Омилен лик од серија? (ЧИТАЈ ПРВ ПОСТ!!!!!!!!!)

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423

Bender Bending Rodrigez

That robot is F* perfect...:vozbud:
Начин на однесување, говор... како размислува.... Нема нешто што не ми се допаѓа кај него :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Аха, пошто не читате прв пост, се надевам ќе го прочитате овој.

Следниот што после избришано мислење, ќе го напише истиот пост кој содржи само видео, слика и име на лик ќе биде перманентно баниран од темата.

И мајку му стара правете разлика меѓу ЛИК и АКТЕР. АЛ ПАЧИНО е АКТЕР, МАЈКЛ КОРЛЕОНЕ е ЛИК што го глуми АЛ ПАЧИНО.
ЃОРЃИ КОЛОЗОВ е АКТЕР, а ЦАРОТ или ЧОРБАЏИЈА се ЛИКОВИ кои ЃОРЃИ КОЛОЗОВ ги ГЛУМЕШЕ.

АМАН БРЕ ЛУЃЕ! И тие постови ќе бидат избришани, од причина што тема за најдобар/омилен македонски актер имате тука. А тема за омилен актер/ка општо имате тука.

Последен мој пост кој се однесува на правила, не се чудете после кога ќе ви снема пост или ќе бидете банирани од тема.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Веќе сте ги ставиле поголемиот дел од тие што би ги избрал :(

Larry David од Curb Your Enthusiasm

Песимист, хејтер, секогаш паѓа во незгодни ситуации...



Abed од Community

„ОМГ имам изгледано многу филмови и серии, правам референци цело време, индиферентен сум и влегувам во незгодни ситуации“



Steven од Coupling

За неговите навлегувања во рандом теми (посебно кога темата е поврзана со маж-жена споредување)



Charlie од Always Sunny

Crazy motherfucker. И другите ликови би можел да ги ставам таму. Освен Sweet Dee. Fucking bird...



Cal од Lie to Me

„ОМГ ама ги приметуам децава коа лажат абе не ми се веруе, манипулатор сум хех. А и саркастичен хејтер сум бе..“



Louie од...сегде

Не знам што да напишам. Асоцијален, хејтер, песимист, смешен, незгодни ситуации...



Phil од Modern Family
Best, coolest dad ever!



April од Parks and Rec
Е, ме мрзи веќе слики да ставам...а таман дојде 10/10 wouldbang лик
Aсоцијална, индиферентна, хејтерка, песимист, смешна...истите описи од погоре :D А и 10/10 wouldbang!



JD од Scrubs
Заради...сите карактеристики. А и другите ликови не се лоши


Клер од SFU морам да ја спомнам иако веќе е ставена зашто е еден од ретките ликови од серии/филмови што ми се свиѓал. Зашто е даркерка, хејтерка n shit...10/10 wouldbang

И сите гикови/нердови од сите серии шо ги имам гледано. Chuck, The IT Crowd, TBBT, Community...
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.901
Поени од реакции
11.238
Џејмс Соер од Лост - Во интерпретација на актерот Џош Холовеј



Хм, мило ми е што прв го постирам овој лик. Што да се каже, сите што ја гледале серијава ќе им биде јасно зошто овој лик остава толку силен впечаток.
По мене најдобриот лик од серијалот, доста комплексен и непредвидлив во постапките. Всушност ради ликов ја изгледав цела серија, не сум од тие што ги пратат сите серии што излегуваат зашто стварно се заразни сериите али еве со оваа серија се закачив и ја проследив цела.
Прва епизода случајно на А1 што ја начекав беше 6та од првата сезона, токму епизодата во која се прикажува дел од животот на Соер, пред авионската несреќа. И од таа епизода натака станувам фан на серијата Лост/Изгубени.
Ликов едноставно изобилува со харизма, најмногу со надворешниот изглед но и со дел од постапките. Немаше некој со кого не се закачи од останатите ликови во првите сезони од серијата, но според ситуацијата во кое се одвива дејството во серијата, се поставува како себичњак, дрзок неприкосновен и во конфликт со сите со кои ќе дојде во контакт. Но, по извесно време како што бидува со сите бед ес фраери се појавува девојка што ќе го омекне и ќе ја прикаже неговата помека и почовечна страна. Со интересниот тексашки акцент, хуморот - им измислува по 5-6 комични надимаци на сите ликови од серијата, често во физички конфликти навлегува за да осети болка, сакајќи да се казни себеси за свои грешки од минатото, кои ќе се дознаат подоцна во серијата. Менува расположение, гестови и гримаса во дел од секунда, тука е за пофалба самиот актер. Човек што би направил се за сопствената егзистенција, интелигентен лик да се извади од ситуација, многу снаодлив и истраен во тоа што ќе го науми. Често употребува и неетички мерки во своите начини за преживување, но одлучноста и истрајноста се особините што ми се допаѓаат највеќе кај неговиот лик.
Холовеј мислам дека завршува одлична работа тука, незнам зошто овој актер не е доволно експониран, после улогата во серијава очекував повеќе улоги за него.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Im not done.

Дебелково. Од серијата According to Jim се вика Енди. Најзабеган лик и заради него серијата ми беше и уште ми е смешна. Колку е само трапав :icon_lol:


Ликов.. Здраво да направи со влажна марама се брише. Мора да ги пипне сите стубови и да намести се перфектно. Си има и одредена влажност на воздухот кај него дома. Гледа кај што другите не можат да видат. Асоцијален, од сарказам не разбира ни р, без емоции освен кон неговата покојна жена и безпотребно ни на мравка не би згазнал. Тоа е Монк. Од серијата Монк. :)


to be continued..
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.901
Поени од реакции
11.238
Дебелково. Од серијата According to Jim се вика Енди. Најзабеган лик и заради него серијата ми беше и уште ми е смешна. Колку е само трапав :icon_lol:

Многу јако човеченце е ова, почнав да се смеам само што ми текна на појавата :pos:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.739
Поени од реакции
4.497
Tyrion Lannister - Peter Dinklage






Има веќе за него ама ќе си пишам зошто мене ми е омилен ваљда смее секој посебно.
Лик во серијата Игра На Тронови.Единствен Ланистер кој не го мразиме.
Иако е мал во раст има м*да повеќе отколку некои што се двојно повисоки.
Му даде bitch slap на Џофри.
Еден од ретките во серијата кој се истакнува со интелегенцијата на пример во контраст на брат му Џејми.
Е*е многу повеќе отколку други ликови кои имаат фаца и моќ/власт да прават растур.
Има срце на правилното место и веќе спомнато интелегенција и проникливост да надокнади за физичките недостатоци.
Има неколку цитати од него кои ми се омилени.

“My brother has his sword, King Robert has his war hammer and I have my mind...and a mind needs books as a sword needs a whetstone if it is to keep its edge. That's why I read so much Jon Snow.”
“No man threatens His Grace in the presence of the Kingsguard.”
Tyrion Lannister raised an eyebrow. “I am not threatening the king, ser, I am educating my nephew. Bronn, Timett, the next time Ser Boros opens his mouth, kill him.” The dwarf smiled.
“Now that was a threat, ser. See the difference?”
“He says that it is good luck to rub the head of a dwarf - Haldon said after an exchange with the guard in his own tongue.
Tyrion forced himself to smile at the man.
Tell him that it is even better luck to suck on a dwarf’s cock.”
П.С Има уште ама да не претерувам сега со цитати :vozbud:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Im not done.

Дебелково. Од серијата According to Jim се вика Енди. Најзабеган лик и заради него серијата ми беше и уште ми е смешна. Колку е само трапав :icon_lol:
Енди е еден од најзакон ликовите кои ги имам видено во ситком. Тој е најголемата причина што ја имам гледано серијава. И плус Грејси додека беше малечка. Какви дуели паѓаа меѓу нив двајца. :D

Јас не знам од кај да почнам на темава, ама кога сме кај ситкоми ми текна на Рис од Malcolm in the Middle. Детево е ѕверка и грев е што не продолжи со глумата. Ликот во серијата му е циркус. Глуп до даске, ем насилник, ама знае да одвали филозофија да се утепаш од смеење.



И овој ѕвер.



Стјуарт од Spin City. Манијак со тапија. :D Особено како му спушташе на Картер. Се ќе ви стане јасно после сценава. :pos:

 
G

grande-juve

Гостин

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
RocknRolaa Дјуи е моментот во Малколм.
Сега ја гледам, умирам од смеење со него:pos: Фацка е, цело време трпи, ама еднаш кога ќе добие шанса наплаќа за се шо му правеле претходно :)
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013




Клаус и Дејмон oд The Vampire Diaries, и Dean Wincester од Supernatural, омилени ми се поради нивниот саркастичен хумор. Онака ептен се засмевам кога ќе тропнат некоја глупост.




Charlie oд Numbers, и Da Vinci од Da Vinci's Demons. Пошто за секој проблем имаат решение. Ако е nerd некој, во било која серија, автоматски ми е омилен.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Andy Whitfield - Spartacus


Најтазе Спартакус влезе во листата на мои омилени ликови. Значи Спартакус помести цел еден свет заради личноста која ја сака и болката. Љубовта и болката за него беа се. Има една сцена кога застанува пред Батиатус и го прашува - колку луѓе би убил за да бидеш повторно со обединет со твојата жена, сто, илјада? Спартакус беше првично воден од желбата за одмазда, но подоцна се бореше за една поголема кауза, која го смени и Криксус (тука и Криксус го ставам во омилените ликови затоа што веруваше до крај). Многу се поврзав за Енди Витфилд и неговата борба. Секој човек нели, измислен или реален има своја битка за водење. И во двете се бореше до крај, со цела сила. Такви луѓе го помрднале светот од тапкање во место.

Kyle Maclahlan - Agent Dale Cooper


Мојот омилен агент. Дејл Купер беше се она што не беа другите. Имаше несвојствени методи на истражување, се водеше според некоја поголема сила и според своите соништа. За него и кафето и питата беа од некој друг свет. Им даваше значење на сите работи затоа што сепак не се чувствуваше како да припаѓа тука, копнееше по нешто поголемо, по некој знак. Агентот Купер во секој случај е уникатен линк, Монк, Кал Лајтман и Хорацио Кејн можат вода да му носат.

Peter Krause - Nate Fisher


Не сакав да се повторувам со другите затоа што горе долу истите ликови се вртат, но морам да го дуплирам мислењето на Hank Moody и да се надоврзам. Нејт Фишер е можеби мојот најомилен лик на сите времиња. Светот нема никогаш повеќе да претстави лик ни приближно сличен како Нејт. Кога ја гледав Сикс Фит Андр ги сакав отприлика сите ликови, размислував и ги анализирав сите, но Нејт ми беше над сите. Не беше ни приближно совршен, не ни пробуваше да биде. Само сакаше да го најде своето место под небото. Правеше многу грешки, но се жртвуваше за работите кои ги сака. Филозофијата на Нејт е добра да се чита/гледа одвреме навреме преку цитати на гугл или сцени на јутуб. Сцената кога ја закопува жена си затоа што тоа и било последна желба не може да ја одглуми и одработи никој друг. Сцената со Клер на гробот и listen to the static, трчањето и цитатот "You can't take a picture of this, it's already gone", караницата меѓу него и Бренда кога ќе дознае дека приказната што ја пишуваше во лап топот е всушност вистинита. Тие се тие работи кои никогаш нема да се повторат. Јас се враќам да ги ѕирнам од време на време ама уште немам собрано сила да ја изгледам серијата повторно. Мислам, не ни можам да се форсирам. СФУ ја изгледав пред две лета и можам да ја кажам најискрено онаа "ми го смени животот". Буквално, како никоја друга серија. Тенк ју Нејт.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Mike Delfino од Desperate Housewifes


fearless... најопасен лик во Вистерија Лејн, добар пријател, татко, маж, помагаше на секој, штета баш ради тоа помагање прими куршум во градите.

и

Чарли Харпер од Two and a Half men



Што да се каже за овој лик, освен дека го живее сонот на секој маж... секој ден со друг жена :D
 
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
http://tvmedia.ign.com/tv/image/article/725/725268/tony-hale-20060811032540710.jpg
Тони Хејл кој го глуми Бастер Блут во Арестед Девелопмент.
Типот кој го глуми пореметениот брат на главниот лик Мајкл. Човекот е сам по себе појава, многу позитивен, интересен
и забавен. Ретко пцуе, но кога пцуе неможеш да го запреш. Едноставно незаборавлив лик.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
RocknRolaa Дјуи е моментот во Малколм.
Сега ја гледам, умирам од смеење со него:pos: Фацка е, цело време трпи, ама еднаш кога ќе добие шанса наплаќа за се шо му правеле претходно :)

Да, Дуи и Рис се луѓето. Макар што ако морам да изберам го бирам Рис. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom