Одгледување јагоди

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
И мене ме интересира каков feedback има ова. Јас мислам дека органското производство е доста исплатливо доколку се продава на купувачи кои во најкраток можен рок ја исплаќаат договорената цена(најчесто странски). Чат-пат ја загледувам емисијата фармер и има доста интересни теми, како на пример јаготките
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Исплатливо е.За почеток договарај се со некој маркети ,еве во Охрид е цената околу 100 денари/500 грама пакување свежи од берба директно во маркет.Доста луѓе го работат.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
[FONT=&quot]Незнам од каде го ископав текстот за јагодите, но малку ми е чуден! Можеби од моето непознавање или неинформираност. Имено сум слушнал, но не ми е познато што значи терминот јагода - месечарка!? За овој вид одгледување ли пишува во текстот? .... Исто така не пишува колкава инвестиција е еден пластеник од 300 м2
[/FONT]

[FONT=&quot]
[/FONT]

[FONT=&quot]НОВИОТ СИСТЕМ СО САКСИИ ВНОСЕН БИЗНИС
Бери јагоди и полни паричник [/FONT]

[FONT=&quot]Се поголема е заинтересираноста на земјоделците за новиот модел на одгледување јагоди во пластеник, во саксии од стиропор - вертикално наредени. Засега единствената производителка на јагоди во пластеникот во Кочанско, Дивна Иванова, тврди дека луѓето се интересираат за новиот модел и секојдневно доаѓаат за да се уверат како функционира во практика. - Дневно по десетина семејства од сите страни на земјава доаѓаат да се консултираат како да почнат сопствен бизнис. Голема е заинтересираноста на оние што имаат пластеници и одгледуваат домати и пиперки, па сакаат да почнат со јагоди, бидејќи слушнале дека нема толку работа како кај зеленчукот. Нема што да кријам. Јас мислам дека треба што повеќе луѓе да да произведуваат вакви квалитетни јагоди, бидејќи трговците молат за количества за извоз - Иванова. Она што ги интересира сите што доаѓаат е колку чини целата инвестиција и дали се враќаат парите, тврди производителката на јагоди. - Ако имаат пластеник пренамената за 320 квадратни метри чини околу 5.000 евра, но парите се враќаат по првата година. Втората година веќе нема никаква инвестиција. Само берба и ќар - вели Иванова. Во пластеникот на меѓуредово растојание од метар и дваесет собира 6 реда со 40 столба во должина - или 240 столба со саксии. Секој столб има по осум саксии, за што се потребни 1.920 стиропорни саксии, за чија набавка според моменталните цени се потребни околу 1.500 евра. За да се наполнат со земја, односно со тресет, се потребни 700 евра. Држачите се обични цевки од 2 метра, за чија набавка треба да се одвојат 1.350 евра. Следна исто така значајна инвестиција е набавката на садниот материјал. За квалитетен расад се трошат 1.100 евра. Останува уште 80 евра за системот за наводнување капка по капка и 200 евра за филц-фолијата која се поставува на земјата за да нема плевели во пластеникот. - Можеби изгледаат многу 5.000 евра за пластеник од 320 квадратни метри, но математиката на приходите кои веќе ги имав оваа година покажуваат дека е исплатливо. Затоа што еден корен во првата година дава најмалку 400 грама, што значи дека од еден столб би требало да се наберат 12,8 килограми јагоди, што се околу три тона од пластеник. Иако цената на стартот на бербите достигнува и по 180 денари, со просек по 100 денари од еден столб се добиваат 1.280 денари. Ова значи дека од целиот пластеник приходот првата година е околу 5.000 евра, колку и целата инвестиција. Но натаму веќе нема толку големи инвестиции. Втората година родот се зголемува на 600 грама од корен, односно 4,6 тона од пластеник, што се чисти 7.500 евра заработка - вели Иванова. Едно семејство со ангажираност само на двајца члена можат да сработат два пластеници од 320 квадратни метри. Работа во пластениците со јагоди има околу 10 месеци во просек по 4 часа на ден. Ова сведено на месечна плата во просек изнесува 440 евра вклучувајќи ги и двата неработни месеци од годината како платен одмор, иако работниот ден е со скратено работно време.[/FONT]
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
he...pari ima po svet, natalozeno do visina na treti sprat i uste rastat...............samo problemot e sto edvaj 1% lugje ima sposobnost da gi vidi, pa 1% od niv svakja sto gleda.., a dali duri i 1% od tie sto svakjaat, ne se epten tolkavi mrzi, pa pocnuvaat da gi berat..... :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ни ова баш не го сватив! Нешто за јагодите ли беше ова? Се спомнува берење!?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Немојте секогаш буквално, не беше за јагодите , туку за ИНИЦИЈАТИВАТА, размислувањето, да се работи нешто. Не само јагоди.., постојат милион можности..., но некако на ова поднебје нема иницијатива, синдромот државна работа, земај плата, нишај врата, не можат да ме платат толку малку колку малку можам јас да работам...или од другата страна....работник е стока-гази го и слично царуваат. Денес секое производство на нешто што се јаде, ако добро се обмисли и со релативно мала инвестиција...носи пари...тоа мислев. А пари наоколу има до ниво на трети спрат...:)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Ама кога ке помислиш дека треба да регистрираш фирма абе да ти се стемни, и рачунај од тие три спрата пари на крајот од арачлии тебе ке ти останат во висина со прагот :toe:
 
Совршено те разбрав Concrete :helou:само мислев дека нешто конкретно на тмата.... ќе напишеш.
 
С

сашенко

Гостин

Ова е точно, 100% се согласувам.И не само за јагодите туку и за било што како што викаш ти.Во нашава земја нема иницијатива т.е има ама оние кои ја прават си користат на големо и како што кажа ти си ја тераат таа нивната "работник е стока-гази го и слично и царуваат ".Ама народов нема да се освести, сите сакаат да им биде како во Југославија што им било и сонуваат за такво време.Све да ти биде смислено и организирано од други, ти само стани сабајле најади се отиди на работа, заврши ја и врати се дома.И на крај на месецот плата сигурна.Сега е друго време кај што мора секој сам да се бори и да ризикува и да пробува ама менталитетот на народот не е таков.Неможеме ние како Американците, тие се таква нација.Ние пред 20 години сме живлееле во заедница со други држави каде работите фунцкионирале многу поинаку и постарите генерации неможат да се одвикнат од тоа многу лесно.Барем не мнозинството.Има млади надежни луѓе кои пробуваат и тоа е добро ама мора да се зголеми бројот на таквите луѓе.Ама што да правиш кога сите сакаат економски, филозовски, правен факултет и такви слични.Може грешам со ова факултетиве ама мислам дека државата мора нешто сериозно да направи околу земјодеслкиот факултет и млади луѓе да се запишуваат што повеќе таму и да правиме кадри квалитетни и од тие факултети и да напердуваме во земјоделството.Можеби веќе и имаме, неможам јас да го знам тоа ама зборот ми е дека тоа е начинот, тоа е единствениот пат.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
јаготката последните години држи добра цена,сигурно е исплатлив бизнис и треба да се проба
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Совршено те разбрав Concrete :helou:само мислев дека нешто конкретно на тмата.... ќе напишеш.
јаготки, ко јаготки..:ги садиш..,ги заливаш, ги береш, ги продаваш....ГИ КУПУВААТ ...,ги јадат..и бараат уште.....:) проблем е што треба тоа да се сконта и да се поврзaт работите :D
...значи заработуваш и со тие пари си купуваш кошула..., а некој пак шие кошули...и тако то......
..,а у жабокречина, кога не тече водата...... се стои и се усмрдува, се распаѓа...

--- надополнето ---

Ама кога ке помислиш дека треба да регистрираш фирма абе да ти се стемни, и рачунај од тие три спрата пари на крајот од арачлии тебе ке ти останат во висина со прагот :toe:
Па тоа е тоа....и кај нишачите на врата нема ИНИЦИЈАТИВА и здраво размислување. Се заборава дека 100% арач од ништо е само НИШТО, а 5% од нешто е секогаш НЕШТО. Многу такви нешта праат голема пара.
Ама ова е Македонија земјата на лудите овци, у неа умните се будали!!! :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
јаготки, ко јаготки..:ги садиш..,ги заливаш, ги береш, ги продаваш....ГИ КУПУВААТ ...,ги јадат..и бараат уште.....:) проблем е што треба тоа да се сконта и да се поврзaт работите :D
...значи заработуваш и со тие пари си купуваш кошула..., а некој пак шие кошули...и тако то......
..,а у жабокречина, кога не тече водата...... се стои и се усмрдува, се распаѓа...

--- надополнето ---

Па тоа е тоа....и кај нишачите на врата нема ИНИЦИЈАТИВА и здраво размислување. Се заборава дека 100% арач од ништо е само НИШТО, а 5% од нешто е секогаш НЕШТО. Многу такви нешта праат голема пара.
Ама ова е Македонија земјата на лудите овци, у неа умните се будали!!! :)
Јас имам нов бизнис пакет во глава,ама немам време, ако сака некој да му ја шитнам идејата па доживотно да ми плаќа по 2000 евра месечно (y)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Колку е трајноста на јаготката? Ете го цел концепт.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
3
Поени од реакции
1
Поздрав до сите вклучени во темата

Случајно ја најдов темава и ме радува што има нешто такво.
Еве неколку мои мислења како повеке годишен одгледувач на јагоди.
Најпрвин треба да се одлучите за какво поизвоство на јагоди сте спреми (одгледување во пластеници или на отворено).
Изборот на сорта е многу важна работа (има многу сорти сите се различни во својот принос изглед мирис вкус дури и по боја издржливост)
Одгледуванјето на јагоди и не е баш така лесно како што се рекламира, но со повеке труд и работа довагате до одлични резултати)
Цената изминатите 4години беше задоволувачка но секогаш може подобро.
Доколку имате добар производ никогаш нема проблем со пласманот, од пракса можам да казам дека има недостаток на јагода на нашиот пазар.

Доколку има некој прашања слободно пишете.

Вкуси го Животот - Моја Јагода
 
Kajgana Shop

На врв Bottom