Не е Пирова туку морална победа.
Иначе на југот ништо ново:
Грција нема да отстапи од своите позиции
Грција не попушта. И покрај силните правни аргументи со кои Македонија ја порази во Хаг, грчките власти ја враќаат пресудата на политички терен.
Нивниот премиер Лукас Пападимос вели дека неговата Влада ќе остане на цврстите позиции и дека нема да отстапи од барањето, решението на спорот да се најде преку определување име за севкупна употреба. Тој оценува дека Атина постојано се труди да ги консолидира добрососедските односи и го подржува европскиот курс на Македонија, за разлика од Скопје кое провоцира и не придонесува за зајакнување на пријателството и на заемната доверба. За разлика од Пападимос кој не ја коментираше пресудата, за грчкото министерство за надворешни работи, одлуката на Хаг
воопшто не се однесува на разликите за името, туку таа била потврда дека проблемот треба да се реши низ преговори.
Интересно е дека според толкувањето на грчката дипломатија пресудата претставува индиректен повик до Македонија да демонстрира дух на компромис, кој ќе води до заеднички прифатливо решение..
Грчкото МНР смета дека пресудата нема да го смени начинот на кој НАТО ги носи своите одлуки, ниту ќе има влијание врз критериумите што треба да ги задоволат идните членови на Алијансата. Македонија ќе ја добие поканата за членство само доколку прашањето на името, дециден е ставот на грчкото МНР.
Лидерот на грчките националисти Јоргос Караџаферис ги обвини ПАСОК и Нова Демократија дека се виновни за тоа што Грција била ставена во непријатна позиција. Како солуција понуди референдум, на кој сите грчки граѓани би одлучувале за името на Македонија.
Среќко Поповски
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=43283