Огласи за вработување кои го заслужуваат вашето внимание

Член од
3 март 2020
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.361
Овие огласиве на интернет за работа испаднаа и проституција.

BARAM KUKNA POMOSNICKA

Број на оглас: 3576813 | Објавен на: 29.04.2020, 17:26
Промовирај Обнови Измени Избриши Назад

Категорија: Администрација, Канцеларија
Пол : Женско
Образование: Не е важно
Возачка дозвола: Б
Познавање на јазици: Албански
Компјутерски вештини : Не е важно

Цена: 500 €

Категорија: Вработување / Нудам работа
Вид на оглас: Се продава
baram kukna pomosnicka za odrzavanje na garsonjera i diskretno druzenje vo stroga diskrecija zza ispomos kafe varenje za pijacka od ponedelnik do petok 5 rabotni saati uslov komunikativna pozitivna privlecna atraktivna osoba dnevnica dnevno na raka 3000 den ili 50 eura do 50 god tel 079 359 096 samo seriozni koi se pronaogaat vo oglasot
Ем сака да му исчисти, ем да му прави друштво, а ако посака и секс, и тоа да е на располагање. И на крај, таа дома да си оди. Проститутка ако викне, нема да му чисти, затоа ваков оглас :D
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
1.754
Поени од реакции
3.612
Аплицирав онака, имам 2 год искуство у лабораториски анализи/индустрија и ми се јавува една од Тетово на 1.мај :D
Не е проблем шо имаш 2 год искуство дојди у Тетово интервју да ти напраиме. На 19ти мај гратис чартер лет ако поминеш интервју
Фирмата Еколог, прогуглав инфо имав шо да видам :D
Некој да се јавил?
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво на сите, нудам работа од дома, заинтересирани нека ми пишат.
 
Член од
12 август 2019
Мислења
22
Поени од реакции
99
Има некој што скоро е вработен или бил на интервју во Алкалоид?
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
853
Поени од реакции
989

И јас би сакал истото да го дознаам.
Постојано објавуваат огласи од Алкалоид на интернет страниците за работа, постојано испраќам апликации и ништо.

Кој редовно ги прати страниците за огласи за работа, ќе стекне впечаток дека Алкалоид има 100.000 вработени,бидејќи скоро секоја седмица имаат огласи за работни позиции.

ПС: имам слушнато дека со врски се примале на работа во Алкалоид, и тоа со врски и познанства се примале и оние кои работеле со средно во магацин, така било и АД Алкалоид и АД Европа.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
426
Поени од реакции
550

Убаво си пишува на огласите дека пополнуваат база на кандидати, за кога ќе им фали вработен да повикаат од веќе пријавените.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
853
Поени од реакции
989
Убаво си пишува на огласите дека пополнуваат база на кандидати, за кога ќе им фали вработен да повикаат од веќе пријавените.

Огласите кои АД Алкалоид, АД Европа и останатите пореномирани компании ги објавуваат на страницата на АВРМ никаде во тие табели не пишува дека пополнуваат база на кандидати.
Да на официјалната страница на АД Алкалоид пишува дека пополнуваат бази на кандидати, но тоа го нема да пишува во огласите кои се објавуваат на страницата на АВРМ и на некои останати страници со огласи за работни места.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
529
Поени од реакции
561

На останати страни најчесто огласите им се за пополнување база на потенцијални кандидати, единствен исклучок во блиско минато на кој се сеќавам е оглас за вработување систем админ, мрежен админ и програмер во ИТ сектор.
Огласите на АВРМ од мое искуство, се формалност односно де факто избран е вработен и фирмата само де јуре го пријавува истиот. Немам директно искуство со Алкалоид, но не верувам да се исклучок од тоа.
 
Тоа со објавување на огласи на страницата на АВРМ, и јас имам слушнато од многу пријатели и познаници дека на АВРМ огласите само фиктивно се објавуваат, односно фирмите имале најдено вработени и само поради законска процедура пуштале до АВРМ огласи.

Впрочем, досега мене ниту еден работодавач ми се нема јавено од моите апликации на огласи кои се објавиле на АВРМ страницата. А имам пуштено преку 100 апликации на таквите АВРМ огласи за работа.

На некои од огласите на АВРМ во делот забелешка и пишува: веќе е избран кандидат за работното место. Ова посебно го има на огласите од банките.
 
Оној што стварно бара работник, објавува на najdirabota и други слични страници. Потоа кога ќе го најде кандидатот, МОРА да објави на АВРМ ако го пријавува работникот. Затоа на страницата на АВРМ огласите се за веќе најдени работници
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
2.190
Поени од реакции
3.107
ПС: имам слушнато дека со врски се примале на работа во Алкалоид, и тоа со врски и познанства се примале и оние кои работеле со средно во магацин, така било и АД Алкалоид и АД Европа.
За алкалоид само со врски можеш да влезеш.
Значи врски/јаки познанства ти требаат да влезеш како Обезбедување, Магационер, Дистрибутер. Иам познати доста што пробале, иам и некој што влегле. Особено на нискиве позиции. Верувај без врски највише што може е на интервју да отидеш чисто да се прошеташ. Солидни плати и одлични услови имаат, ама за влагање е премногу тешко. Пак ќе кажам, особено за нискиве позиции. Дури и за хигиеничарка да влезеш преку алкалоид а не преку фримата што им чисти ти требаат врски/познанства...
 
И самиот имам слушнато дека така се влегувало во Алкалоид, Макпетрол, Лукоил, АД. Европа, УСЈЕ Цементара, Скопска пивара, Орка холдинг, разни банки..... и останатите реномирани компании.

Дури и кога објавуваат тие реномирани фирми огласи за практиканство и обуки од 3-6 месеци, после завршување на траењето на праксата и обуката, најчесто се случувало да не ги вработуваат тие луѓе кои се мачеле и оделе за скор без пари оделе на пракса и обука неколку месеци, туку вработувале лица кои воопшто не оделе на пракси и обуки значи тоа се луѓе кои нашле врски за вработување во тие реномирани компании.

Пример, познавам човек кој е во АД. Европа таму час како хаус мајстор работи, час работи како општ работник, и си го зема го вработи и неговиот син таму да работи со него на истата работна позиција во АД. Европа, и самиот човек во муабет ми има мене и на многумина кажано дека во таа компанија така се влегувало на работа со врски и познанства.

Да, имам идено на интервју еднаш во една реномирана компанија, и точно како што ти самиот напиша тоа ми беше максимумот.
 
Член од
1 август 2020
Мислења
33
Поени од реакции
39
Здраво ,имам 22 години ,завршив со студии и барам било каква работа освен угостителство .Секоја информација би била пожелна
Благодарам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom