Омилен лик од серија? (ЧИТАЈ ПРВ ПОСТ!!!!!!!!!)

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.321
Јас ќе одам со двајца од најомилените.

Рендал Винстон, градоначалникот на Њу Јорк - Spin City

:pos::pos:

Само кога ќе се потсетам дека постои ликов и нешто во мене одма ме прави среќен. :) Човеков ти е измислен за улогата. Висок, строен, авторитетен на изглед - прав политичар ко што го доликува. Ама ко ќе видиш која цепеница е, доволни се две сцени да го засакаш. :D Во Spin City цел тим, цела актерска екипа како целина беа тотално погодени. И после Мајкл серијата остана на тоа високо ниво на кое што беше, секако благодарение на тимот. Ги спомнав сите, но дефинитивно некој што најмногу ме смее и расположува и ден денес е толку овој човек. Па како само наивно влегува во сплетки, па како сплетките после тоа го заобиколуваат на сите можни начини и сите ''страдаат'' освен тој, е тоа е уметност.:pos: Секоја чест на актерот, и на тој што го измисли ликов.



Секако дека имам уште релативно многу омилени ликови од серии, но доста се за сега.

Koга сме веке кај ликови на јавна функција....

Leslie Nielsen
Президент оф ЈУ - ЕС - ЕЈ у Скери Муви 3
Самата појава првин како незаинтересирана личност што нагло се претвора во најголем паникаш...Прајслесс ,а како второ целиот болд од горе важи и за овој...Не смее да се заборави и во Дракула,Гол Пиштол и Има ли пилот во авионот....:D
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Гледам, умре темава начисто па да ја оживеам мале. ги нема никој овие постирано мислам, а мене ми се едни од поомилените.

Minka Kelly



Во Алмост Хуман ја гледам, одлична актерка, млада е и има време да се докажува. Глумите и се претерано добри и има совршено тело. Во Алмост Хуман ја глуми Валерија Стал и е детективка.

Judy Greer



Ја знам уште од Дваипол Мажи кога глумеше, праеше совршено добри фаци на глупостите на Чарли. Сега видов дека таа ја толкува и Cherly Tunt во Арчер, па еве причина повеќе за да да ми биде поомилена :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Гледам, умре темава начисто па да ја оживеам мале. ги нема никој овие постирано мислам, а мене ми се едни од поомилените.

Minka Kelly


Во Алмост Хуман ја гледам, одлична актерка, млада е и има време да се докажува. Глумите и се претерано добри и има совршено тело. Во Алмост Хуман ја глуми Валерија Стал и е детективка.

Judy Greer

Ја знам уште од Дваипол Мажи кога глумеше, праеше совршено добри фаци на глупостите на Чарли. Сега видов дека таа ја толкува и Cherly Tunt во Арчер, па еве причина повеќе за да да ми биде поомилена :)
Мислам дека малце си ја утнал темава, ти тука зборуваш за актерките и како тие глумат, поентата на темиве е исклучително за ЛИКОВИ од серии. Значи зборуваме за ликот, карактерот на ликот, ситуациите со кои се соочува самиот ЛИК и како ги надминува итн., не за актерите кои ги глумат. :)
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Vic Mackey Anti-Hero

good cop and bad cop left for the day!





 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Муриљо Беницио како Едуардо Фонтана ДОДИ во AFAVORITA одеше серијава на Сител до пред некое време
На типов буквално к*р му е двор му е го интересираат само жени и пари исто интересен стил имаше стегната пантолона со ептен јаки шарени кошулчиња ги носеше подотворени да му се гледат вуницата на градите :icon_mrgr:

 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Kenzi - Lost Girl (глумена од Ksenia Solo)

Кензи е најдобрата другарка на Бо. Таа е една од малкуте обични смртници кои се опкружени со натприродните Феи (меѓу кои спаѓа и нејзината најдобра другарка). Но, и покрај тоа што е слабичка (физички) и нема никакви натприродни моќи, сепак е многу храба и се спротивставува на сите оние кои и’ мислат лошо на Бо и се би направила да ја заштити. Стилот на облекување и е закон , готика најчесто. Паметна е, остроумна и знае да биде саркастична и да те насмее во моменти кога има тензија. Многу тешко им верува на луѓето, што ги прави со Бо супер пар зашто Бо премногу им верува. Секогаш е прва ако треба да се оди негде на некоја мисија. Еве ако сакате да се насмеете.

Dean Winchester - Supernatural (глумен од Jensen Ackles)

Дин и брат му Сем, се „ловци“ на натприродните суштества. Дин глуми дека не го интересира никој и ништо и се прави јак, а уствари е мекушка и се’ би направил да го заштити брат му. Исто така знае да биде смешен и да одлепи нешто. Башка е многу секси :P

Caroline Forbes - The Vampire Diaries (глумена од Candice Accolla)

На Керолајн ликот и се развива многу во текот на серијата. Али, ја одбрав нејзе зашто е најдобра другарка што може да постои. Не верувам дека постојат такви во реалниот свет денеска, ама убаво е да се надева. Се’ би направила за тие што ги сака.

Michonne - The Walking Dead (глумена од Danai Gurira)

Мишон, зашто е бедес и знае како да преживее. Да можам да бирам ако има Зомби Апокалипса, со неа би отишла.

Rebekah Mikaelson - The Originals (Claire Holt)

Ребека е една од оригиналните вампири. Стара е околу 1000 години и има искусено премногу па затоа е многу саркастична и многу тешко им верува на луѓето. На прв поглед изгледа како злобна, агресивна и без чувства. Меѓутоа, желна е да најде некој кој навистина ќе ја сака, било тоа да е доживотен партнер или другар/ка. Знае да си го спушти штитот, ама секогаш завршува така што некој и забива нож во грб, дури и нејзиниот полубрат кој неизмерно го сака и се` би направила за него. Многу реален карактер има, со многу лоша среќа. На моменти многу ми паѓа жал. И стварно заслужува да си најде некој, зашто има многу да пружи.

Shane Mccutcheon - The L Word ( глумена од Katherine Moennig)

Шејн е претставена како промискуитетна личност на почетокот на серијата која не сака да има врска. Меѓутоа после некое време наоѓа девојка во која се заљубува и има проблем со прифаќање на чувствата. Иако и понудува брак, ја остава ја остава пред олтарот затоа што не верува дека ќе и` остане верна.

Barbara June Thompson a.k.a Maw Maw - Raising Hope (глумена од Cloris Leachman)

Барбара е сенилна 86 годишна жена. Кога била млада, родила ќерка по име Луис. Луис останала трудна многу млада со Вирџинија и ја оставила на баба и` Барбара да ја чува. Вирџинија останува трудна на 15 години и има син, Џими. Џими поминува една вечер со сериски убиец и ја забременува. И така се раѓа Хоуп. Целата серија е смешна, ама Барбара одлепува најјаки ствари :pos:

Dr. Gregory House - House ( глумен од Hugh Laurie)

Хаус, саркастичен, со суров смисол за хумор, енигматичен, нарцис, атеист, обожава да омаловажува луѓе, генијален. Кој не го гледал, пропуштил многу.

Dr. Cal Lightman - Lie to me (глумен од Tim Roth)

Кол е екперт за измама. Тој може да дознае ако некој лаже (без употреба на никакви машини) туку преку читањето на микро изрази, било да се на лицето или остантите делови од телото. Тој и неговиот партнер Гилијан имаат фирма која им помага на полицијата, но и на индивидуалци, во решавање на одредени случаеви и пронаоѓање на вистината.

Tara Gregson - United Stated of Tara (глумена од Toni Collette)

Тара е сопруга и мајка, која работи како сликар на фрески. Таа си го сака семејството и се чувствува по малку виновна за начинот на кој го живеат својот живот поради неа. Тара има неколку алтер ега, иако 4 се поактивни. Незнам дали спаѓа во групава зашто технички, сите алтер ега имаат различни карактери. Ама неможев да издвојам еден :icon_lol: Нејзините алтер ега се: Т, која е 16-годишна тинејџерка; Buck, кој е машко и сака да брка женски :icon_lol:; Alice, која е домаќинка од 50-тите; Gimme, кој не е воопшто човек, туку животно; Shoshana Schoenbaum, која е психијатар; Chicken, која ја претставува 5-годишната Тара и Bryce, кој е нејзиниот полубрат и е 14-годишен социопат.

И доста е сега за сега :D

едитирано од Crazy in Love: Некои од сликите беа преголеми, затоа беа и избришани.
 
Последно уредено од модератор:

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752


Ekipa Vrvovi...Strike Back....steta so posledna sezona e slednava....
 

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
154
Поени од реакции
80

Cristina Yang M.D. Ph.D (Sandra Oh)- Grey's Anatomy
Кристина Јанг се здоби со Ph.D. од биохемија од Универзитетот Калифорнија, Беркли и M.D. од Медицинскиот Факултет од Универзитетот Стенфорд. Доста врвен специјалист, Кристина Јанг има голема љубов кон кардиоторакална хирургија, и е доста безмилосна во извршување на нејзината специјалност. Таа е најдобра пријателка со Меридит Греј, и претходно била во врска со Престон Брук, која заврши кога тој ја остави неа на денот на свадбата. Од тогаш таа започна да се гледа со Овен Хант, со кој подоцна се зема во 7 сезона. Од 9тата сезона таа отиде во посета на Мајо Клиниката во Рочестер, Минесота. Кристина се враќа во Сиетел откако нејзиниот колега и најдобар пријател Крег Томас умира во текот на извршување на една операција.
Според мене нај таинствената, но воедно и најдобрата личност во Grey's Anatomy. Освен што ја сакам по карактер, и ја обожавам и професијата како торакален(кардиоторакален) хирург. Доста груба и реалистична, никогаш нема да му се умилкува на некого за да го добие она што го сака, едноставно или ќе му пристапи на начинот таа што го сака(директен) или воопшто нема ни да се мачи да го добие. Голема штета што ја напушта серијата по 10 сезони, но сепак и самата актерка рекла дека треба да направи една мала пауза со Кристина, но ќе и биде задоволство повторно да ја толкува.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Лестер од The Wire. Само шо ја завршив 3-та сезона. Генијален човек, кој работното искуство го користи максимално. Пример ми е за професионалец во полициските води. Мирен, стабилен, секогаш сослушува и прима критики, воедно како најстар е главен мотор во сите откритија и креирање на акциите. Како што кажав, имам уште 2 сезони, но засега ми е еден од најдобрите ликови од серија. воопшто. Не знам понатаму што ќе се деси со серијата, за да кажам генерално, но не очекувам некоја промена во мислење :)

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Карим Саид од Oz.

И покрај тоа што е прикажан и изграден како носител и проповедник на исламската религија, преку Куранот, ликот е пример за вистиснко морално, етички изградено човечко битие кој со своите реакции многу добро го подучува гледачот на грешките кои ги правиме кога имаме пример некоја основа за бурно реагирање, пласирање нервоза и сличен испад, наспроти можноста да останеме трпеливи, мирни и да ја зачуваме благосостојбата и да донесеме правилна одлука. Максимална приземност, одлична логика и пронаоѓање на решенија кои предизвикуваат воодушевување кај гледачот. Голем борец за пронаоѓање на правдата и нејзино испливување покрај сите лајненици во кои се дави севкупниот амерички систем.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom