Оптички интернет во цела Македонија

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Ете ти го линкот од 2014 година во цитатот:

" Сите граѓани без разлика дали живеат во рурална или градска средина, за шест години треба да имаат пристап до брз интернет, со брзина не помала од 30 мегабити во секунда – предвидува новиот правилник на Агенцијата за електронски комуникации. " .
Хартија трпи се.

Ќе го толкуваат правилникот во корист на операторите, ќе речат дека 2GB месечен трафик на 3G/4G е исполнување на правилата.

На крај краишта, ќе го сменат правилникот.

Аек зема пари од народот.
Аек зема пари од операторите.
Аек, за возврат прави... Што корисно?
 
Член од
27 септември 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Internet Montazeri za Germanija

opis na rabota
Potrebni se internet montazeri ya vo germanija dokolku ima za interesirani neka mi pisat.
vo oblast na telekomunikacii:
-opticki mrezi-splajsuvanje/lepenje opticki kabli i sl. ;
-duvanje na opticki kabli vo hdp creva;
-racen iskop i postavuvanje creva i kabli vo rov ;
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Таман ги обучивме, немој со вакви ниски удари :)
 
Член од
20 април 2019
Мислења
7
Поени од реакции
2
Еве и јас дојдов на оваа стара тема да потврдам дека Телеком не ги исполни барањата на АЕК во тој правилник од 2014, 12 Mbps, побрзо ке бидат активни 1Gbps сателитите на Еlon Musk отколку оптиката на Телеком.
 
Да се постави оптика е огромна инвестиција... АЕК има нелогични барања и правилници. Зошто Телеком би поставил оптика до некое село кај што може да има потенцијални 2 корисници а ќе инвестира над 100000еур?
Многу е лесно вака на хартија да се напише правилник како да живееме во Сингапур...
 
D

Deleted member 53418

Гостин

Дали знаеш во кои села тетовски има оптика ? ќе се чудиш :D све може ако се сака еве да речеме не мора оптика вдсл е доволно за 30 во селата зборам , барем градовите да се 100% покриени.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Дали знаеш во кои села тетовски има оптика ? ќе се чудиш :D све може ако се сака еве да речеме не мора оптика вдсл е доволно за 30 во селата зборам , барем градовите да се 100% покриени.
Не се чудам, можам и да ти ги кажам ама биди сигурен дека има значаен број на корисници.
Секој еден крак кој се прави има во позадина сериозна анализа на трошок и приход. Баш тетовските села се лесни за изведба затоа што теренот е лесен и има бандери. Трошокот е многу помал и побрзо е за изведба.
Со градовите е слична приказна, ама веќе се шири мрежата низ градовите и тоа прилично интензивно.
Операторите брзаат да ги покријат деловите кај што не е стасан никој за да може да направи поволни договори. Се е пазарна економија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Еве и јас дојдов на оваа стара тема да потврдам дека Телеком не ги исполни барањата на АЕК во тој правилник од 2014, 12 Mbps, побрзо ке бидат активни 1Gbps сателитите на Еlon Musk отколку оптиката на Телеком.
Минимална Интернет брзина од 12 мегабита (1.5 мегабајти) во секунда е достапна и преку најосновната ADSL телекомуникациска линија, а бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком има техничка можност за такви Интернет брзини во над 90% од целата територија на Македонија.

А ако некаде сигналот е лош, тоа е веќе друга приказна, во такви околности се пријавува дефект, а доколку операторот не го отстрани дефектот тогаш нареден чекор е приговор до АЕК.

Но правилникот на АЕК јасно потенцираше дека заклучно со 2020 година, сите телекомуникациски оператори во Македонија треба да нудат широкопојасен Интернет со Интернет брзини не помали од 30 мегабита (3.75 мегабајти) во секунда, а тоа за жал не е достапно денес низ цела Македонија.

Кога сме кај оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, истата се шири низ цела Македонија, но не станува збор за лесен потфат, на крајот на краиштата станува збор за целосно нова телекомуникациска мрежа за чии што потреби мора да се копаат цели траси од почеток и да се пуштаат подземни црева, па потоа да се пуштаат доводни оптички кабли низ истите тие подземни црева.

Секако мора да се земат во предвид и трошоците за дозволи за копања во урбаните средини, телекомуникациските оператори ретко се нафаќаат да дадат пари од свој џеб за ископувања и за градежни работи, освен ако се здружат заедно во заеднички градежни инвестиции, на пример, како што направија тогашен Вип, заедно со Телекабел и Неотел во 2017 година кога заедно копаа низ Карпош и Влае за да пуштат свои подземни црева.

Но вообичаено телекомуникациските оператори не се подготвени да ги одврзат кесињата за да платат за градежни дозволи за ископувања и враќање на улиците/булеварите/тротоарите во првобитна состојба. Одличен пример за ова се асфалтирањата кои се случуваат низ Скопјево изминативе два месеца.

Ископувањата и градежните работи на улица Џон Кенеди во Чаир беа добредојдени за А1 Телеком и Телекабел, кои си начекаа градежни работи платени со народни пари за да си пуштат свои подземни црева. Македонски Телеком не мораше да чека за да се шлепа врз јавна инвестиција за да пушти свои подземни црева на улица Џон Кенеди, бидејќи таму нивната оптичка телекомуникациска мрежа веќе од поодамна е достапна.

Градежните работи на булевар 8-ми Септември кај Александар Палас исто така беа добредојдени за А1 Телеком и Телекабел.

Градежните работи за проширувањето на булевар Никола Карев, односно Пластичарска, минатово лето 2020, беа добредојдени не само за А1 Телеком и Телекабел, туку и за Македонски Телеком, кои исто така пуштија свои подземни црева од северната страна на Пластичарска - страната која продолжува кон Чаир. Во тие делови оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е само делумно достапна, па проширувањето на Пластичарска им беше добредојдено како на А1 Телеком и на Телекабел, така и на Македонски Телеком.

Од другата страна на Пластичарска - кон Калето, оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком исто така е веќе достапна во над 70% од урбаниот простор. Бит Пазар исто така е веќе целосно покриен, додека за во чаршијата Македонски Телеком исто така чекаше за копањата од џамијата до споменикот на Скендер Бег, па и тука Македонски Телеком се шлепаше врз јавна инвестиција за да пушти свои подземни црева во деловите во кои се копаше минатава пролет 2020. И токму бидејќи градежните работи не се одвиваа и од другата страна на џамијата се` до капијата кај Бит Пазар, во тие делови од чаршијата не е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Од друга страна, кај сите станбени згради кај Бит Пазар веќе е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

А1 Телеком копаше и пушташе подземни црева низ Хиподром, Маџари, Сингелиќ, Ченто, Автокоманда, Центар, Кисела Вода и други населби во 2019 година, но немаат пуштено доводни оптички кабли низ сите тие подземни црева. Етапно ги покриваат реоните, од летото 2020 па наваму ги пуштаат своите доводни оптички кабли низ нивните подземни црева во реон Ченто - Хиподром, Маџари, Сингелиќ, Триангла, Ченто, а имаат почнато и со пуштање на своите доводни оптички кабли низ нивните подземни црева и во Автокоманда.

Баш на почетокот од оваа недела, А1 Телеком пушташе доводен оптички кабел во новиот станбен комплекс Панорама Резиденс на Водно - кој наводно би требал да биде завршен со изградба до крајот на 2020 година, што значи дека сигурно нареднава 2021 година ќе ја продолжат својата офанзива и во реон Центар.

Неотел се најголемата мистерија - нивната оптичка телекомуникациска мрежа е достапна на најнеочекувани места во Аеродром и во Центар, а истовремено не е достапна во наредниот соседен објект. Не разбирам како функционираат тие, ако веќе си ја донел својата оптичка телекомуникациска мрежа до еден објект, тогаш во твоја корист и во корист на твоите потенцијални идни корисници е да ја прошириш оптичката телекомуникациска мрежа и во соседниот објект, особено ако се на иста страна од улицата и тоа еден до друг.

Друга глупост која неодамна ја открив за Неотел, е дека не пуштаат мрежни кабли кај своите корисници, туку наплаќаат дополнително за нивна инсталација. Ова е најверојатно единствениот телекомуникациски оператор во Македонија кој работи вака, за Македонски Телеком, А1 Телеком, Телекабел и за повеќето - ако не и сите - кабелски оператори низ Македонија, општо е познато дека пуштаат мрежни кабли до компјутерите и телевизиските рисивери на корисниците, без воопшто да наплаќаат за каблите и за нивната инсталација.

И за крај мора да се земе во предвид и (не)согласноста од станарите во индивидуални станбени згради. Иако е тешко да се верува, навистина има станбени згради во кои не е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - а и на други оператори, само бидејќи не биле собрани доволно потписи од сите станари за издавање на согласност за пуштање на доводни оптички кабли во станбениот објект. Најголема глупост е кога во една станбена зграда во еден влез има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком или на некој друг оператор, а во друг влез нема техничка можност само бидејќи не биле собрани доволно потписи од станарите за издавање на согласност за пуштање на доводни оптички кабли во нивниот влез.

Се на се, пуштањето на доводни оптички кабли не е ни малку лесна инвестиција, особено во урбаните подрачја, а најособено во старите станбени згради.

За тие кои немаат техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, алтернативни решенија им се VDSL телекомуникациска линија преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - под услов корисникот да живее на помалку од 1 (ЕДЕН) километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, или хибриден Интернет - комбинација од бакарна телекомуникациска линија и 4G мобилен Интернет - доколку постои техничка можност, се разбира.
 
Последно уредено:

Сите оператори имаат пред се годишен договор со Град Скопје за поставување на инсталации (како и со дел од општините). Град Скопје има убав приход од сето ова што си го пишал бидејќи наплаќа надомест по метар по поставено црево. Муабетот со трошење народни пари ти е тешка глупост.
Кога се реконструира дел од тротоарот или улицата сите оператори добиваат известување доколку се заинтересирани за поставување на инсталации (немаат во тој дел) да достават барање. Во 99% од случаеви заеднички поставуваат А1, Телекабел и Неотел додека до неодамна праксата на Телеком беше да не одат во ист ров. Освен што плаќаат надомест на Град Скопје, трошоците за ископ се делат по број на оператори и тоа не е незначителна сума.
Овој концепт е усогласен за да нема накнадни ископи по уредување на просторот. Постои достапен годишен план за реконструкции и со тоа може и да се планираат проширувањата.
На Пластичарска нпр. освен А1, Неотел, Телекабел, инсталации ставаше и ЕВН и водовод (и делумно и други оператори) и во буџетот имаше убав прилив од сите нив...
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Ми се свиѓа А1 како работи особено во поглед на оптичка инфраструктура, доаѓа прекопува мести оптика, а не како телеком 1 улица има 1 нема. Во мојата населба 2 улици оптика имаат од телеком само кај што има згради другото нејќе да чуе, return of investment им бил превисок за ставале кабли секаде.. безвеза ама тоа е, да дадат а1 повеќе од 1 тера за лимит одма бегам од телекабел на нив :D
 
Да не се лажеме Телеком прв сериозно го почна трендот на умрежување на цели населби и поставување на микротуби. А1 ова почнаа да го прават во поново време. Принцип е да се постави вод до влез на поголеми објекти. До куќа може да се стаса и воздушно воглавном. Потенцијални корисници во зграда се пореално сценарио од изолиран корисник во куќа.
 
Не се лажеме, Телеком е апсолутно лидер кај нас, тоа е факт и не може да се побие. Кажувам од тоа што гледам а работам и во истоимениот оператор.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Сите оператори имаат пред се годишен договор со Град Скопје за поставување на инсталации (како и со дел од општините). Град Скопје има убав приход од сето ова што си го пишал бидејќи наплаќа надомест по метар по поставено црево. Муабетот со трошење народни пари ти е тешка глупост.
Кога се реконструира дел од тротоарот или улицата сите оператори добиваат известување доколку се заинтересирани за поставување на инсталации (немаат во тој дел) да достават барање. Во 99% од случаеви заеднички поставуваат А1, Телекабел и Неотел додека до неодамна праксата на Телеком беше да не одат во ист ров. Освен што плаќаат надомест на Град Скопје, трошоците за ископ се делат по број на оператори и тоа не е незначителна сума.
Овој концепт е усогласен за да нема накнадни ископи по уредување на просторот. Постои достапен годишен план за реконструкции и со тоа може и да се планираат проширувањата.
На Пластичарска нпр. освен А1, Неотел, Телекабел, инсталации ставаше и ЕВН и водовод (и делумно и други оператори) и во буџетот имаше убав прилив од сите нив...
Значи велиш тешка глупост е фактот дека телекомуникациските оператори буквално го дочекаа град Скопје како златна кокошка да ги раскопа улиците за нив и потоа повторно да ги асфалтира ?

Кој ги бирал и ангажирал градежните компании за ископувањата и асфалтирањата, и на крајот кој ги платил ?

Не би се согласил дека не мораа да чекаат град Скопје да ја заврши потешката работа за нив, без разлика што платиле по метар од црево и ги делеле трошоците за ископ ?

Чисто за потсетување, јас не реков дека телекомуникациските оператори ги трошат народните пари, туку реков дека се шлепаат врз јавните инвестиции. Еве и ти самиот потврди дека платиле за шлепањето, но сепак некој друг - конкретно град Скопје - ги шлепал, наместо сами да ги ангажираат и платат градежните компании за ископувањата и асфалтирањата.

Ми се свиѓа А1 како работи особено во поглед на оптичка инфраструктура, доаѓа прекопува мести оптика, а не како телеком 1 улица има 1 нема. Во мојата населба 2 улици оптика имаат од телеком само кај што има згради другото нејќе да чуе, return of investment им бил превисок за ставале кабли секаде.. безвеза ама тоа е, да дадат а1 повеќе од 1 тера за лимит одма бегам од телекабел на нив :D
А1 Телеком воопшто не штедат на материјали за работа, во станбените згради практикуваат да поставуваат катни сандачиња на секој кат, што секако им ја олеснува работата на техничарите, а и во случај да се скине некој доводен оптички кабел, секогаш можат да го префрлат корисникот на некое од соседните катни сандачиња.

За разлика од нив, Македонски Телеком буквално практикуваат бројот на слободни оптички влакна да биде ист со бројот на станови во станбените згради - со ретки исклучоци, еве на пример во мојата станбена зграда има 8 станови на секој кат, а доводните оптички кабли во катните сандачиња имаат по 12 оптички влакна, што значи дека остануваат 4 слободни оптички влакна како резерва на секој кат.

А тек па кај воздушните инсталации А1 Телеком воопшто не се занимаваат со штедење. Доволно е да се погледне реон Ченто, кој А1 Телеком речиси целосно го има покриено со својата оптичка телекомуникациска мрежа. Во улиците во кои има претежно куќи, доколку можеле пуштиле подземни туби, но и ако тоа не е доволно, буквално на секоја бандера или во најлош случај на секоја втора бандера имаат поставено оптички изводи, а на секој воздушен оптички извод од А1 Телеком можат да се поврзат 8 или 10 корисници, не помнам точно.

За разлика од нив, Македонски Телеком и кај куќите практикуваат да одат претежно со онолку оптички изводи колку што се потребни за конкретниот број на куќи, на еден нивен оптички извод можат да се поврзат 12 корисници, па ако на една улица има да речеме помалку од 12 куќи, ќе постават само 1 (ЕДЕН) оптички извод, па дали најоддалечената куќа е преку 3 бандери или преку 5 бандери или преку повеќе бандери, тоа ќе му ја мислат техничарите кои ќе ринтаат по бандерите. Железара е одличен пример за ова, кај куќите на улица Коце Металец има секција долга повеќе од 150 метри во која има повеќе од 12 куќи и повеќе од 5 бандери, ама затоа има цел 1 (ЕДЕН) оптички извод од Македонски Телеком, и тоа на почетокот од таа секција од улицата, па техничарите на кои ќе им пристигне налог за воздушна инсталација на оптички телекомуникациски приклучок на некоја од последните куќи од таа секција на улицата има да се изнашетаат низ бандери и низ дрворедот на таа секција од улицата.

Исто така, улица Коце Металец во Железара е одличен пример и за незаинтересираноста на Македонски Телеком за инвестирање во подобри и поприфатливи инфраструктурни решенија од урбанистичка и од естетска гледна точка. Општо прифатен е фактот дека воздушна инсталација се прави претежно во улиците во кои или тротоарите се тесни, или па воопшто не ни постојат, но улица Коце Металец има и тоа како само широки тротоари за пуштање на подземни црева за доводни оптички кабли. Но на Македонски Телеком тоа не им се видело исплатливо, па затоа во 21-ви век се одлучиле да го спроведат најидиотското можно решение - воздушна инсталација. Еве баш овој месец ноември 2020 пуштаат доводни оптички кабли до старите станбени згради - лименките, на улица Коце Металец, и не им претставувало проблем да ги пуштат доводните оптички кабли низ подземни црева, што значи дека не им претставувало проблем ниту за да ги раскопаат улицата и тротоарите таму каде што имало потреба од тоа. Ама затоа па куќите ќе си чекаат воздушна инсталација преку бандера, за таму не им се исплати да пуштат подземни туби до куќите.

А слободно можеме да се кладиме дека кога А1 Телеком ќе пушта свои доводни оптички кабли на улица Коце Металец во Железара, сигурно ќе пуштат во најлош случај по еден воздушен оптички извод на секоја втора бандера, или директно ќе пуштаат подземни црева за доводни оптички кабли до секоја куќа или на оградите помеѓу секои наредни две куќи.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.932
Значи велиш тешка глупост е фактот дека телекомуникациските оператори буквално го дочекаа град Скопје како златна кокошка да ги раскопа улиците за нив и потоа повторно да ги асфалтира ?

Кој ги бирал и ангажирал градежните компании за ископувањата и асфалтирањата, и на крајот кој ги платил ?

Не би се согласил дека не мораа да чекаат град Скопје да ја заврши потешката работа за нив, без разлика што платиле по метар од црево и ги делеле трошоците за ископ ?

Чисто за потсетување, јас не реков дека телекомуникациските оператори ги трошат народните пари, туку реков дека се шлепаат врз јавните инвестиции. Еве и ти самиот потврди дека платиле за шлепањето, но сепак некој друг - конкретно град Скопје - ги шлепал, наместо сами да ги ангажираат и платат градежните компании за ископувањата и асфалтирањата.
Некогаш лудоста изгледа нормална, за жал во овој случај тебе ти изгледа така. Во најголем дел од нормалните земји, регулативата вика дека инфраструктурата ја поставува самата општина/град или пак државна агенција која стопанисува со телекомуникациската канализација, а операторите само рентаат. Во нашава вукојебина кога го продаваа Телеком, го продадоа комплет, па после донесоа закон за Легализација во кој пробаа со еден член да извршат национализација на нешто што го градел приватник и пак не му доаѓа памет.
Ти пиша и @santelli погоре, си имаат договори и си плаќаат комуналии за поставувањето, единствено Телеком и ЕВН добиваат пари и за дислокациите што се поради проширување на булевари/улици.

За разлика од нив, Македонски Телеком буквално практикуваат бројот на слободни оптички влакна да биде ист со бројот на станови во станбените згради - со ретки исклучоци, еве на пример во мојата станбена зграда има 8 станови на секој кат, а доводните оптички кабли во катните сандачиња имаат по 12 оптички влакна, што значи дека остануваат 4 слободни оптички влакна како резерва на секој кат.

А тек па кај воздушните инсталации А1 Телеком воопшто не се занимаваат со штедење. Доволно е да се погледне реон Ченто, кој А1 Телеком речиси целосно го има покриено со својата оптичка телекомуникациска мрежа. Во улиците во кои има претежно куќи, доколку можеле пуштиле подземни туби, но и ако тоа не е доволно, буквално на секоја бандера или во најлош случај на секоја втора бандера имаат поставено оптички изводи, а на секој воздушен оптички извод од А1 Телеком можат да се поврзат 8 или 10 корисници, не помнам точно.

За разлика од нив, Македонски Телеком и кај куќите практикуваат да одат претежно со онолку оптички изводи колку што се потребни за конкретниот број на куќи, на еден нивен оптички извод можат да се поврзат 12 корисници, па ако на една улица има да речеме помалку од 12 куќи, ќе постават само 1 (ЕДЕН) оптички извод, па дали најоддалечената куќа е преку 3 бандери или преку 5 бандери или преку повеќе бандери, тоа ќе му ја мислат техничарите кои ќе ринтаат по бандерите. Железара е одличен пример за ова, кај куќите на улица Коце Металец има секција долга повеќе од 150 метри во која има повеќе од 12 куќи и повеќе од 5 бандери, ама затоа има цел 1 (ЕДЕН) оптички извод од Македонски Телеком, и тоа на почетокот од таа секција од улицата, па техничарите на кои ќе им пристигне налог за воздушна инсталација на оптички телекомуникациски приклучок на некоја од последните куќи од таа секција на улицата има да се изнашетаат низ бандери и низ дрворедот на таа секција од улицата.

Исто така, улица Коце Металец во Железара е одличен пример и за незаинтересираноста на Македонски Телеком за инвестирање во подобри и поприфатливи инфраструктурни решенија од урбанистичка и од естетска гледна точка. Општо прифатен е фактот дека воздушна инсталација се прави претежно во улиците во кои или тротоарите се тесни, или па воопшто не ни постојат, но улица Коце Металец има и тоа како само широки тротоари за пуштање на подземни црева за доводни оптички кабли. Но на Македонски Телеком тоа не им се видело исплатливо, па затоа во 21-ви век се одлучиле да го спроведат најидиотското можно решение - воздушна инсталација. Еве баш овој месец ноември 2020 пуштаат доводни оптички кабли до старите станбени згради - лименките, на улица Коце Металец, и не им претставувало проблем да ги пуштат доводните оптички кабли низ подземни црева, што значи дека не им претставувало проблем ниту за да ги раскопаат улицата и тротоарите таму каде што имало потреба од тоа. Ама затоа па куќите ќе си чекаат воздушна инсталација преку бандера, за таму не им се исплати да пуштат подземни туби до куќите.

А слободно можеме да се кладиме дека кога А1 Телеком ќе пушта свои доводни оптички кабли на улица Коце Металец во Железара, сигурно ќе пуштат во најлош случај по еден воздушен оптички извод на секоја втора бандера, или директно ќе пуштаат подземни црева за доводни оптички кабли до секоја куќа или на оградите помеѓу секои наредни две куќи.
Тоа што си го опишал дека има 8 станови, а оставаат 12 влакна е бидејќи каблите што се користат имаат најчесто 12 влакна по туба, операција на туба ретко кој работи во дравава и најчесто ја сечат целата и ги лепат само тие влакна што им требаат (4те стојат тука оти не се исплати да ги лепат за спратот погоре, ем ќе мешаат 2 туби на еден кат, ем имаат дупло лепење на претходниот кат).

Околу подземна/надземна, некогаш и самите општини му налагаат да градат одреден тип на мрежа, а некогаш е поради X причини и процена на самите проектанти/проект менаџери.

До зградите треба да стигаат по правилникот на АЕК со подземна инсталација, а до куќите ќе си остане воздушно, така е и во остатокот од светот не само кај нас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom