Отказ од работа

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Klaudija S., 18 јули 2015.

  1. Klaudija S.

    Klaudija S.

    Член од:
    18 јули 2015
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    1
    Добровечер,

    Ви пишувам бидејќи ми треба правен совет од Вас.

    Имам 23 години и пред три недели се вработив во еден хотел како рецепционистка. Меѓутоа, поради лошиот однос и заканите од страна на работодавците ја напуштив работата, но наместо да изработам уште цел месец како што беше наведено во договорот, јас изработив уште неколку дена и, неспособна да издржам повеќе на тоа работно место си заминав. Па сега работодавците ми се закануваат со тужба. Би сакала да знам што да правам во ваква ситуација и кој би бил најлошиот исход од сето ова.

    Однапред Ви благодарам.
     
  2. ShakaZulu

    ShakaZulu " Тој Сум Бре "

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    2.956
    Допаѓања:
    3.086
    Не си даде писмен отказ туку само едноставно не се појави повеќе на работно место? Требало да испечатиш два листа со твој потпис, текст нешто како „поради лични причини не сакам да продолжам со работа бла бла“ и му дадеш на одговорното лице. Должни се да го примат истиот и се потпишат и на твојот и на примерокот што останува кај нив во архива. А ако само не се појави на работа никогаш повеќе не знаеме што си потпишала. Види што пишува во тој примерок што мора да го имаш, дали има текои работи ставено за не придржување кон истиот. Ако нема ништо не може да те судат но ако си потпишала дека треба да направиш нешто пред да напуштиш работа ако сакаш тога гледај таму што има...
     
  3. Klaudija S.

    Klaudija S.

    Член од:
    18 јули 2015
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    1
    Да, пишува во членот од законот дека требало ги известам еден месец порано. Но, усмено се договоривме да изработам уште некој ден. Изработив да, но сега проблемот е што потоа повторно ме барале на мобилен за да изработам уште плус некој ден но јас бев надвор од државата.
     
  4. ShakaZulu

    ShakaZulu " Тој Сум Бре "

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    2.956
    Допаѓања:
    3.086
    И сега немаш на писмено дека спогодбено има раскин на договор за работа од тој и тој датум и не си повеќе вработена таму?
     
  5. Klaudija S.

    Klaudija S.

    Член од:
    18 јули 2015
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    1
    За жал не, прво работно искуство ми беше ова во нашата чудесна земја, требаше да се потковам подобро со информации за работен однос, но ете...
     
  6. ShakaZulu

    ShakaZulu " Тој Сум Бре "

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    2.956
    Допаѓања:
    3.086
    Не знам што да речам, не сум правник да знам кои правни мерки можат да покренат против тебе ако сакаат но од друга страна ако те тужат за не одење на работа сигурно може да дадеш против тужба зошто тоа било (мобинг, прекувремени неплатени саати, .... ), најдобро да се советуваш со адвокат пред било што да покренеш а и да си подготвена на тоа што тие можат да покренат. Не знам што би побарувале од тебе зошто ете според нив не си се појавила на работа иако официјално не си имала дадено отказ но најдобро дај го истиот што побрзо на писмено. Мора да сите овие работи бидат официјални а не само на збор. И тие треба да имаат документ а и ти за кога се пријавиш повторно во аврм.
     
  7. Триптико

    Триптико Гостин

    Ич да не им се замараш. Ако си млада не значи дека си глупава. Усно не фигурира никаде, тоа не смеат да го користат како причина. Ако договорот бил на еден месец, ти си го работела, се што е плус и усно исто како да не постоело. Јас работев во фирма на договор месец за месец. Секој нареден се продолжуваше на половина од претходниот. Последниот што требаше да се продолжи, не го направија тоа. Работев до крај на месецот, исто немаше ништо. Си најдов нова работа, го завршив тој месец и без да кажам, следниот ден бев во новата фирма. Ми се јавија во 9 наутро, мислејќи дека сум болен, сум се успал или нешто се случило. Можам да им ги замислам фаците кога сфатија дека се одјебани :D Кога ме прашаа зошто, едноставно им реков: Договорот не ми го продолживте, а денес е 1ви. Ме одјавија со 31ви и никому ништо.
     
    На Klinton, Have an ice day, пунтер и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. пунтер

    пунтер

    Член од:
    21 март 2011
    Мислења:
    2.330
    Допаѓања:
    1.357
    многу си се исплашила за ништо, ако до толку е работата дојдена, до толку да се плашиш, оди врати се на работа, седни на столот и крени ги нозете на пулт, кога ке дојде некој муштерија, не го еби, нека чека , речи со фраерот зборувам, сакале нејќеле сами ке те избркаат, па после ти опни им тужба.
     
    На kano му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Prestapnik

    Prestapnik Кондураџија

    Член од:
    10 јануари 2015
    Мислења:
    415
    Допаѓања:
    342
    Јас на твое место би ги пријавил во социјлна и пазарна инспекција, исто така би ги пријавил за мобинг.
     
  10. Mister No

    Mister No

    Член од:
    5 ноември 2012
    Мислења:
    1.682
    Допаѓања:
    3.613
    Прво - прочитај си го договорот што си го потпишала !
    Види дали е стандарден договор и не ? Дали има некој член во договорот кој се однесува на едностран раскин од твоја страна.

    Инаку, да не те плашам, ама, исто како што работник може да тужи работодавец ако го избрка пред истек на договор ( и патем ќе го добие на суд ) , исто така и работодавецот може да те тужи, по истиот основ. Затоа и служи писмен договор, нели ?
    Ова ретко се случува, ниедедна озбилна фирма не губи време со тоа, ама ако се заинати - теоретски може. Барем јас знам таков случај.

    Полошо е доколку имаш нестандарден договор, каде , на пример, работодавец има ставено член дека тој вложува во тебе ( обука или сл.) и дека во случај на неоснован отказ од твоја страна си должна да му ги надоместиш сите направени трошоци.
    Во оваков случај - конслултирај се со адвокат !

    ПС- совет за другпат, или давај отказен рок согласно договорот/законот, или вади боледување....
     
    На beneamata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Manga

    Manga

    Член од:
    21 април 2006
    Мислења:
    6.896
    Допаѓања:
    2.161
    Прво - прочитај си го договорот што си го потпишала ! - ко шо пиша тој над мене

    Второ - во повеќето договори за работа има член каде што ако не се појавиш на работно место 3 дена по ред без образложение , автоматски добиваш отказ.Ако го има овој член во договорот сето друго паѓа во вода.Испробано - функционира.
     
  12. Mister No

    Mister No

    Член од:
    5 ноември 2012
    Мислења:
    1.682
    Допаѓања:
    3.613
    Тој член е за заштита на работодавецот (чл.82 од ЗРО) и во никој случај не го ослободува работникот од одговорност
     
  13. аллександар

    аллександар Вечно ненаспан

    Член од:
    5 мај 2006
    Мислења:
    7.226
    Допаѓања:
    2.303
    по автоматизам ако 3 дена не се појавиш на работно место ти прекинува работниот однос. тоа стои и во законот, усно договорена работа не ја важат никаде затоа што твојата приказана дали измислена или не е исто толку точна колку и нивната измислена или не, затоа и се потпишува договор, мој совет ти е прво да провериш у завод дали сеуште ти трае договорот, најпрво убаво ти кажаа погоре прочитај точно што ти пишува во договорот за вработување и не се секирај ниеден газда не се замара со тужба за прекин на работен однос за работникот пошто ако му викнеш било каква инспекција дали трудова дали пазарна финансиска инспекција или каква и да е ке му најдат некоја забелешка за да го казнат.
     
  14. Klaudija S.

    Klaudija S.

    Член од:
    18 јули 2015
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    1
    Да ми го раскинаа договорот и еве што ми пратија:


    Вие како редовно вработена на неопределно работно време со бр. на договор 02-68 од 19.06.2015 година, Ве известуваме дека Ви го откажуваме истиот заради неоправдано изоставување од работа 3 последователни дена, согласно член 82 ст.1 ал: 1 од ЗПО.

    Истотака заради непочитување на одредбите на гореспоменатиот договор, Ве известуваме дека ќе бидете ТУЖЕНА
     
  15. Keljav

    Keljav baram zena - test kujna

    Член од:
    8 март 2009
    Мислења:
    1.372
    Допаѓања:
    305
    Тепаниот тепан е работава. Него има да паднеш на суд како попче.
     

Сподели преку: