Ова лето ќе се памти, со Савана сите одмори се слатки

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
@Acid

Кога почнав да читам мислев реклама им правиш :pos: :pos: :pos:

Инаку нема баш некоја дискусија, ти си во право они не се.

Ги разбирам и нив, им гори под газот(како и на цела туристичка индустрија) али вакви потези на долг рок се катастрофални.

Подобро сега да стиснеш заби и да го имаш муштеријата уште 10-20 години отколку да се осудиш на пропаст во наредните неколку години.

П.С Норвешка има инвестициски фонд од 1+ милијарда долари, а ние до вчера позајмувавме пари да исплатиме плати и пензии. :facepalm:
П.С2 Нормално е да паничиш ако немаш backup план.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.288
Поени од реакции
22.530
Барајте си ги парите назад и што побрзо пошто ќе рикнат многу агенции и авио компании. Едноставно е, ако имаат 1000-2000 муштерии како асид со земан аванс тоа се веќе многу пари... Прилично лесно е да ги префрлат на страна и да кажат дека се заглавени некаде и дека не им ги враќаат... Незнам како е во МКД ама во светот повеќето туристички агенции се сметаат за ризични фирми на пример од страна на банки и осигурателни компании зашто лесно и претежно сите перат пари и прикриваат данок со имање фирма ќерка во некој даночен рај преку кој идат уствари ангажманите...

@Acid земи што ќе ти дадат а после ти бркај ги за остатокот.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Читајќи го твојот вовед, имам впечаток дека тие воопшто немаат намера да ти ги вратат парите. Секако дека ќе ги пријавиш, а потоа најверојатно тужиш. Пари од нив ова лето тешко да добиеш.
Вакви проблеми кај нас обично се развлекуваат по институциите и многу од оштетените се откажуваат. Имам неколку пријатели кои претрпеле штета и дигнале раце.
Јас веднаш би пријавил, а би се потрудил да најдам што поголем дел од останатите, за групна тужба
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.288
Поени од реакции
22.530
Туристички агенции, агенции за размена, такви срања се организации кои однадвор се декорираат за да изгледаат колку што може поугледно, а од внатре се тежок шљам и функционираат на многу себичен начин. Тотално непрофесионално, неорганизирано и сосема спротивно на она што пробуваат да го продадат. На второ место само после телекомуникациски компании.

Последниве година-две патував често, и ниеднаш не ни помислив да идам преку некоја туристичка агенција. Букинг на авион + airbnb и раат си. Тешка превара се агенцииве, сите се исти курац. Низ светов и тоа, а камоли кај нас.

Јас така патувам со години ама тоа не значи дека си заштитен... Еве дирекно да зел лет на пример место со агенција со авио компанија ќе беше исто/слично срање. Единствено ако се правиш last minute што некогаш е добра опција ама некогаш за некој дестинации и времиња не е ни опција. Damned if you do damned if you don't е работата.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Да го продадеме аранжманот на друг турист па ќе ви ги вратиме парите, е исто како платата не ми е стигната, да ме почекаш уште некој ден :pos:

Надреална ситуација. Мене како потрошувач воошто не ме засега кому и што ќе продадат, тие имаат обврска да ме рефундираат и тука завршуваат сите приказни.

Според мене, ништо не е валидно освен договорот и тоа што пишува во него. Ако пишува дека треба да те рефундираат, пушти им пријава, не се замарај да се објаснуваш.

Никако не можам да разберам зошто уплаќате одмори преку агенции, никако...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Јас така патувам со години ама тоа не значи дека си заштитен... Еве дирекно да зел лет на пример место со агенција со авио компанија ќе беше исто/слично срање. Единствено ако се правиш last minute што некогаш е добра опција ама некогаш за некој дестинации и времиња не е ни опција. Damned if you do damned if you don't е работата.
Јас имав Airbnb и лет за Виена букирано во април, на време откажав кога почна кризата и сите пари ми ги исплатија. Исто и на девојка ми која ќе патуваше од друга држава со друга авио компанија.

Многу пофер се компании вакви со кои имаш директна трансакција отколку "аранжмани" преку скем агенцииве.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.288
Поени од реакции
22.530
Јас имав Airbnb и лет за Виена букирано во април, на време откажав кога почна кризата и сите пари ми ги исплатија. Исто и на девојка ми која ќе патуваше од друга држава со друга авио компанија.

Многу пофер се компании вакви со кои имаш директна трансакција отколку "аранжмани" преку скем агенцииве.

Airbnb секој хост си има своја процедура за откажување. Некој ќе ти задржат 10% некој нема, некој може да откажеш и добиеш пари назад до месец дена/недела дена пред да дојдеш итн... Се сложувам дека се по фер и процедурите им се црно на бело и се приджуваат ако не Airbnb ги брка од странава.

Авиокомпаниите се веќе друга приказна. Тука пак зависи дали е легаси или буџет каква карта имаш, што компанија е... Обично сите задржуваат некоја сума, мене сега ми зедоа $200 од карта али бар за неколку дена ми ги вратија парите.

Спомна Виена така да претпоставувам Аустриан или виз (братислава) ти е летот? Што карта имаше?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Airbnb секој хост си има своја процедура за откажување. Некој ќе ти задржат 10% некој нема, некој може да откажеш и добиеш пари назад до месец дена/недела дена пред да дојдеш итн... Се сложувам дека се по фер и процедурите им се црно на бело и се приджуваат ако не Airbnb ги брка од странава.

Авиокомпаниите се веќе друга приказна. Тука пак зависи дали е легаси или буџет каква карта имаш, што компанија е... Обично сите задржуваат некоја сума, мене сега ми зедоа $200 од карта али бар за неколку дена ми ги вратија парите.

Спомна Виена така да претпоставувам Аустриан или виз (братислава) ти е летот? Што карта имаше?
Затоа треба да пазиш кај букираш на Airbnb. Ја идам кај тие што имаат до две недели free cancellation. Али одамна и самата компанија направи некои посебни регулации за вирусот и имаат посебни refunds, такада супер изменаџираа све.

Картата иначе е до Будимпешта преку wizz, ми понудија 100% full refund или 120% од цената као кредит што можам да го искористам две години. Па после со flixbus од таму. Девојка ми со RyanAir од друго место, исто full refund доби.

Bottom line, туристичкиве агенции важеа у доба кај што немаше интернет и немавме пристап до поинакви можности за патување. Денес иаме 300 можности да стигнеме од локација А до локација Б, во зависност од каков тајминг, цена, начин на патување тебе ти одговара. Јас на пример сум скржаво копиле и трошам недела дена од животот дур не организирам све на најевтин можен начин :D На некој му одговара поинакво време и поинакви услови, све е достапно, треба само убаво да се расчепка и можеш да си искроиш какво сакаш патување по твој терк :)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Денес ако знаеш јазик и си технолошки писмен да си средиш патување (рентакар, букинг, аирбнб, гугл мапс, итн) не ти се потребни агенциите.

Во случајов, чим го прекршуваат договорот тогаш комотно може да им се залепи пријава. Јас искрено не би ни имала нерви да разменувам 10 мејла со нив, се гледало тоа дека се прават наудрени уште од почеток.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Денес ако знаеш јазик и си технолошки писмен да си средиш патување (рентакар, букинг, аирбнб, гугл мапс, итн) не ти се потребни агенциите.
Гледам дека во неколку наврати се обидувате да го потенцирате муабетот „не ти се потребни агенции“. Точно е, ама и не е точно. Да не беа воопшто потребни, немаше ни да постојат. Како што најверојатно знаете, немам 68 години и сум технолошки писмен. И сум користел и Booking и Airbnb во повеќе наврати. Тогаш, зошто одлучив да резервирам преку агенција?

Затоа што:
- Патувам со две мали деца;
- Сакам да одам на проверено место, без многу експерименти;
- Местото на кое сакам да одам НЕ Е ДОСТАПНО преку Booking/Airbnb или сличен сервис на интернет, туку само преку агенција :)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Кај нас секогаш мора да се мудрува. Човек ќе побара мислење, помош за одредена ситуација, двеста памети ќе му дадат, ама нема да му одговорат
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
@Acid update, те аднаа ли на Linkedin? :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Гледам дека во неколку наврати се обидувате да го потенцирате муабетот „не ти се потребни агенции“. Точно е, ама и не е точно. Да не беа воопшто потребни, немаше ни да постојат. Како што најверојатно знаете, немам 68 години и сум технолошки писмен. И сум користел и Booking и Airbnb во повеќе наврати. Тогаш, зошто одлучив да резервирам преку агенција?

Затоа што:
- Патувам со две мали деца;
- Сакам да одам на проверено место, без многу експерименти;
- Местото на кое сакам да одам НЕ Е ДОСТАПНО преку Booking/Airbnb или сличен сервис на интернет, туку само преку агенција :)
Јас се надоврзав на муабетот што се води погоре, меѓу други членови, цела страна поназад. Не ни го посочив моментот дека си технолошко неписмен ти, или било кој друг овде, за тебе се однесуваше вториот дел од мојот пост. Не гледам причина да објаснуваш нешто за кое не си прозван.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Јас се надоврзав на муабетот што се води погоре, меѓу други членови, цела страна поназад. Не ни го посочив моментот дека си технолошко неписмен ти, или било кој друг овде, за тебе се однесуваше вториот дел од мојот пост. Не гледам причина да објаснуваш нешто за кое не си прозван.
Разбирам и знам дека не ти беше целта да ме окарактеризираш како таков :)
Но, сепак сакав да се надоврзам на твојот прв дел од постот, во кој велиш дека „не ти се потребни агенции“ - со објаснување зошто некогаш, сепак, се потребни :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom