- Член од
- 11 август 2013
- Мислења
- 18
- Поени од реакции
- 15
Имаш воздух во системот. Потребно е блидингЗдраво на сите форумџии, велосипедисти , љубители и подржувачи на овој спорт . Mе интересираат совети , мислења, ваши лични искуства околу следново: Правев комплетен сервис на велосипедот, го однесов на мајстор... тоа што требаше да се смени го сменивме.. во мојов случај Гуртни (пакни) за кочниците, кочниците се со хидрулика , купив Shimano гуртни, оригинални пар коштаа 800 денари, исто така направено е и промена на минерално масло во кочниците , и ланец нов оригинал е сменет истотака Shimano . Е сега одкако ја зедов точакот од сервис приметив дека кочницата не кочи баш најдобро, ептен е мека папучата, мислам си кочи во ред велосипедот но слаба и мека е папучата, само да напоменам кога го зедов точакот нов , таа иста папуча од кочницата беше ептен тврда и кога ке ја повлечеш имаш чувство дека ке те фрли од велосипед, толку јака што буквално во место те укопува прашањето ми е: што може во овој случај да претставува проблем? со оглед на тоа што сосема нови гуртни се сменети на велосипедот, истотака и сменето минерално масло ... но кочница сеуште е мека , треба да ја повлечиш скоро до самиот крај за да закочи добро... Кажувам повторно кога го купив прв пат нов точакот се си имав чувство дека ке летнам од велосипед од што беше тврда и јака кочницата. Молам за помош
Sent from my SM-G930F using Tapatalk