Испадна ова со определувањето на песимизам/оптимизам статусот многу релативна работа, според начинот на кој ги дефинираме овие поими и читајќи ја темата, а и други слични забележав различни ставови на форумџиите (машки и женски род) во врска со значењето на овие поими.
Некои сметаат дека оптимистот е залетан будала (условно) кој не поседува свест нити осет за реалноста околу него, па се одлучуваат за варијантата реалист , бидејќи не мрчат колку и нивниот другар во школската клупа.
Други мислат дека песимистите се луге кои сепак не се под депресија како што тврдат (напротив се многу успешни) ама ете се подготвени и на најлошото и секогаш во втор план ја имаат и оваа варијанта (познавам една ваква личност), всушност е многу успешен човек, ама пак цело време шири негативна енергија и ги труе другите.
Други кажуваат дека некогаш се песимисти некогаш се оптимисти (што и не е некој одговор на темата, нАли) бидејќи се бара да се каже суштинска определба и статус во досегшниот животен век (а, не моментално расположение или какви сме биле во пубертетот.
Уште еден одговор (што ако бев наставничка ќе го пречкртав со црвеното стилце) е оној според кој ние сме оптимисти спрема другите, а не спрема себе-определбата (добро ова беше шега на некои форумџии) и нема да го земам во предвид.
~Сакам да кажам ќе дефинираме ли конечно оптимизам и песимизам или ќе заглавиме вечно во теоријата на релативноста за која Ајнштајн е крив?