Отказ од работа

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Ако може консултација во врска со договор за вработување на определено време од 1 месец за 6000 денари пола работно време.

Има ли опасност од тужба ако се прекине договорот (во кој пишува отказен рок е 1 месец) недела ипол пред истек?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467

Како можат да склучат договор на еден месец (определено време) и да стават одредба 1 месец отказен рок доколку се прекине работниот однос во месецот додека трае договорот? :)
Нема опасност од тужба по овој основ, отказниот рок не може да го надмине времетраењето на договорот, од причина што со изминување на времетраењето на договорот по сила на закон престанува работниот однос и тој не може да биде продолжен вон законските рамки а по основ на отказен рок.
Во секој случај има основ за тужба по основ надомест на штета заради предвремено раскинат договор, ако на работодавачот со самото предвремено престанување на работниот однос му е нанесена штета, мој совет издржи уште седмица и половина отколку после да ве шиканираат со тужби, незнаеш каков карактер и колку инаетлив човек е твојот работодавач, одработи си таа седмица и половина за да ти е мирна главата. :)
 
Фала за советот. :)

Инаку се работи за гигант фирма, позната по работење на граница на законско и незаконско (најголемиот ланец на аптеки). Проблемот настана што тие сакаа продолжување без да ми посочат во новиот договор во која аптека да работам и плата од 12 000 денари црно на бело, а 22 000 во реалност. Тоа ми беше целосно несериозно и им соопштив дека нема да го продолжам договорот. Но, тие не ми дозволија да ги доработам преостанатите денови во старата аптека (во договорот на еден месец исто не стоеше која аптека, туку адреса на дирекција), а не ми ни кажуваа каде на друго место да продолжам. Ме мотаа цел ден, демек ќе ти се јавиме, да ја прашаме шефицата, но ништо од тоа.
На крај отидов во дирекцијата бидејќи ми кажуваа луѓе дека мора да се појавам на работа на адреса која стои во договорот. Претходно направив барање за добивање место и време за работа со копија спремно за архивски печат. Веројатно го видоа тоа во раце кај мене и ми понудија спогодба за прекин на договорот.

Ме чуди сега зошто веднаш не ми понудија спогодба туку откако им се јавував, пишував пораки, и на крај откако отидов кај нив (додуша кога ме видоа прво ми рекоа - "нели ТИ кажав ќе ти се јавам утре?" Што беше целосна лага. Не спомнаа во ниту еден момент утре) Што ќе ги чинеше ако веднаш ми кажаа за прекин на договорот?
 
Последно уредено:

Веројатно имале намера да пробат нешто, ама не им успеало, добро е што веднаш реагиравте, и да ја завршите работата со спогодба.
 
Член од
31 мај 2020
Мислења
92
Поени од реакции
128
Дали доколку работиш како физичко обезбедување во никоб, мора да се даде и испочитува отказен рок од 30 дена, или може да се напушти во било кое време?
И уште едно прашање.
Прв пат кога се вработуваш преку нивната агенција, на колку време ти го склучуваат договорот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom