- Член од
- 6 јуни 2009
- Мислења
- 3.094
- Поени од реакции
- 445
Хах. Хахахххх.. Концептот на игра велиш. Тешки филозфии се концептите на игра, не е само забава. За мене е повеќе од само забава. Можиме сега и да почниме со оние дебатите што е видео игра, забава или уметност или пак двете. Па да се запрашеме што всушност е забава, да навлезиме и во психологии. И такви работи. Би почнал ваква дебата ама не преку текстуален форум, ќе ми дојди многу за типкање кое ќе ми одземи многу време.Погрешно си го сватил концептот на игра . Поентата на играта е да биде забавна.
А дефиницијата на забава е релативна , некој се забавува со „адреналински“ игри , друг со мисловни , трет со длабочината на приказната и светот во играта .. (Одтука и муабетот дека на Сепирот не му се свиѓале трејлерите , мене конкретно ми се супер.)
Пак ќе те прашам - што е прогрес на игра?
Да не се разбереме погрешно - далеку од тоа дека секое продолжение на добра игра е исто така добро . Баш напротив , многу ретко се случува.
Како и да е, ги разбирам игрите колку што можам, повеќе од некој што туку така ги игра игриве. Барем мене не можиш да ми речиш не си го сфатил концептот.
Е сега што е прогрес? Одење напред, давање нешто ново, иновативно. Проблемот е што кај AAA насловите многу го затупа на ова поле последниве години. Многу. Ни останаа само независните игри каде има иновација, кај (повеќето) ААА само на „проверени формули“ одат. И сега проблемот кај продолженијата е во тоа што тие најчесто се истата игра само на некои нови нивоа, локации. А „гејмплејот“ е скоро ист. Не само продолженија, ова се случува меѓу различни наслови, ама е почеста појава кај првиве па затоа тие ги спомнувам повеќе.
Пример дека повторливоста не е добра работа. Филмот Аватар. Покрај сите тие позитивни работи кај филмот, на крајот испадна доста критикуван заради сценариото затоа што тоа не беше воопшто оригинално, многу слични сценарија имаа и други постари филмови.
Да докажам за продолженијата. Некој ќе речи, јас не добив доволно забава од првиот дел, сакам уште еден. Во ред, нека биди уште еден. Еве и трет дел нека има. Ама чим се решиле да ја делат играта нека ставан некоја нова ситница во другиот дел. Се слулува да не стават. Тое не е добро, и друго што не е уште добро е што некои студија прават повеќе од 3 дела (10 NFS, 20 дела Зелда, Марио, 30 Кастелванија, и сл.) и меѓу нив многу работи се повторуваат. Само за пари ги прават, „да се лажат децата“, а овие да заработуваат.