Фала за советот.
Инаку се работи за гигант фирма, позната по работење на граница на законско и незаконско (најголемиот ланец на аптеки). Проблемот настана што тие сакаа продолжување без да ми посочат во новиот договор во која аптека да работам и плата од 12 000 денари црно на бело, а 22 000 во реалност. Тоа ми беше целосно несериозно и им соопштив дека нема да го продолжам договорот. Но, тие не ми дозволија да ги доработам преостанатите денови во старата аптека (во договорот на еден месец исто не стоеше која аптека, туку адреса на дирекција), а не ми ни кажуваа каде на друго место да продолжам. Ме мотаа цел ден, демек ќе ти се јавиме, да ја прашаме шефицата, но ништо од тоа.
На крај отидов во дирекцијата бидејќи ми кажуваа луѓе дека мора да се појавам на работа на адреса која стои во договорот. Претходно направив барање за добивање место и време за работа со копија спремно за архивски печат. Веројатно го видоа тоа во раце кај мене и ми понудија спогодба за прекин на договорот.
Ме чуди сега зошто веднаш не ми понудија спогодба туку откако им се јавував, пишував пораки, и на крај откако отидов кај нив (додуша кога ме видоа прво ми рекоа - "нели ТИ кажав ќе ти се јавам утре?" Што беше целосна лага. Не спомнаа во ниту еден момент утре) Што ќе ги чинеше ако веднаш ми кажаа за прекин на договорот?