@Dexter26
Уште да кажеше дека сплајсувањето на оптика не е ракетна наука, туку дека се врши со скапа мобилна опрема голема како кутија за чевли. И е претежно лесно, само ти треба трпеливост.
Точно, гола вода е кај крајниот корисник, ама алатот не е баш евтин, барем за мојот џеб лично. Но оптичките кабли треба да поминат долг пат додека да пристигнат кај крајниот корисник, а и опремата потребна за таквото поврзување на каблите низ истиот тој долг пат не е баш евтина.
Но Македонски Телеком поминува низ трансформација изминативе 4 години, а целта на таа трансформација е отпуштање на што е можно повеќе вработени во одделите за техничка поддршка.
Веќе во некои региони низ Македонија, како што се Дебар и Струга, нема повеќе вработени на Македонски Телеком во одделите за техничка поддршка, туку телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком ја одржуваат локални приватни фирми.
Еве го најновиот пример.
https://www.nabavki.telekom.mk/default.aspx?idpage=57&IDTender=79
Преглед на тендери
Информации
Име на тенедер: Барање за изразување на интерес Бр.КЈВ 2207/2016
Дата на објавување на тендер: 22.07.2016 00:00
Краен рок за поднесување на понуда: 31.08.2016 00:00
Превземи документ: Превземи документ
Предмет:
Продажба на следните недвижности во сопственост на Македонски Телеком АД – Скопје:
1. Комплекс Маџари во Скопје – локација ул. Перо Наков бб, вкупна квадратура 8637 м2
2. Одморалиште во Дојран - локација ул. Маршал Тито, Стар Дојран, вкупна квадратура 894 м2
3. Одморалиште во Пелистер - локација Лозје, Магарево (Пелистер), вкупна квадратура 368 м2
4. Одморалиште Маврови Анови – локација Маврови Анови , вкупна квадратура 1676 м2
5. Деловен објект во Струга - локација ул. Маршал Тито број 1 – Б4, вкупна квадартура 87 м2
6. Административно технолошки објект во Виница - локација ул. Браќа Миладинови број 11, вкупна квадратура 571 м2
7. Административно технолошки објект во Делчево – локација ул. М.Милевски Брицо бб, вкупна квадратура 513 м2
8. Административно технолошки објект во Велес – локација ул. Благој Ѓорев број 1, вкупна квадратура 2380 м2
9. Објект Суви Лаки локација Суви Лаки, вкупна квадратура 30 м2
10. Стопански двор Кленоец – локација Кленоец бб , вкупна квадратура 501 м2
Откако Македонски Телеком потпиша партнерски договор со Ериксон летото 2016, од јули 2016 па наваму Ериксон е задолжен за проширување и одржување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Во регионите каде што Македонски Телеком ги продава административно-технолошките објекти нема повеќе вработени на Македонски Телеком во одделите за техничка поддршка, туку телекомуникациската мрежа во тие населени места ја одржува Ериксон или некоја локална фирма ангажирана од Ериксон. Можеби телефонскиот оператор на кого ќе му пријавиш дефект работи за Македонски Телеком, но мајсторите кои ќе дојдат за да го отстранат дефектот работат за некоја локална фирма ангажирана од Ериксон.
Ова за продажба на комплекс Маџари не знам за што станува збор, но чаршиските муабети во фирмите кои ја одржуваат телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком, а кои се ангажирани од Ериксон, се` дека Македонски Телеком планира да ги спои одделот за техничка поддршка од Сингелиќ, Ченто и Маџари, со одделот за техничка поддршка од Чаир, Шуто Оризари, Бутел, Визбегово, Скопје Север, односно Скопска Црна Гора.
Ова во превод значи дека ако си корисник на услугите на Македонски Телеком во Сингелиќ, Ченто, Маџари, Хиподром, Илинден и останатите населби од тој реон, ќе мораш да одиш дури до центарот за техничка поддршка на Македонски Телеком во Чаир за да ти заменат неисправен рутер или рисивер, наместо во центарот за техничка поддршка во Сингелиќ како што е сега, освен ако планираш да ги чекаш екипите за техничка поддршка кои поради преоптовареност со работа, можеби ќе дојдат дури после неколку недели. Ова сепак е чаршиски муабет, но огласот за продажба на комплексот во Маџари му дава смисла на ваквиот чаршиски муабет.
Повеќе од очигледно е дека планираат да им натоварат што е можно повеќе работни обврски на вработените во техничка поддршка за да им оневозможат да работат брзо и ефикасно, а сето тоа со цел да имаат оправдание зошто да ги отпуштат и да му го препуштат на Ериксон целосното одржување на телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком.
За жал, токму како резултат на македонската анти-инфраструктура која владее низ улиците и патиштата, како и благодарејќи на ваквата трансформација на Македонски Телеком, проширувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа се одвива со бавна брзина и тешко дека ќе се забрза во блиска иднина.
Но тука е и слабата заинтересираност кај корисниците - колку повеќе постоечки корисници или идни корисници ќе поднесат барања за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, толку побрзо ќе бидат поврзани, во спротивно нема да бидат приоритет.
Еве баш во мојата населба Фибернет МК - ангажиран од Ериксон - ги раскопа улиците и тротоарите минатово лето 2016 и ги пушти оптичките кабли, започнаа некаде кон крајот на јуни 2016, а завршија кон крајот на август 2016.
Конкретно за Фибернет МК, морам да ги пофалам дека се брзи со пуштањето на цевките и цревата, ако не истиот ден кога ќе го/ја раскопаат тротоарот/улицата, тогаш веќе наредниот ден завршуваат и го/ја оставаат тротоарот/улицата ист(а) каков/каква што бил(а) пред да го/ја раскопаат, ако не и подобро - па морам да ги пофалам дека во мојата населба дури и почист го оставија тротоарот, останаа траги на нечист тротоар таму каде што не копаа, таму каде што копаа остана чист тротоар цел месец, а целата работа на тротоар по должина од половина километар или километар ја завршуваат за помалку од 48 часа. Е сега, на улица секако дека им е потешко, бидејќи мораат да остават достапен премин за возилата, па таму вообичаено ја завршуваат работата за 3 дена, односно за 72 часа.
Но и покрај тоа што речиси целата населба ја покрија со оптичка телекомуникациска мрежа и речиси сите станбени и деловни објекти сега се приклучени на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, токму во мојата зграда - која е голема, ги има над 10 ката и над 50 станови - поради слаб интерес, оптичкиот кабел си дреме надвор пред влез, без ормар и не делува како да ќе биде поврзана зградата со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во блиска иднина, од наједноставна причина - станарите не сакаат да плаќаат поскапи месечни сметки за фиксен телефон, Интернет и телевизија.
За волја на вистината, и јас не сум заинтересиран за оптичките телекомуникациски услуги на Македонски Телеком, токму поради високите цени. Имам задоволителна телевизиска, телефонска и Интернет услуга од Вип, односно поранешен Кејблтел/Близо, начекав посебна понуда за претплата и тоа без обврзувачки договор неколку недели пред да ги спојат Вип, Оне и Близо и засега сум задоволен, а бидејќи ја начекав посебната понуда без обврзувачки договор, можам да го баталам Вип кога сакам.
Но откако Иво Ивановски си ја заработи својата нова работна позиција како директор на Вип, односно Телеком Австрија во Бугарија, со тоа што успеа да издејствува нелегално да се спојат Вип и Оне - што е во целост спротивно на законот за заштита на конкуренцијата, од телекомуникациски триопол се уназадивме кон телекомуникациски дуопол и сега не` дупат во здрав мозок со повисоки цени за истата услуга.