Од јуни 2013, само дигитална телевизија во Македонија

Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/93188/one_go_promovirashe_mini_boom_tv.aspx


eve nesto novo ... ama ako nekoi od ovie kanali odat FREE ...zs da plakame 190 den :)
Mini BoomTV за само 199 денари

Нов уникатен производ во Boom TV сегментот

Битола, 26.02.2013
Од 26 февруари ОНЕ го воведува Mini BoomTV, нов, уникатен производ во BoomTV сегментот, единствен на пазарот по своите карактеристики. Новиот Mini BoomTV производ е достапен по исклучително ниска претплата од само 199 денари, а истиот нуди:
  • Кристално јасна слика и превод на македонски јазик
  • Едноставна и брза инсталација
  • Можност за вклучување на пакети со дополнителни канали по избор на корисниците и
  • “Мобилност” на дигиталниот приемник, односно можност за пренесување на дигиталниот приемник од една на друга локација
Основниот Mini BoomTV содржи вкупно 16 канали, македонски и регионални и тоа: Сител, Канал 5, Телма, Алфа, Наша ТВ, Сител 3, Алсат М, Канал 5+, МТВ 1, МТВ 2, МТВ 3, DM Sat, Jugoton, RTS, OBN и RTV 21.
На основниот Mini BoomTV, корисниците имаат можност да активираат и три дополнителни пакета и тоа: Family package, Fun package и Package plus, секој достапен по цена од само 199 денари.
Family package вклучува 14 детски, забавни и документарни канали кои ги задоволуваат вкусовите на целото семејство. Fun package вклучува 8 музички, спортски, канал за возрасни и филмски канали, додека Package plus содржи вкупно 6 канали од кои, два канала за спорт, два филмски и два канала за возрасни.
Сите нови корисници на Mini BoomTV, промотивно, 30 дена од датумот на активација ќе ги следат каналите од Mini BoomTV, како и каналите од сите дополнителните пакети БЕСПЛАТНО.
По истекот на промотивниот период, доколку не биде активиран дополнителен пакет, корисникот ќе продолжи да ги гледа само основните канали од Mini BoomTV.
Оддел за односи со јавност
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
па тоа е тоа, ОНЕ сега во моментот сакаат да уловат нешто во матно, 10-тина телевизии кои се на национално ниво ќе бидат комплетно бесплатни со тоа што на некој начин ти како краен корисник треба да си обезбедиш прием на дигиталниот сигнал.тие сега сакаат да наплатат 200 денари за тоа што ќе ти обезбедат прием на уште 4-5-6 програми:)
 
Член од
31 август 2008
Мислења
499
Поени од реакции
381
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
види, 99% од целокупното население НЕМА дигитален приемник во било каков облик, дали надворешен или вграден (во новите тв) . нешто се шпекулираше дека државата ќе им обезбеди или бесплатни (не верувам) или пак по екстра цени приемници.како и да е, не би требало од 10-тина евра да коштаат истите.си го купуваш и ги гледаш СКОРО сите канали од оваа наводно екстра понуда од ONE :)
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
kaj nas sekogas se lovi vo matno...zatoa nebiva nisto :)

inace i jas potvrduvam deka se spomna negde po forumive za satelitska tv..deka drzavata vo makedonija ke dava okolu 40.000 priemnici za siromasnite za priem na dvb-t :)
po ova sto gledam na net i ne se mnogu skapi dvb-t resiverive..so ogled sto ostanuvaat posle toa vo licna sopstvenost


http://www.conrad.de/ce/de/overview/1319501/DVB-T-Receiver
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
Дигитализацијата што треба да ја направи ОНЕ,ќе почне да се реализира по 01.06.2013 во текот на летните месеци постепено бидејќи требало да се исклучат сите аналогни предаватели...Според планот за советот за радиодифузија за дигитализација,конкретно во Струга и Охрид за ОНЕ се предвидени фреквенции на кои во моментов се емитува аналоген сигнал на МРТ2,иМРТ3 што значи до 1 јуни овие фреквенции ќе се зафатени,а што се однесува до динамиката на реализацијата на дигитализацијата што ја прави ЈП.Македонска радиодифузија нема никакви информации...(типично за нив објаснување-СЕ СЕ ОДВИВА ПО ПЛАНОТ :)))

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=931E6B8C2536504F8165223562462030
 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
382
Поени од реакции
187
Не ми е јасно едно нешто, тие локални и регионални телевизии ако се одлучат да се дигитализираат ќе бидат достапни на целата територија на Р.М што би значело на пример тв вис,тера итн ќе бидат достапни и во Скопје.. или не?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не ми е јасно едно нешто, тие локални и регионални телевизии ако се одлучат да се дигитализираат ќе бидат достапни на целата територија на Р.М што би значело на пример тв вис,тера итн ќе бидат достапни и во Скопје.. или не?
Не, локалните ќе имаат можност да станат регионални (во Македониjа има 8 региона, Скопски, Полошки, Источен, Североисточен, Вардарски, Jугоисточен, Пелагониски и Jугозападен) па со тоа ќе имаат поголема териториjа на емитување, но сепак се разликуваат од националните кои имаат дозвола за покривање на цела териториjа.
 
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
kako i da e vazno e da e priemot na istite dobar za gledanje da ne se vlecat anteni kako porano za MRTV so pojacuvaci i segde zici...vo zapadnive zemji dvb-t signalot e prilicno silen vo celata drzava taka da samo so priemnik i mini antena
se dobiva odlicen priem ...
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Ме интересира кои земји од нашиве простори се дигитализирани?
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Hrvatska,Srbija a vo Bugarija vo tek e ciforvata televizija kako sto ja vikaat mislam od godinava i kaj niv ke bide :)
Србија сеуште е во процес исто како нас. Само в Хрватска (и мислам во Егејска Македонија) е завршена дигитализацијата на телевизијата.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.147
Поени од реакции
8.112
Србија сеуште е во процес исто како нас. Само в Хрватска (и мислам во Егејска Македонија) е завршена дигитализацијата на телевизијата.
Ќе можиш некако да најдиш листа на достапни Дигитални канали во северна Грција шо можи да се примат и во околината на Битола?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom