Одење во црква

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.648
Поени од реакции
11.678
Во глобала се истите луѓе, само некој одат постојано, некој поретко, некој нов ќе почне да оди но некој ќе намали со интезивно одење. Ова е некое мое искуство за 3,4 месечниот период кога одев на неделна литургија.
Како да има некоја „виша математика“ бројот да биде околу некоја средна вредност, ни помалку ни повеќе...
Само зависи дали линијата на „средна вредност“ опаѓа или се држи...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.928
Поени од реакции
17.640
Како да има некоја „виша математика“ бројот да биде околу некоја средна вредност, ни помалку ни повеќе...
Само зависи дали линијата на „средна вредност“ опаѓа или се држи...
Не те сфаќам баш најдобро, што сакаш да кажеш?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.749
Поени од реакции
9.558
Не те сфаќам баш најдобро, што сакаш да кажеш?
Сака да каже дека му е досадно, па бара членови кои би му правеле лаф моабет у религија форумот каде што е он главен и одговорен :свиркам:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.648
Поени од реакции
11.678
Сака да каже дека му е досадно, па бара членови кои би му правеле лаф моабет у религија форумот каде што е он главен и одговорен :свиркам:
Уште еден член што знае подобро од мене што сакам да кажам. Се множат ваквите како... многу непријатели нешто почнувам како виртуелен лик да добивам.
Како да работам добро :)
Премногу почна да се бара од соговорниците, да знаат за своите свети книги, не да се темелат на „слушнав, ми раскажаа“ муабети... затоа, тишина сега.

Спуштаме топка, пишувајте се што знаете и како знаете за нештата... само да не биде кафански препукувања и навреди.

Одговорен да, но не сметам дека сум главен ниту сакам да сум тоа.
Сакам да кажам дека бројот на верници кои одат во храмови ниту се зголемува ниту намалува, варира околу некоја вредност од минатото... како максимум достигната вредност...
Но се мислам дека таа средна вредност опаѓа полека, незабележително бидејќи сме временски дел од тоа... во некоја иднина кога би се анализирало можеби ќе се забележи тој пад...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.749
Поени од реакции
9.558
Уште еден член што знае подобро од мене што сакам да кажам. Се множат ваквите како... многу непријатели нешто почнувам како виртуелен лик да добивам.
Како да работам добро :)
Премногу почна да се бара од соговорниците, да знаат за своите свети книги, не да се темелат на „слушнав, ми раскажаа“ муабети... затоа, тишина сега.

Одговорен да, но не сметам дека сум главен ниту сакам да сум тоа.

Сакам да кажам дека бројот на верници кои одат во храмови ниту се зголемува ниту намалува, варира околу некоја вредност од минатото... како максимум достигната вредност...
Но се мислам дека таа средна вредност опаѓа полека, незабележително бидејќи сме временски дел од тоа... во некоја иднина кога би се анализирало можеби ќе се забележи тој пад...
Јас не сум ти непријател.
Што се однесува до празни цркви, храмови, ситуацијава со вирусот е причината..нема свадби, нема венчавки, нема крштевки...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.648
Поени од реакции
11.678
Јас не сум ти непријател.
Што се однесува до празни цркви, храмови, ситуацијава со вирусот е причината..нема свадби, нема венчавки, нема крштевки...
Не знам, некој што за друг ги толкува моите мисли - не ми мисли добро :)

Не мислам дека црквите се празни заради тоа... колку што знам на фб што гледам страници поделени се фракции кои зборуваат лошо за владики и попови кои носат маски и се вакцинираат, ги сметаат за секта (иако држат високи функции во МПЦ), дека не го разбираат христијанството и се дел од земската политика која треба да ја презираат.
Фундаменталисти кои велат дека ако навистина се верува нема страв од болести - што како примери има многу во самиот нов завет на христијаните.

Така да или луѓето не веруваат вистински и одат во црква туку така па затоа ова со короната ги плаши да одат токму таму каде што нема болести заради верата или одењето во црква е само заради крштевки, свадби итн итн а не за литургии (што и да ви значи тоа вам).
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.928
Поени од реакции
17.640
Зависи што дефинираме како верници. Се согласувам со тоа дека одењето на крштевки, свадби не ке означува како верник. Но ниту одењето на литургија те прави верник ако навистина не живееш така после литургијата но сепак за мене тоа е поголем чин од останатите. За бројката не знам навистина што да ти кажам, нормално е да се намалиyва во вакво опшетсво и во ова време, иако во многу поголем број но сепак дури и џамиите се многу повеќе празни. Јас лично за мене можам да кажам дека не би се откажал од одење, последните 3 месеца пак сум надвор од Македонија и затоа сум спречен да одам, но кога ќе се вратам во Македонија и кога ќе останам засекогаш да живеам таму, па понатаму кога ќе основам семејство истото би го практикувал и понатаму. Но како што кажав, и одењето на литургија е обичен чин ако не ја сфатиш суштината.


За ова што го викаш со политиките и поделбите, не сакам да го коментирам премногу, само ќе кажам дека одредени црковни лица ја забораваат суштината на верата во секоја смисла.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.251
Поени од реакции
27.640
Pa ne moze da se postigne sekoja nedela na liturguja da ima ist broj. Nekoi luge se na rabota, nekoi ne se vo gradot. Toa voopsto ne e pokazatel.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.928
Поени од реакции
17.640
Pa ne moze da se postigne sekoja nedela na liturguja da ima ist broj. Nekoi luge se na rabota, nekoi ne se vo gradot. Toa voopsto ne e pokazatel.
Во принцип бројот е тој но баш така е као што викаш. На пример имаш луѓе кои идат и се таму 10 минути или луѓе кои пак доаѓаат покасно и последниот саат од литургијата има повеќе луѓе, сепак некој еден ден е слободен и сака да одмори тој ден. Но во принцип тие се тие луѓе што одат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom