Во себе имам многу мала доза на нарцисоидност ама мислам дека нема некој што ја нема затоа што уште од мали сме навикнати да слушаме: „убав/а тој/таа на мама, на тато“.
Мислам дека најбитно од се` е да се сакаме и цениме себе си, па потоа да не сакаат и ценат и другите.
Ама она претерано сакање на себе си ме нервира. Има луѓе кои се мислат дека се се` на светов, дека се најубави, најпаметни. Никој не може да биде најпаметен и најубав, поготово не ова второво затоа што се работи за вкус.
Да, од дома секогаш излегувам со огледало, но не за да се гледам и да си викам „леле колку сум убава“ туку затоа што ми треба на пр. за да се видам после јадење да не имам нешто во забите, за да си ја наместам косата ако ми штрчи некој прамен, за да си ја поправам шминката ако ми се размачкала и сл.
Дома имам огледала насекаде така да неизбежно е да се погледнам во нив. Ми се има случено да си имам речено сама на себе „еј баш добра комбинација на облека сум напраила“, „добро сум се нашминкала“, „вака косата ми е поубава“ ама да седнам и просто да се восхитувам на својата ’убавина’ НЕ!
Имам кажано за некои слики дека сум добро искочена (што стварно и ретко го кажувам) и кога некој друг ќе ми даде коплимент за нешто малку ми е незгодно, не знам како да изреагирам и кажувам едно скромно ’фала’.