Односи Русија, Грузија, Украина...

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Misirkov, 18 април 2008.

  1. vone

    vone

    Член од:
    9 ноември 2007
    Мислења:
    9.328
    Допаѓања:
    1.327
    Украинците се плашат од распаѓање на земјата

    МОСКВА - Околу 40 отсто од граѓаните на Украина се плашат од раскол во земјата, а дури 76 отсто се плашат дека би можело да дојде до голема економска криза. Тие загрижувачки резултати од најновото истражување што го спроведе Киевскиот меѓународен социолошки институт - од 1 д 8 септември - покажуваат каква атмосфера во државата создаде жестокиот судир без крај меѓу претседателот Виктор Јушченко и премиерката Јулија Тимошенко.

    На сите испитаници им беше поставено прашањето: кои се трите најголеми опасности за Украина? Покрај веќе двата споменати одговора, 25 отсто од анкетираните Украинци се плашат од губење на суверенитетот од страна на Запад. На ранг-листата на стравови на четврто место е целосна концентрација на власта во рацете на една политичка сила, потоа импичмент на претседателот, па дури потоа опасноста од Русија. Четириесет отсто Украинци сметаат дека претседателот Јушченко го одредува курсот по кој се движи Украина.

    Судирот меѓу Јушченко и Тимошенко се' повеќе добива карактеристики на голема шоу-програма која едните ги забавува, а другите ги плаши. Никаде на светот не постои премиер на власт кого претседателот го обвинува дека е државен непријател.

    Вчера Јулија Тимошенко точно во 10 часот пристигна во Државното обвинителство каде што разговараше со иследниците за труењето на Виктор Јушченко пред четири години.

    „Ако претседателот сака, секое утро пред работа можам да доаѓам во обвинителството. Кога човекот кого претседателот на државата го смета за конкурент на изборите го обвинуваат за национално предавство, шпионажа во полза на Кремљ, а сега и за труењето на Јушченко, тоа веќе не може да се коментира“, рече Јулија Тимошенко. Ова е втор пат да ја повикуваат Тимошенко на разговор околу труењето на Виктор Јушченко, иако таа е најзаслужна за победата на Портокаловата револуција и доаѓањето на Јушченко на претседателска функција. (Б.В.)
     
  2. cige

    cige

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    4.455
    Допаѓања:
    1.624
    Чомски се повикува на работата на експертот за Русија, Ричард Сакви, кој наведе дека изворите на сегашната криза во односите меѓу Русија и НАТО одат дури до распаѓањето на Советскиот сојуз. Тој потсетува дека постојат два концепти на обединување на земјите. Едната од нив е поврзана со ширењето на Европа, во чие средиште треба да се наоѓа Европската унија, која би се приклучила кон евроатлантската заедница. Другиот концепт е поврзан со обединување на земјите во „голема континентална Европа“, која би се простирала од Лисабон до Владивосток.
     
    На concrete му/ѝ се допаѓа ова.
  3. concrete

    concrete alte Esel

    Член од:
    22 март 2005
    Мислења:
    12.262
    Допаѓања:
    1.684
    .....генезата е нешто пред тоа.., датира уште од времето, но се артикулира како конкретен план во годините на Столипин за чие премиерување од 1906 до 1911 кога е убиен( сиц)..,Русија достигнува до сега историски од никого недостигнат градиент на раст ...кој е вешто прекинат со донесувањето на Ленин од Швајцарија , преку завојувана Европа од страна на Кајзеровата воена известителна служба директно.... во Петроград.....за да ја закопа.... :)
    Нема тука ништо необично , само дрчност и грамзивост .. Северниот океан и Сибир не се мал залак..за да тукутака и се остават на Русија, тоа дури и госпожа Олбрајт јасно и гласно го кажа...:):):)
     
    На Zoran MKD му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: