- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.836
- Поени од реакции
- 12.150
Јас воопшто не го оспорив фактот дека градот/општината/државата соработуваат со телекомуникациските оператори и компаниите за електрична енергија, туку потенцирав дека компаниите претежно се шлепаат врз јавните инвестиции.Некогаш лудоста изгледа нормална, за жал во овој случај тебе ти изгледа така. Во најголем дел од нормалните земји, регулативата вика дека инфраструктурата ја поставува самата општина/град или пак државна агенција која стопанисува со телекомуникациската канализација, а операторите само рентаат. Во нашава вукојебина кога го продаваа Телеком, го продадоа комплет, па после донесоа закон за Легализација во кој пробаа со еден член да извршат национализација на нешто што го градел приватник и пак не му доаѓа памет.
Ти пиша и @santelli погоре, си имаат договори и си плаќаат комуналии за поставувањето, единствено Телеком и ЕВН добиваат пари и за дислокациите што се поради проширување на булевари/улици.
Еве на пример изминативе 2 месеца ЕВН раскопува кај ќе стигне низ Скопјево за да пушти кабли за струја за тие полначите за батерии на електрични автомобили кои почнаа да ги поставуваат низ паркинзите, и кај мене пред паркингот на зградата поставија лани.
И како што лани ниту општината, ниту град Скопје, ниту државата асфалтираа, ниту вршеа било какви градежни работи кај мене низ населба, туку ЕВН целосно си ги плати ископувањата и враќањата на улиците, тротоарите и паркинзите во првобитна состојба, така и денес ЕВН раскопува и пушта електрични кабли низ улици кои воопшто не се опфатени од јавни инвестиции.
Поентата ми е дека им текнало да го одврзат кесето за да платат за ископувањата и за градежните работи.
Кристално иста беше ситуацијата и со Македонски Телеком кога ги пуштаа своите подземни цевки, па потоа низ нив подземните црева, па на крај низ нив доводните оптички кабли кај мене низ населба, ископувањата и градежните работи од почеток до крај ги заврши целосно Фибернет, без било какво шлепање врз јавна инвестиција.
Кристално иста е ситуацијата и денес кога Адра и Јуспром вршат ископувања и градежни работи за А1 Телеком низ Скопјево, повторно без било какво шлепање врз јавна инвестиција.
Така да, точно е тоа дека градот/општината/државата соработува со телекомуникациските оператори и со електричните компании секој пат кога реализира било каква јавна инвестиција на терен, но истовремено точно е и тоа дека телекомуникациските оператори и електричните компании не мораат да чекаат за да се шлепаат врз јавна инвестиција за да ги прошират своите телекомуникациски/електрични мрежи.
Грешка си, има станбени згради во кои Македонски Телеком има пуштено доводни оптички кабли со 8 влакна, а да имало повеќе од 8 станови поврзани на едно катно сандаче. Токму поради ваквиот лапсуз, имаат пуштено по два доводни оптички кабли со по 8 влакна во едно исто катно сандаче - очигледно немале доводен оптички кабел со 12 влакна, па затоа пуштиле два доводни оптички кабли со по 8 влакна, доброто е во тоа што ќе останат резервни влакна.Тоа што си го опишал дека има 8 станови, а оставаат 12 влакна е бидејќи каблите што се користат имаат најчесто 12 влакна по туба, операција на туба ретко кој работи во дравава и најчесто ја сечат целата и ги лепат само тие влакна што им требаат (4те стојат тука оти не се исплати да ги лепат за спратот погоре, ем ќе мешаат 2 туби на еден кат, ем имаат дупло лепење на претходниот кат).
Тогаш те молам објасни како и зошто во повеќе скопски населби - не само во Центар каде што се обидуваат да се ослободат од бандерите, туку и во други населби - Македонски Телеком, а и А1 Телеком, имаат пуштено подземни туби веднаш до самите влезови на некои куќи ?Околу подземна/надземна, некогаш и самите општини му налагаат да градат одреден тип на мрежа, а некогаш е поради X причини и процена на самите проектанти/проект менаџери.
До зградите треба да стигаат по правилникот на АЕК со подземна инсталација, а до куќите ќе си остане воздушно, така е и во остатокот од светот не само кај нас.
Зошто се замарале со фрлање на пари за ископување на цели улици и тротоари само за да пуштат црево или туба до капијата или до влезот на секоја куќа на таа улица, кога полесно е да се оди преку бандера ?
Во мојата населба има улица со повеќе продавници и тука се практикуваше да се пушта бакарна инсталација преку бандера, но кога Фибернет ги пушташе подземните цевки, подземните црева и доводните оптички кабли на Македонски Телеком низ населбата, до секоја продавница оставија подземна туба. Истото го направија и кај малкуте куќи кои останаа во населбата - иако има бандери, сепак донесоа подземни туби до куќите.
Очигледно му поминал животниот век на тоа правило дека до куќа се оди преку бандера, не само кај нас, туку и во остатокот од светот.
Лично имам видено во Чаир на булевар Христијан Тодоровски Карпош станбени згради во кои Македонски Телеком уште од поодамна има пуштано бакарни инсталации преку бандера - преку бандера во станбена зграда - а за жал и денес го практикуваат истото со оптички инсталации преку бандера во станбена зграда. А веднаш до влезот на станбената зграда има ормарче од А1 Телеком со празни подземни црева низ кои допрва ќе бидат пуштани доводни коаксијални и оптички кабли. Ова го имам забележано кај повеќе станбени згради на булевар Христијан Тодоровски Карпош, да не испадне дека станува збор за некаков редок исклучок.
На мене лудоста воопшто не ми делува нормална, но мислам дека телекомуникациските оператори ја имаат прифатено лудоста како нормална.
Последно уредено: