Омилен лик од серија? (ЧИТАЈ ПРВ ПОСТ!!!!!!!!!)

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.713
Поени од реакции
21.247
незнам кој и зашто ја избриша сликата ама еве ја пак !!!

Dr. House од истоимената серија Dr. House , ексцентричен само-деструктивен лик а од друга страна гениј од областа на медицината. Не може да се опише со зборови треба да се доживее серијата за да се разбере и ликот, човекот е гениј и досега немало слична фаца на филмското платно како Dr. House !!!

p.s. Хју Лори > останатите рандом "актери"
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Па јас ја гледам сега сликава и ништо не ми значи.
Само една(небричена битанга). А што е и кој е незнам.
Можеби е некој светски физичар а темава е за лик од некоја серија.
Значи дај опиши од која серија е и да не те бришат,и зошто е нај-добар.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148


- Џек Бауер од 24. Истрајност до даска, самиот лик преку серијата открива колкаво срање може да бидат луѓето у светов и дека и покрај големите жртви кои луѓето ко него ги принесуваат, често може да добиеш самo pat on the back, а некад ни тоа...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Sherlock Holmes (Series BBC)
Benedict Cumberbatch as Sherlock Holmes


Зошто?
Ми се чини дека најпретставителен лик за Шерлок Холмс според она како Артур Конан Дојл го има опишано во книгата(Роберт Дауни Џуниор исто одглуми феноменално, но сепак ја нема таа фаца)

Понатаму го следи логичниот ред на работите не избрзува, го гледа она што другите не го гледаат.

Вака се движеше ми се чини еден разговор помеѓу Вотсон и Холмс.
Му вика ти го виде истото што и јас разликата е што ти гледаш, но не набљудуваш кога Вотсон беше запрепастен како Холмс дошол до дотичното сознание.

П.С Еден од омилените цитати ми е негов.
"It is a capital mistake to theorize before one has data. Insensibly one begins to twist facts to suit theories, instead of theories to suit facts."
Моментално и потпис
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
незнам кој и зашто ја избриша сликата ама еве ја пак !!!

Кратко и јасно ти пише во првиот пост дека постови само со слика ќе бидат избришани. Целта е да се создаде и дискусија и да дадеш поконкретно мислење зошто ти е омилен лик.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.848
Поени од реакции
10.651
Jeff Bingham (Patrick Warburton) - Rules of Engagement

Гласот и сарказмот му се out of this world, емоциите се нешто непознато за него.

Shawn Spencer (James Roday) & Burton Guster (Dule Hill) - Psych

Една од подобрите фулмски двојки според мене, разговорите и начинот на кој ги решааваат проблемите им се епски.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Aaron Paul како Џеси во "Breaking Bad"

Реално имам премногу драги ликови, од сите моментални серии кои ги гледам можам до издвојам до 2-ца врвни актери и ликови. Предобро изградени ликови и тешко е да се одвои - но еве како еден од помладите надежи на моменталната телевизиска сцена и еден од појаките ликови дефинитивно Џеси. Арон е врвен актер, многупати докажа во серијата, неговите пцовки се уникални и незаменливи, сцената кога седеше на вечера кај Волтер дома заедно со Скајлер би ја издвоил како една од најгенијалните EVER. Не би можел да замислам како ќе заврши неговиот лик во серијава, единствено што можам да посакам е да го гледам после оваа улога во друга квалитетна серија. That's all.

 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
2 страни поминаа, а никој не го спомна Чендлер...?

Еден од ликовите кој го донесе хуморот на ниво кое што е денес.

Слика неможам да ви ставам, у лејзи чер сум.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Сега по темава.
Во некое друго наше и мое време,си гледавме ТВ серии,кога и ТВ-то беше единствена домашна разонода,го немаше ова што го има и денес. А и тоа ТВ-беше со програма наполнета со емисии од големата држава посебно долги години само од Авала,бидеиќи и други студија почнаа подоцна околу 70-ите години.
Е ама имаше одлични серии,кои се гледаа фамилијарно,цела фамилија од неколку генерации,а и така тогаш се живееше заеднички и во слога да не речам се слушаше и почитуваше гласот на најстариот. А ТВ беше едно во домот, но пред тоа и не беше така,на пример пред земјотресот беше едно или две на таа улица во малоото.
И се сеќавам дека се збиравме во дворовите да гледаме некоја каубојска серија,или комшијата ќе го ставеше ТВ-то свртено на џамот на надвор (Дилижанса-Бонанца)
Веќе во 1969 можам да речам дека имаше ТВ скоро во секој дом.
Сега за сериите.
Миодраг Петрович - Чкаља. Тој ми е најомилен лик од сите ликови и сите серии.
Роден глумец, како да речеме нашиот 5-ре, кои биле и створени за тоа да бидат.
Сме се смееле сите на тие серии кај што игра Чкаља, и дедо ми, и татко ми и јас.
Можеби некои од помладиве го паметат по некои улоги и од некои филмови, или
во серијата „Камионџии“ со исто така добриот,стариот Павле.
Но во почеток имаше серии и на кои не се сеќавам на името а беа и со Цуле.
Би препорачал да се погледат неговите квалитети во деловите од филмовите со познатата пеачка Силвана Арменулич-кога вели..То Радо то и крши чаши.
--------------------------
Воопшто не ми се познати ликовите од првата страна,освен онаа со Нацистите.
А за Рене го имам истиот комплимент,многу сум ја сакал оваа серија.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Jerremy Brett како Шерлок Холмс. Растур направи во авантурите на Шерлок Холмс. Перфектна глума спрема описот на Дојл во книгата. Воедно серијата е страшно сработена. Инспирација е човеков за многу Шерлоковци или слични детективи :)

 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Уште никој го нема спомнато Барни... аманте бе луѓе.
Значи Barney Stinson ( Neil Patrick Harris ) од How i Met Your Mother.
Едноставно е уникатен. Има добра смисла за хумор и улогата му одговара на личноста. It's going to be Legend.... wait for it......

... Dary.... LEGENDARY !
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
2 страни поминаа, а никој не го спомна Чендлер...?

Еден од ликовите кој го донесе хуморот на ниво кое што е денес.

Слика неможам да ви ставам, у лејзи чер сум.
На Бене му го оставаме. :X3:

Да си ја додадам и Клер Фишер или бунтовната ќерка од најдисфункционалното семејство што постоело!
Клер е избувлива, таа е вистински борец и не остава никого рамнодушен!
 

AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Ben Browder како John Crichton во Farscape



Поради динамиката на човечките односи која е прикажана преку него и во другите ликови (вонземјаните) во серијата. Лик преку кој во секој од суштествата кои се во контакт со него се прикажани целото виножито на "човечки" емоции, чувства и реакции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom