- Член од
- 19 февруари 2006
- Мислења
- 2.233
- Поени од реакции
- 349
Јас продавам quadlock за iphone 12/12 proДржач за мобилен каде може да најдам?
Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас продавам quadlock за iphone 12/12 proДржач за мобилен каде може да најдам?
Страницата е германска и е реномирана така што ова што го кажуваш не е за верување бидејки кај германците нема такви измами за разлика од британците каде има лажни страници и можеш да се изгориш.Побарај го истиот производ во rosebikes и види колку чини.Од таму сум купувал неколку пати само робата сум ја праќал на адреса во Словенија и никогаш не сум имал проблеми.Дали некој имал слично искуство со bike24. Плаќам преку Пејпал, на пејпал стои Pending, денес од bike24 ме контактираат дека не ги примиле средствата и ми праќаат линк пак да платам во меѓувреме првата наплата ја нема веќе на пејпал, платив повторно и пак е Pending, прашањето ми е дали секогаш мора они да ги прифатат средствата, малку ми е чудно?
Не си ме разбрал, воопшто не личи на скам, може не се изјаснив убаво, првата Pending трансакција ја одбиле најверојатно, после емаилот и втората уплата се ок помина, може се десило нешто со сајтот на пејпал видов 3 Pending трансакции во нотофикации па најверојтно заради тоа ги одбиле. Сега ги чекам кацигата и ракавицитеСтраницата е германска и е реномирана така што ова што го кажуваш не е за верување бидејки кај германците нема такви измами за разлика од британците каде има лажни страници и можеш да се изгориш.Побарај го истиот производ во rosebikes и види колку чини.Од таму сум купувал неколку пати само робата сум ја праќал на адреса во Словенија и никогаш не сум имал проблеми.
Види на фејсбук по групине, има 100%. Инаку тебе само вилушка ти треба, немаат врска дисковите со неа.Некој да продава Вилушка со амортизер за МТБ ? Може со "Lock", а може и без "Lock".
Гумите се 27.5 и има хидраулични дискови (не знам дали има врска ова ама нека стои).
Доколку не продава никој, да кажете од каде може да се купи, може и нова и половна.
Па со оглед на тоа дека на вилушка се закачуваат шепите за диск кочница, ако купи за v brake вилушка малце ќе се зезнеВиди на фејсбук по групине, има 100%. Инаку тебе само вилушка ти треба, немаат врска дисковите со неа.
Има една народна поговорка која вели ЗА ДА ЗАПОЗНАЕШ НЕКОГО ВО ВИСТИНСКО СВЕТЛО ДАЈ МУ ПАРИ И ВЛАСТ.Јас сакам сервисот на Бајкс во Кисела Вода да го пофалам. Квалитетни, брзи и фер цени. И не им е проблем да одвојат малку време ако имаш нешто да потпрашаш, за разлика од некои други што се доживуваат ко да се сервисери на Винченцо Нибали...
Битен е буџетот, ако ти е прв мтб ти препорачувам на старо да гледаш, ќе добиеш повеќе точак за парите и повеќе ќе уживаш.Од продавницава на кајгана, има некој добар велосипед за на планина? Не се разбирам воопшто од велосипеди.... Некој совет?
Не се лажете со половните точаци. Со Shimano Acera/Altus група ги огласуваат по 350-500 евра, а Trinx со таа група се продаваат нови. Тие што се под 300 евра, само името на рамката им е зачувана, а останатите делови се пред распаѓање. Ретко некој оглас има реална цена.Битен е буџетот, ако ти е прв мтб ти препорачувам на старо да гледаш, ќе добиеш повеќе точак за парите и повеќе ќе уживаш.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Не се лажеме со такви огласи, инаку има доста со реални цени и добра опрема, не знаеме кој му е буџетот. Инаку секако многу подобро е да се земе сочуван точак со добра опрема со буџет до кај 700-800еу.Не се лажете со половните точаци. Со Shimano Acera/Altus група ги огласуваат по 350-500 евра, а Trinx со таа група се продаваат нови. Тие што се под 300 евра, само името на рамката им е зачувана, а останатите делови се пред распаѓање. Ретко некој оглас има реална цена.
Почетник да фрли 700-800е, НЕ! Најдобро му е ДО 500 евра. Ако се пронајде во велосипедизмот, ќе може да си ги надоградува деловите или пак да го препродаде точакот за нов да си купи. На крај, не е битно што возиш, туку каде сакаш да те однесе. Ако добро го одржува, и точак од 200 евра ќе го однесе на секое место.Не се лажеме со такви огласи, инаку има доста со реални цени и добра опрема, не знаеме кој му е буџетот. Инаку секако многу подобро е да се земе сочуван точак со добра опрема со буџет до кај 700-800еу.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Да надоградуваш велосипед од 500еу со нова вилушка што би коштала мин. 200еу, или со нов пренос, касета и менувач што ќе кошта преку 200еу, не вреди во ниеден случај, лудост е такво нешто да му препорачаш на почетник.Почетник да фрли 700-800е, НЕ! Најдобро му е ДО 500 евра. Ако се пронајде во велосипедизмот, ќе може да си ги надоградува деловите или пак да го препродаде точакот за нов да си купи. На крај, не е битно што возиш, туку каде сакаш да те однесе. Ако добро го одржува, и точак од 200 евра ќе го однесе на секое место.