Струмица нов шампион на Македонија. По 20 години повторно шампиони.
Двојна круна за одбојкарите на Струмица!
24.05.2012 17:01
По цели 20 години чекање одбојкарите на Струмица оваа сезона стигнаа до својата втора шампионска титула откако со максимални 3-0 во финалната серија беа поуспешени од тимот на Синалко.
Вчера во Крушево избраниците на Кире Ричлиев славеа со 3-1 (25-23, 23-25, 25-22, 25-11) со што беше означен почетокот на шампионската прослава. Откако шампионски пехар освоија во првата одбојкарска сезона на независна Македонија, сега повторно ОК Струмица е на врвот во Македонија.
Сезонава ја одбележуваат на најдобар можен начин откако претходно ја освоија и круната во Купот на Македонија.
Мислам дека првата беше 2-3 за Струмица, втората во Струмица 3-1 и последната 3-1
Нека ме поправи некој ако грешам поздрав