Односи Русија, Грузија, Украина...

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Misirkov, 18 април 2008.

  1. Силен

    Силен

    Член од:
    19 јули 2006
    Мислења:
    3.157
    Допаѓања:
    126
    Грешка си. Ако тоа некогаш се случи Кина и Индија ќе гледаат сеир зашто тоа најповеќе им одговара.
     
  2. Chris

    Chris

    Член од:
    4 февруари 2007
    Мислења:
    1.024
    Допаѓања:
    17
    Kako sum greska,koga i Indija i Kina imaat motiv da bidat protiv Amerikancite.Amerikancite se kopkaat okolu Iran,kadesto ke muj treba bezrezervna poddrska okolu sankcii i razni takvi gluposti od Rusija.Kolku so znam,Rusija nikogas ne se soglasila na nekoi rezolucii od UNSC okolu Iran,Kosovo,Indija i Kina.
     
  3. Heidrich

    Heidrich

    Член од:
    18 февруари 2008
    Мислења:
    2.201
    Допаѓања:
    85
    Indija nema motiv.Naprotiv sorabotuva se povekje so amerikancite ko so ke treba i rusite zatoa sto Kina e se pomokna i pomokna.A Rusija e megju prvite koi ke se najdat na udar na kinezite.
     
  4. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.498
    Допаѓања:
    1.472
    Ни Кина нема мотив. Врзани се со Америка. Постои глобална конкуренција, но не непријателска, Кина посебно пази како се однесува во Латинска Америка.

    А Индија не соработува само со Америка туку се повеќе со Израел и со Турција. Ние имаме голем интерес да оджуваме односи со Индија. Јужните цигани прво таму појдоа да лобираат против нас пред 15тина години.
     
  5. vone

    vone

    Член од:
    9 ноември 2007
    Мислења:
    9.328
    Допаѓања:
    1.327
    Русија продолжува.....

    Предупредување од Русија до Молдавија

    СОЧИ - Рускиот претседател Дмитриј Медведев вчера ја предупреди поранешна советска Молдавија да не ја повторува грузиската грешка, да се обиде да употреби сила за да врати контрола врз отцепен регион.

    Русија испрати мировници во Молдавија во почетокот на 1990-тите години за да го оконча конфликтот меѓу Кишинев и нејзиниот отцепен регион Приднестровје и се обидува да посредува договор меѓу двете страни. Приднестровје, еден од неколкуте „замрзнати конфликти“ на територијата на поранешниот Советски Сојуз, беше одраз на нерешената игра меѓу Грузија и нејзините бунтовнички региони Јужна Осетија и Абхазија се' додека тие не прераснаа во војна во почетокот на месецот.

    Русија испрати единици во Грузија за да го задушат воениот упад на Тбилиси во Јужна Осетија, а Москва истакнува дека Грузија сега ја загубила шансата некогаш да ги реинтегрира отцепените провинции.

    „Откако грузиското раководство се изгуби, како што велат тие, сите проблеми се влошија и избувна воен конфликт“, му рече Медведев на претседателот на Молдавија, Владимир Воронин. „Тоа е сериозно предупредување, предупредување за сите“, додаде тој. „И мислам дека треба и другите конфликти да ги решаваме во тој контекст“. (Ројтерс)
     
  6. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    4.164
    Допаѓања:
    1.167
    Извини колку години имаш?

    Детски муабети, Индија и Кина ќе му помгнеле на Русиве против САД.

    Инаку и Иран е против Русија во случајот со Грузија, беа вознемирени во Техеран поради акцијата во Грузија, затоа што Грузиците се смета дека се Иранско племе.
     
  7. Chris

    Chris

    Член од:
    4 февруари 2007
    Мислења:
    1.024
    Допаѓања:
    17
    E ti si greska sega:pos2::pos2: Gruzijcite NE SE Iransko pleme,tuku Osetite.Jas slusnav deka tokmu zatoa,Iran prati humanitarna pomos vo Osetija.Aj so ke kazis na ova :helou:teneke?
     
  8. Силен

    Силен

    Член од:
    19 јули 2006
    Мислења:
    3.157
    Допаѓања:
    126
    Точно е.
     
  9. HITCH

    HITCH Гостин

    еми тогај вие мислете му ја најблизу сте :pos2::pos2::smir:
     
  10. fmi

    fmi

    Член од:
    1 февруари 2007
    Мислења:
    12.134
    Допаѓања:
    1.587
    Ти кахар да немаш,винаги сме се имали со русите.
     
  11. HITCH

    HITCH Гостин

    ај некој превод на ова... се чувствувам ко да ме вреѓа нешто
    ФМИ АЈ ПОЧНИ НА МАКЕДОНСКИ ДА ПИШУВАШ НЕ МОЖАМ ВЕЌЕ ДА БАРАМ ПРЕВОД ИЛИ НА МАКЕДОНСКИ ИЛИ ИЧ НЕ ПИШУВАЈ ........
     
  12. vone

    vone

    Член од:
    9 ноември 2007
    Мислења:
    9.328
    Допаѓања:
    1.327
    Јужна Осетија бара руска воена база на својата територија

    [​IMG]
    Руските генерали соопштија дека ако нареди Кремљ, за кратко време ќе формираат бази во Ј. Осетија и во Абхазија

    Од нашиот дописник
    Бранко Влаховиќ

    МОСКВА - Само еден ден по руското признавање на независноста на новите две држави на Кавказот, како и големите прослави и повеќечасовните пукотници, претседателот на Јужна Осетија, Едуард Кокојти изјави дека ќе го повика раководството на Русија кај нив да отвори воена база. За Јужна Осетија тоа е најголема гаранција дека Грузија нема да смее повторно да тргне во воена авантура. На предлогот на Кокојти засега нема одговор од Москва, иако пред неколку дена руските генерали посочија дека ако добијат команда од Кремљ за кратко време ќе формираат бази во Јужна Осетија и во Абхазија. Јужна Осетија нема да дозволи на границата со Грузија да се појават мировници од земјите што ја вооружуваа грузиската армија.

    Ситуацијата во регионот е тешка, а доаѓањето на нови воени бродови во реонот на Грузија и Абхазија уште повеќе ја зголемува воената психоза без оглед на тоа што Американците тврдат дека тие само донесоа хуманитарна помош.

    Русија и Грузија дефинитивно ги расипаа меѓусебните односи за подолг период. Грузија ќе ги намали дипломатските односи на најниско ниво. Во амбасадата во Москва ќе остане само конзулот. За тоа какви ќе бидат дипломатските односи меѓу Грузија и Русија ќе се донесе одлука во наредните неколку дена во Тбилиси, а ќе се води сметка и за тоа дека во Русија живеат повеќе од еден милион Грузијци.

    Каков ќе биде одговорот на Русија допрва ќе се види. Без оглед на тоа дали ќе останат само конзули или не, јасно е дека Москва и Тбилиси за подолг период ги расипаа своите односи. „Со режимот на Саакашвили не сакаме да имаме никакви односи“, рече Дмитриј Медведев. Границите со Абхазија и Јужна Осетија и понатаму остануваат исти. Тоа во вторникот и средата го повторија повеќе руски политичари. Тоа значи дека барем засега не станува збор за реализација на желбите на раководствата на двете новопризнати држави да и се припојат на Русија.

    Рускиот претседател Медведев во средата во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел и објасни зошто го потпиша указот за признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија. До разговорот дојде по иницијатива на Ангела Меркел. Медведев и објасни на Меркел дека Русија има намера да ги исполни сите пет принципи кои се договорени со францускиот претседател Саркози.

    Иако Дмитриј Медведев јасно наведе дека Русија не сака нова „студена војна“ и влошување на односите со Запад, многу руски политичари, политиколози и новинари сметаат дека ќе дојде до забележително заладување на односите. Во средата неколку московски весници на насловните страници имаа песимистички наслови. Два многутиражни дневни весници „Труд“ и „Московски комсомолец“ на таа тема објавија подолги текстови. „Труд“ на цела страна имаше наслов „Студена војна - 2“ а во „Московски комсомолец“ на цела страна пишуваше „Доаѓа студената војна“.

    Претседателот Дмитриј Медведев смета дека „новата студена војна“ може да се избегне ако постои доволно „прагматизам и заемна волја“. Сега за Москва е многу важно дали ќе добие поддршка на состанокот на „Шангајската организација за соработка“ кој и официјално почна вчера но Медведев и многу претседатели во Душанбе, главниот град на Таџикистан пристигнаа веќе во средата. Членки на таа организација се Русија, Кина, Казахстан, Узбекистан, Киргизија, Таџикистан а набљудувачи се Монголија, Пакистан, Иран и Индија, додека Авганистан е гостин.

    Сите руски политичари како и претседателите на Јужна Осетија и Абхазија во вторникот и средата повторуваа дека Запад со кршењето на меѓународното право на Косово и одземањето на дел од територијата на Србија направи преседан кој го искористија двата народи на Кавказот, а по тој пат ќе тргнат и во други делови на светот.

    Рускиот претседател Дмитриј Медведев кој по образование е правник подетално објасни пред највлијателните ТВ канали зошто признавањето на Косово им даде право и на другите народи по истата формула да ги остварат своите желби. Тој изјави дека Русија во последните 17 години се обидуваше на секој начин да помогне да се воспостави територијалната целовитост на Грузија. „Дури и по меѓународното признавање на Косово ние не дававме изјави за Јужна Осетија и Абхазија. Но, бевме присилени да ги признаеме кога се пролеа крв“, објасни Медведев.

    Во интервјуто за Си-Ен-Ен Медведев изјави дека на Запад постојано повторуваат дека Косово е посебен случај. „Ве молам погледнете па и Абхазија и Јужна Осетија се посебни случаи. Во таква ситуација ние одлучивме да ги признаеме како независни држави“, истакна Медведев.

    На прашањето од американскиот новинар дали Русија примени двојни стандарди кога ги призна Абхазија и Јужна Осетија, бидејќи претходно беше против признавањето на Косово, бидејќи со тоа се кршеше меѓународното право, Медведев беше јасен: „Не го прекршивме меѓународното право и не применивме двојни стандарди. Сакам да обрнете внимание на тоа дека секоја држава има право да признае или не некоја држава. Според наше мислење таа ситуација која беше на Косово не даваше доволно основи за негово признавање како субјект во меѓународното право. Нашата позиција не ја делеа сите и значаен број на земји го признаа Косово како самостојна држава. Што се однесува до Грузија според наше видување 17 години спроведуваа етнички чистки, а имаше и случаи на геноцид на територијата на Јужна Осетија и Абхазија. Затоа се одлучивме да ги признаеме како независни држави. Во повеќе наврати ни зборуваа дека Косово е посебен случај, како што велат правниците ’касус сиу генерис’. Добро ако Косово е посебен случај тогаш Јужна Осетија и Абхазија се посебен случај“, додаде Медведев
     
  13. zoki_com

    zoki_com

    Член од:
    16 септември 2007
    Мислења:
    1.457
    Допаѓања:
    253
    Ве молам погледнете па и Абхазија и Јужна Осетија се посебни случаи

    taka e sega i Mk ce bide poseben slucaj jas ne gledam nekoja razlika sakaat bracata da se otcepat poseben slucaj sto ce pravis :) (steta za tie sto samo bezveze ce zaginat za nisto )
     
  14. fmi

    fmi

    Член од:
    1 февруари 2007
    Мислења:
    12.134
    Допаѓања:
    1.587
    Е Толкова можам,това имам на тастатурата това права.Другите штом ме разбират.... Надевам се след превода да не те вреѓа нешто :)
    Речено по друг начин-Ние винаги сме били во добри односи со русите.Немаj гаjле за нас.
     
  15. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.498
    Допаѓања:
    1.472
    Путин вчера изјави има индикации дека Американци биле во редовите на грузиската армија околу Осетија. Ако било точно, според Путин, тоа ќе било “многу лошо’’. Истовремено, Русија забрани извоз од 19 американски производители на пилешко месо.
     

Сподели преку: