... мене ми е жал што за празници не можам да одам во црква како што сакам да биде во мир тишина, да не сретнам познат, па да почне да ме прашува се и сешто, да се гужвам, да чекам за пред икона, да ме гурнат од лево и од десно како во автобус, а истите можеби никогаш не стапнуваат во црква кога не е празник, со што добивам дојам дека истите идат „да ги видат“ а не дека имаат потреба и да дадат причест!
...па затоа кога веќе не може да се смени и да се воспостави природен ред во црква, се сменив ЈАС!
...сега црквата ја посетувам кога нема никој во било кое време,во било кој ден, дури некогаш ниту влегувам во црква/манастир седејќи во дворот во тишина гледајќи го објектот и околината размислувајќи за многу нешта, Господ е насекаде и секогаш присутен, не само специјално за празници !
... друго што ми пречи во врска со црквата, да црковни лица со своја работна попска униформа да не речам мантија, а на нозе со патики или гумени чизми, возејќи автомобил, приватно влегуваат во маркет, пазар во болница?? не личи, не личи... ,, доброо зошто вака со мантија без да се покриеш со нешто палто или некоја наметка, ако веќе не смееш да ја соблечеш?...аааа ако ме видат вака со мантија нема да ме казнат кога возам, на пазар ќе ми дадат бадијала или ич не плаќам
...и друго што сум многу револтирана дека и во манастирот и црква има мое, твое, а ничије е- народно е!
сакав да влезам во црквата што се наоѓа внатре во манастирски комплекс, немаше никој и таман сакав да влезам низ главната врата, кога обезбедувањето се нацртаа пред мене и не ме пуштија? ги молев дека намерно сум се искачила на Кале да го видам мозаикот од фрески, со богат и убав иконостас останато од веќе непостоечката црква „Св. Константин и Елена“? ма јок, не може и точка!
...црквата имало ден кога се идело?? молам, зарем е приватен посед е ова? НЕ, ама тука е манастирски комплекс резиденцијата на поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски тој и тојј!!
И? дали е негов личен имот? негов е манастирот? - НЕ ! тогаш зошто не смеам кога е ова народно да ја видам црквата „Свети Великомаченик Георгије„ за сите тука нели?
..не може! ќе си дојдеш кога треба и ми ја затворија големата врата пред нос!