Верник човек треба да оди редовно во црква, секоја Недела задолжително на литургија, секој празник на литуиргија, но човек треба и да биде спремен за литургија, спремен во смисла на пост, па следува исповест, па причест... тоа е основата. Но нашиот народ многу малку си ја познава верата, па затоа одењето во црква најчесто се сведува на одење за Божиќ, за Велигден и чат-пат кога се има мака или пак да се истера адет во смисла на крштевка, венчавка, погреб... Литургијата е основата а таа за нашиот народ е апсолутна непознаница, се сведува на два часа измачување, стоење во место без да се разбере ниту збор, да се биде во тек. Тука треба свештениците да поработат, постојано да организираат предавања, да го учат народот на верата, да го упатат, па тогаш ке имаме и повеке верници во црквата за време на литургија, кога ке знаеме што, зошто и како одат работите, тогаш одењето во црква нема повеке да биде механичко...