Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.409
- Скопје беше ослободено 13-14 ноември 1944 година.
За таа слобода,во таа борба загинаа многумина.Таа бројка е толку
колку што е,ни помалку ни повеќе.Колку ли имиња знаеме од нив.
За неколку сигурно сме слушнале,но многу останале неспомнати,
непознати за пошироката јавност освен за нивната фамилија.Кој
се тие борци,кој беа така млади и храбри во јуришите тој ден по
улиците на Скопје,на плоштадот,кај Радиото,кај Женската школа,
кај станицата или на мостовите на Вардар.Паднаа и го положива
животот не дочекајќи да го видат градот слободен за кој се бореа.
- Останаа ли безимени. Не. Васе Стаматовски. Да тоа му беше име.
- Васе Стаматовски,борец на 12 МНОУБ, 2батаљон, 2чета, 2вод.
инаку познат како Васе Галичанчето,роден во Тресонче-Дебарско.
Произлегува од сиромашно семејство,заедно со својте родители
се преселува во Скопје. Беше приклучен во припремите на НОД.
Тој беше високо,како стрела право момче и беше сакан меѓу
другарите.Некаде под врвот на Китка се запозна со пушкомитралезот
“Зорка“, што секогаш му беше верен придружник. Тој му ја знаеше
душата, го чуствуваше како дише на позиција. Во борбите тој беше
многу заватен. Насекаде каде се среќаваше со непријателот тој
косеше не му даваше да дигне глава,го држеше прилепен за земја.
Во сите битки беше меѓу првите.“Зорката“ ја носеше и не му беше
тешка,тој секогаш како да не чуствуваше умор...
...Како крилати орли се спуштавме спремни од нашето Водно во
раните утрински зори,да го избркаме тиранинот клет од нашиот
град. Васе велеше: “ Другари само смело напред“
Тука на Долно Водно, Васе примаше цвеќе со кое ја китеше “Зорка“
цвеќе што му го даваше неговиот народ.Старците и стариците викаа:
“Синови мили,наши,чувајте се, ете тука непријателот се крие“
-Децата мали-пионери и се живо што ја чуствуваше слободата, ни
помагаше, не водеше,ни викаше “Ајде другари наши, ене онаму се
скриени фашистичките кучиња“.
Се симнавме во градот.Борбата продолжи.Пукавме сите.Но куршумот
кобен го пронижа токму низ шлемот.Кутриот офна и падна кај бившиот
дом на ДСВР,кај училиштето “Гоце Делчев“.
Печатено во весникот “13 ноември“-Скопје од 13. 11. 1964 год.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
-Стаматовски Пандил Васе---- борец на 12 МНОУБ од Скопје
....Се истакна во борбите на Бригадата против непријателот,
како храбар борец и затоа му беше доверено да стане
пушкомитралезец. Посебно се искажа во борбите во приодите
на Скопје.На 13 ноември 1944 година во уличните борби за ослободување на Скопје, учествуваше во опколувањето на
поголема група Германци во нивната офицерска менза што беше
сместена во бившото училиште “Гоце Делчев“. Без да чека
посебна наредба се префрли и приближи до утврдената зграда
и со рафалите од својот пушкомитралез успеа да уништи голем
број на Германци. Во оваа последна борба, смртно беше погоден
од непријателски куршум. Беше закопан на скопските гробишта.
Печатено во книгата- Беа Загинаа Останаа-Скопје 1969 стр.246