Општи дискусии за игри

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Pathologic

Трејлер

Дупла доза, воведното филмче кое се пушта уште кога ја стартувате играта.
:cheeky1::icon_mrgr
Очигледно, ова не е секојдневна аванутра. Поточно играта е авантура со хорор (веројатно лесен хорор) и тоа од прво лице. Не ми е почната уште (само првите 5-10 минути ги видов).
 
Член од
3 ноември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дали сте ја пробале новата Call of Duty Black Ops ?
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
И уште едно разочарување на фановите на Assassin's Creed, Brotherhood за PC се одложува. Па и не е некое изненадување мислам, кој ни малку не се сомневаше дека ќе излезе заедно со конзолите...
Одложена е до 2011, а претпоставувам дека за тоа време Убисофт готват некаква си заштита на која како дежа ву ќе и се повтори она со ACII.
 
Член од
3 ноември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Штета а баш ја чекав Assassin's Creed Brotherhood . Сакав да видам како ќе иде животот на Ecio откако ќе стане главен на Assassin's -от :(
 
TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Таа вест дека Brotherhood ќе биде излезена прво за конзолите а потоа за ПЦ беше објавена уште од објавата на самата игра, така да не е одложена. Уште од тогаш имаше побуни против Убисофт.
 
H

-HRO

Гостин
Каква сакаат заштита нека стават за ASC Brotherhood...ќе биде пробиена....
А за тоа дека ќе биде пуштена за PC во 2011 не е ништо ново...за тоа се знаеше уште и пред септември...
Ќе биде пуштена за PC тек во 2011: Q1 што е лоша вест за нас PC гејмерите што нестрпливо ја очекуваме...
Сепак има што да се прави до тогаш...тука е Call Of Duty:BO да го пополни времето :)
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
160
Поени од реакции
36
по втор пат блазе си му на тие што не му сецка ниту лагира ниту имаат проблеми со call of duty black ops
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Чекајте де, нема ни една година од AC2, вие сте сте фатиле за Brotherhood. Има година од верзијата за конзоли па ја пуштија на конзоли, а кога ќе дојди цела година од верзијата за пц на AC2 тогаш и ќе ја пуштат и AC:B.

Ами ние што ја чекаме Ghost Recon: Future Soldier (сега планирана за 2011), или пак Beyond Good and Evil 2, I'm Alive и сл. кои ќе излезат 2075 затоа што финансиите ги преместуваат за 16то продолжение на Splinter Cell и за 13то на Assassin's Creed. За Убисофт зборувам. Значи треба да се бара повеќе нови наслови а помалку продолженија. А ако веќе издаваат игри под ист наслов, нека се разликуваат доста една од друга, пример Call of Duty содржи 3 подсерии, една е Втора светска војна, една е Modern Warfare и трета Black Ops. Е сега ако ја продолжаат серијава со повеќе од два наслова не ќе биди добро, време е да се стави крај на брендот. MW3 и уште некоја неименувана и толку.

Ова сето го имам кажано и порано ама никој не обрнал внимание, а сериозна е работава.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Assassin's Creed серијалот требаше да биде само трилогија, арно ама кога Убисофт виде шо паричиња прави таков серијал, си додаде и екстра продолжение, односно експанзија. Така да, си собираат паричиња од АС па после ќе си ги напраат другите игри.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
На 11 декември ќе биде најавена нова игра од Bioware, поточно на Video Game Awards на Spike TV. Очигледно нема да не инетересира само дали Блек Опс ќе освои GOTY. Еве еден teaser:
http://www.gametrailers.com/video/vga-2010-spike-tv/707522
И што, Биоваре само се копираат самите. Зарем тоа е материјал за игра на годината. Ниту блек опс е ниту тоа што ќе излези од Биоваре.
Ти уште изгледа не разбираш како работите навистина треба да бидат, туку се земаш како корумпираната индустрија ти сервира.

Мислам, ко го имаш Роберт Котик како директор на Активижн, можиш да очекуваш и игра како Фармвил да се најди меѓу номинирани.
 
sveznajko

Random nobody
Член од
17 август 2006
Мислења
522
Поени од реакции
101

Зашо да нема екстра материјал (експанзија , па и ново продолжение со мање више ист енџин) , ако играта била океј. (на пример мас ефект.) Наречи го копирање или како сакаш , од аспект на гејмер , мене ми е добредојдено.
Целава фрка шо ја праат со мас ефект мултиплејер (најновото нешто на Бајовер), сум ептен скептичен. Поентата на мас ефект е сетингот и ликовите . Мултиплејер конверзија од истово тешко се праи.

Што е за тебе материјал за игра на годината ?
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
708
Поени од реакции
140
Pathologic

Трејлер

Дупла доза, воведното филмче кое се пушта уште кога ја стартувате играта.
:cheeky1::icon_mrgr
Очигледно, ова не е секојдневна аванутра. Поточно играта е авантура со хорор (веројатно лесен хорор) и тоа од прво лице. Не ми е почната уште (само првите 5-10 минути ги видов).
Оваа не вреди ни trailerot да и го глеаш...
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Зашо да нема екстра материјал (експанзија , па и ново продолжение со мање више ист енџин) , ако играта била океј. (на пример мас ефект.) Наречи го копирање или како сакаш , од аспект на гејмер , мене ми е добредојдено.
Целава фрка шо ја праат со мас ефект мултиплејер (најновото нешто на Бајовер), сум ептен скептичен. Поентата на мас ефект е сетингот и ликовите . Мултиплејер конверзија од истово тешко се праи.

Што е за тебе материјал за игра на годината ?
Значи ти сакаш продолженија и такви работи? Ами каде прогрес со продолженија? Е нема, ќе си тапкаме во место.
А за игра на годината, на 31 декември можи ќе ти кажам. Има уште за разгледување.

Оваа не вреди ни trailerot да и го глеаш...
Aко не ги разбираш работиве поарно ќути си. Изгледа не се за тебе авантури.
Трејлерот вреди. Моринчава атмосфера, мистериозни објекти, сомнителни лица, интересна музика. А за самата игра уште незнам да кажам, се зафатив со друга, Black Ops. Сите ја играат да не останам поназад.
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Aко не ги разбираш работиве поарно ќути си. Изгледа не се за тебе авантури.
Трејлерот вреди. Моринчава атмосфера, мистериозни објекти, сомнителни лица, интересна музика. А за самата игра уште незнам да кажам, се зафатив со друга, Black Ops. Сите ја играат да не останам поназад.
Врати ми ги 3-те минути што ги потрошив за гледање на тие 2 "трејлери"!!! ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!
 
sveznajko

Random nobody
Член од
17 август 2006
Мислења
522
Поени од реакции
101
Ами каде прогрес
Погрешно си го сватил концептот на игра . Поентата на играта е да биде забавна.
А дефиницијата на забава е релативна , некој се забавува со „адреналински“ игри , друг со мисловни , трет со длабочината на приказната и светот во играта .. (Одтука и муабетот дека на Сепирот не му се свиѓале трејлерите , мене конкретно ми се супер.)
Пак ќе те прашам - што е прогрес на игра?

Да не се разбереме погрешно - далеку од тоа дека секое продолжение на добра игра е исто така добро . Баш напротив , многу ретко се случува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom