Ај да се обидам иако не знам што е чукан:
Удар е било кој допир со топката од страна на играч во игра. Тимот има право на максимум три удари за да ја врати топката, а ако се искористат повеќе удари, тимот прави грешка:" четири удари".
Тимот не смее да ја удри топката два пати последователно.
Во полето за игра, на играч не му е дозволено да биде помогнат од соиграч или од било кој објект/предмет во обид да ја удари топката. Меѓутоа, играч кој е во опасност да направи грешка може да биде фатен или задржан од играчите.
Карактеристики на ударот се:
Топката може да допре било кој дел од телото.
Топката не може да биде фатена и/или фрлена. Може да отскокне во било кој правец.
Топката може да допре различни делови од телото под услов допирите да бидат направени истовремено.
Грешки:
Четири одигрувања -тимот ја удира топката четири пати пред да ја врати;
Удар со помош - играчот има подршка од соиграч или некој овјект во овид да ја удри топката, во полето за игра;
Задржана топка - топката е фатена и/ или фрлена ;
Двоен допир - играч ја удира топката два пати последователно;
СЕРВИС е акција со која десниот играч од задната линија, кој се наоѓа во зоната за сервирање, ја уфрла топката во игра. ( имаш правила и грешки во сервис)
УДАР ВО НАПАД
Сите акции со кои се насочува топката кон противничкото поле, со исклучот на сервисот и блокот се сметаат за удар во напад. За време на овој удар, типкаљето е дозволено под услов топката да е чисто удрена и да не е фатена или влечена.
Ударот во напад е завршен во моментот кога топката потполно ја поминува вертикалната рамнина на мрежата или е допрена од противникот. ( имаш и грешки при удар во напад )
БЛОК
Блокирање е акција на играчите во близина на мрежата со која се пресретнува топката која доаѓа од противничката страна над горниот раб од мрежата, без оглед на кој висина се допира топката. Само на играчите од предната зона им е дозволено да учествуваат во блокирањето. ( имаш грешки и во блокирањето)