Одгледување јагоди

Член од
5 април 2012
Мислења
1
Поени од реакции
2
Здраво на сите,
Могу се израдував кога ја пронајдов темава. Oваа година решивме со моето семејство да се посветиме на одгледување на јагоди. Веќе го изградивме костурот на фолијата, земен е и најлонот... ги читав сите постари коментари но конкретно Ве молам доколку имате информации да ми дадете контакти од тоа каде може да набавиме саксии, земја и расад и по која цена се оваа година.
Контакти од одгледувачи дколку сака некој за консултација.
Веремево си поминува па се надевам дека некој за брзо ќе го прочита моево барање и ќе добијам одговор.
Мојата емаил адреса е: stojanoska.svetlana@gmail.com
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
3
Поени од реакции
1
Moja jagoda - Vkusi go zivotot zapocna so prozvodstvo na kvaliteten rasad od poveke sorti so zagarantiran kvalitet za koj sto moze da potvrdat nasite dolgogodisni sorabotnici od poveke gradovi vo makedonija.

Timot na Moja Jagoda - Vkusi go zivotot vi stoi na raspolaganje za bilo kakvi informacii, strucni soveti, konsultacii.

E-mail: mojajagoda@hotmail.com
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
3
Поени од реакции
1
Моја Јагода располага со садници - расад од следниве сорти:

- Elsanta
- Alba
- Madlene
- Qen Elisa


Моја Јагода започна со производството на садници - расад
- Цената зависи од нарачаната количината
- Садниот матерјал го добивате еден месец по закажувањето на порачката.За повеке информации посетете не на www.vkusigozivotot.tk
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Моја Јагода располага со садници - расад од следниве сорти:


- Elsanta
- Alba
- Madlene
- Qen Elisa

Моја Јагода започна со производството на садници - расад
- Цената зависи од нарачаната количината
- Садниот матерјал го добивате еден месец по закажувањето на порачката.За повеке информации посетете не на www.vkusigozivotot.tk
Герила маркетнг нема лабаво:D
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
Интересно е ова со јагодите ако имате малку земја на располагање и ако ти е блиску(да не треба да трошиш гориво за да одиш таму). Јас имам некоја холандска сорта во дворот, можам да ти кажам дека се прилично лесни за одгледување, ама треба да знаеш неколку работи:

- Бараат редовно полевање
- Неопходно е некое ѓубриво шо ќе ги поттикне на цветање( побарај на goole Maxi Bloom)
- Даваат добра количина на јаготки втората и третата година(не значи дека првата ќе бидеш без род)
- И најбитно многу лесно се размножуваат кога ќе си набавиш саден материјал

Ќе ти кажам со пример имам едно 50 коренчиња за плодови( од нив ги кинам ластарите) и имам само две растенија за размножување, ластарите од нив ги ставам во мали саксии со земјичка и после и од нив излегуваат уште ластари така да оди бесконечно до септември,од две растенија до сега сум стигнат до 30 нови :) и уште тераат. Во септември ги сечеш ластарите помеѓу растенијата и стануваат независни. Следната пролет веќе имаш род :) ако сакаш можам и слика да ставам да ги видиш.

Мој предлог би било да ја наместиш фолијата за да добиеш рано производство кое има највисока цена. мислам и дури дека нема да мораш да загреваш. Кога ќе го пласираш производството одвој неколку растенија и прави си расад за другите површини...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom