За алкалоид само со врски можеш да влезеш.
Значи врски/јаки познанства ти требаат да влезеш како Обезбедување, Магационер, Дистрибутер. Иам познати доста што пробале, иам и некој што влегле. Особено на нискиве позиции. Верувај без врски највише што може е на интервју да отидеш чисто да се прошеташ. Солидни плати и одлични услови имаат, ама за влагање е премногу тешко. Пак ќе кажам, особено за нискиве позиции. Дури и за хигиеничарка да влезеш преку алкалоид а не преку фримата што им чисти ти требаат врски/познанства...
И самиот имам слушнато дека така се влегувало во Алкалоид, Макпетрол, Лукоил, АД. Европа, УСЈЕ Цементара, Скопска пивара, Орка холдинг, разни банки..... и останатите реномирани компании.
Дури и кога објавуваат тие реномирани фирми огласи за практиканство и обуки од 3-6 месеци, после завршување на траењето на праксата и обуката, најчесто се случувало да не ги вработуваат тие луѓе кои се мачеле и оделе за скор без пари оделе на пракса и обука неколку месеци, туку вработувале лица кои воопшто не оделе на пракси и обуки значи тоа се луѓе кои нашле врски за вработување во тие реномирани компании.
Пример, познавам човек кој е во АД. Европа таму час како хаус мајстор работи, час работи како општ работник, и си го зема го вработи и неговиот син таму да работи со него на истата работна позиција во АД. Европа, и самиот човек во муабет ми има мене и на многумина кажано дека во таа компанија така се влегувало на работа со врски и познанства.
Да, имам идено на интервју еднаш во една реномирана компанија, и точно како што ти самиот напиша тоа ми беше максимумот.