпиве мислам.исто така пред 1година поведена е постапка за мумијава од судска медицина да се пренесе во музеј на град скопје,доколку се обезбеди соодветна просторија за излозба со ладилници и слично.а струцни лица како археолози и историцари излезени се на терен ама вратени се со каласников,исто така имам слуснато дека сега со посредство на оџиве тамосни несто се преговара да се испита теренот каде сто се откриени.:salut:
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
moja greka , ne procita se sto imase odnapred napisano
--- надополнето: 27 декември 2011 во 11:21 ---
:facepalm:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Мумијата од Липково прво на конзервација, па во музеј





Мумијата од Липково треба да биде една од атракциите во новиот Археолошки музеј на Македонија, но неизвесно е дали ќе биде конзервирана до отворањето на институцијата, закажано за крајот на годинава. Во тек се преговорите со лабораторијата на Археолошкиот музеј во Минхен, чии експерти би можеле да го заштитат телото од 5 и 4 век пред новата ера, природно мумифицирано во глинената земја во липковскиот крај. Мумијата е откриена во 1957 година, а неколку децении е во стаклен ковчег во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.

Според Перо Јосифовски, директор на Музејот на Македонија, во тек се договорите со стручњаци од Минхен, но многу е тешко с` да се организира.

- Сериозно е зашто таа е во многу лоша состојба. Скапо е и речиси е неизводливо зашто треба да дојде конзерватор од Минхен и тука да престојува и да работи два месеца - вели Јосифовски.

Објективни пречки

Транспортот на мумијата во Минхен е сложен. Треба да се влезе на листа на чекање, оти малку луѓе се занимаваат со конзервација на мумии во Европа. Според Јосифовски, има ред на чекање, а нам ни се брза. Лабораторијата во Минхен има пополнета програма за наредните пет години, а ние сме врзани со рок за да се заврши работата.

Во тек се договори со Управата за заштита на културното наследство и со Министерството за култура. Најреална опција е да организираме повеќекратно патување на германските експерти, кои би работеле со наши конзерватори, а трошоците да ги платиме ние.

- Тие би требало да дојдат 7-8 пати. Треба да пресече Министерството. Ако даде зелено светло, може да се организира. Со лабораторијата на минхенскиот музеј имаме добра соработка. Но, реално, ниедна институција, колку и да сме во добри односи, не би дозволила стручњак што го плаќа скапо да оди да работи во друга земја два месеца. Kолку и да сакаш да помогнеш некому. Треба да размислуваме ако е изводливо да ги покриеме трошоците. Да доаѓаат конзерваторите на неколку дена, да проверат до каде е работата, да дадат инструкции, а нашите да продолжат. Ако не стигнеме да ја конзервираме, ќе биде од објективни причини - вели Јосифовски.

Габична инфекција

Во последната деценија имаше неколку иницијативи за конзервација и презентација на мумијата, за жал, неуспешни. Требаше да биде изложена во посебна амбиентална просторија во Музејот на град Скопје. Сепак, првенствено мораше да се конзервира.

За Археолошкиот музеј веќе е направена 3Д-анимација како ќе биде поставена. Според Паско Kузман, идејата беше да биде изложена во простор во форма на буквата „Т“. Преку ходник како тунел, малку осветлен, треба да се стигне до посебната комора каде што ќе се наоѓа мумијата. Сепак и Kузман вели дека е неизвесно дали ќе успеат да ја конзервираат до отворањето на Музејот.

Мумијата е тело на постар маж, кое природно се сочувало во глинената земја, богата со минерали. Пред 56 години во липковскиот крај биле откриени неколку тела. Едно останало во земјата, а другите биле дадени на експертиза во Србија. Оттогаш никој не ги видел. Археологот Иван Микулчиќ ги датирал мумиите во 5 и 4 век пред новата ера.

Екипа на „Дневник“ пред неколку години го посети Институтот за судска медицина и криминалистика и ја фотографира мумијата. Положена е на обична подлога, под стакло, покрај влезот во една од предавалните на Институтот. Вработените уште тогаш коментираа дека кај нив нема место за мумијата и немаат услови да ја чуваат.

Kако поминува времето, нејзината состојба се влошува. Долната вилица е сосема откачена од черепот. На исушената кожа има портокалови дамки. Според експертите од Институтот, тоа е габична инфекција. Тие сметаат дека бил постар човек зашто забите на долната вилица се истрошени. Според нив, колку повеќе време поминало од моментот на смртта толку потешко се одредува кога живеел човекот
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B780FEFE399BF94D8A9F206A8027281F

 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Дали е генетски испитана?
Јас колку што сум запознаен со случајов, мумијата не е чепната ништо одкога е пронајдена. Никој не се нафатил до сега од причина што не е стручен за тоа и од страв повеќе да не и наштети евентуална погрешна конзервација. Сега ова со германциве се најнови обиди, но што ке биде ке видиме.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Баш би било итересно нејзиниот генетски материјал да се спореди со оној од денешните Македонци ;)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Од ова може државата добро да се офајди финансиски,но тоа е веќе друга тема.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
KОМПЛИЦИРАНА ЗАШТИТА

НА МУМИЈАТА ОД ЛИПКОВО И Е РАНО ЗА ВО АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ



Мумијата од Липково нема да биде изложена во Археолошкиот музеј на Македонија, кој ќе биде отворен во почетокот на идната година. Весела Честоева, директорка на Музејот, вели дека нема да се откажат од неа, но сега не можат да ја изложат. Атрактивниот експонат веќе неколку децении лежи во застаклен ковчег во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Ги открил археологот Иван Микулчиќ во 1963 година, во Липковско. Телото од 5 и 4 век пред новата ера се зачувало во специфичната глинената земја во липковскиот крај.

- Во првичниот концепт нема да биде дел од поставката, иако размислувавме и сите имавме став дека треба да биде. Тоа не значи дека ќе се откажеме, излагањето на мумијата од Липково го оставаме како опција за понатаму - вели Честоева.

Нема пристап до другите мумии

Долгогодишните обиди да се конзервира мошне оштетеното тело на нашиот предок и фактот што нашите археолози пред осум години евидентираа уште најмалку две природно мумифицирани тела на приватен имот во Липковско го отвора прашањето дали е поедноставно и многу поевтино да се спроведат археолошки ископувања на локацијата и атрактивните експонати да се изложат во музејот?

- Размислуваме и за таа опција. Планираме да поднесеме таков проект до Министерството за култура. Ако успееме да ги убедиме дека ни треба таков експонат и можеме да го обезбедиме, зошто да не - вели Честоева.

Kонзервацијата на постојната мумија до пред половина година ја организира Музејот на Македонија, каде што тогаш функционираше и археолошкиот оддел. Тие преговараа со лабораторијата на Археолошкиот музеј во Минхен, чии експерти би можеле да ја заштитат мумијата, но беше тешко с` да се организира за кратко време. Тогашниот директор на Музејот на Македонија, Перо Јосифовски, објасни дека во Европа малкумина се занимаваат со конзервација на мумии, а лабораторијата во Минхен има пополнета програма за наредните пет години. Тој нагласи дека ако стигнат да организираат конзервација до отворањето на Археолошкиот музеј на Македонија, тоа ќе биде од објективни причини.

Во 2005 година тројца археолози од тогашниот Републички завод за заштита на спомениците на културата (денешен Национален конзерваторски центар) и од Управата за заштита на културното наследство се обидоа да направат увид во состојбата на другите мумии, случајно откриени за време на градежни зафати. Тие само успеале да ѕирнат што има во земјата, но сопствениците не дозволиле фотографирање. Не успеаја ни ургенциите кај тогашниот градоначалник на Липково. По неколку дена ископот бил затрупан.

Еден од тројцата археолози беше и Звонимир Николовски, денес професор на штипскиот универзитет.

Зачувани во земјата

- Пред некој ден ги разгледував белешките од тогашниот увид. Навистина е штета што не ни дозволија да направиме фотографии. Тогаш ни јавија дека копале темели, ја стопирале изградбата зашто излегло нешто во земјата. Во околината има и други градби, има мелница.

Стапивме во контакт со тогашниот градоначалник на Липково, па со полициска асистенција отидовме да видиме за што се работи. Тогаш имав ретка, можеби единствена можност да видам во пресекот на земјата. Имаше и што да се види - раскажува Николовски.

Вели дека с` било идентично како што опишал професор Микулчиќ во списанието „Археолошки преглед 5“. Телата биле положени во издлабени дабови стебла, едниот рамен со профилот на земјата, другиот малку стрчел. Обувките биле сосема исти, панталоните од грубо платно.

ДУМА: МОЖЕМЕ ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НОВИТЕ
Според професорот Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, ако надлежните (Археолошкиот музеј или Министерството за култура) обезбедат буџет, тие имаат и технички и експертски капацитет веднаш да ги заштитат новооткриените мумии.

- Порано во фабриката „Јака Радовиш“ се подготвуваше посебен раствор „екалин“ - концентриран раствор на фунгицид. На тој начин експонатот што е кај нас е лакиран и подготвен за дневна светлина. Kога би се ваделе новите мумии, тоа мора да се стори ноќе, без дневна светлина. Kога ќе се откопаат веднаш да се заштитат со јак фунгицид, може и со силикон, би било уште подобро. Не располагаме со буџет за ваква акција, но во Институтот тоа може да се направи и тоа не би чинело стотици илјади евра. Имаме добри стручњаци, а сум соработувал и со нашите археолози, навистина имаме шампионска екипа. Лично сметам дека вакви експонати треба да бидат изложени во музејот - вели Дума.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=7D2499E2A2B8FE48A45C08B7BEFD1BAA
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom