Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.206
- Поени од реакции
- 34.443
Водејќи се според познатата филозофија на Атиџе: „Пола за мене, пола за пчелите“, туристичката агенција „Савана“ од Скопје одлучи да се бори против потенцијалната финансиската криза наметната од пандемијата со COVID-19. Разликата е во тоа што во „Медена земја“ Атиџе ја враќаше едната половина за да им помогне на пчелите, а во „Банана република“ оваа туристичка агенција се обидува да го зема тоа што не е нивно – за да си помогне себеси, финансиски. За што станува збор?
По неочекуваниот сплет на околности, одлучив да ја откажам резервацијата за летниот одмор, а за да се информирам околу процедурата за откажување на аранжман и рефундирање на уплатените средства, стапив во телефонски контакт со „Савана“.
Вработениот во агенцијата (Ташко Робев) ме информираше дека од уплатениот износ, ќе бидат вратени само 50%, повикувајќи се на некакви специјални услови кои не се наведени во Општите услови за патување кои ги имам во прилог на Договорот за патување (бр. 11100) и кои не се составен дел од Условите за патување.
На моето прашање конкретно на кои услови опфатени во Договорот се повикуваат кога велат дека „сакаат да задржат 50% од износот“, добив одговор дека „тоа е наведено на интернет“ и дека било поради некаков „ран букинг“.
Каде е тука проблемот? Па, најверојатно во тоа што тие се обидуваат да ги убедат клиентите дека некаков текст објавен на нивната интернет страница (која можат да го сменат во секој момент) треба да биде поверодостоен документ од Договорот заверен од нивна страна.
Тоа би му дошло нешто какo следниот пат кога ќе резервирате двокреветно студио во Неи Пори, да си објавите „специјални услови“ на личниот Facebook профил дека сместувањето треба да биде во Хотел Хилтон, а потоа да им побарате отштета затоа што не се воделе според вашите услови објавени на вашата страница. Логика? Нема.
Да појаснам, јас никогаш не сум побарал некаков попуст за „ран букинг“, ниту пак во Договорот или на фискалната сметка е наведено дека сумата која ја плаќам е според некакви „специјални услови“ или со „попуст“.
Едноставно е, колку побарале – толку добиле.
Исто како и секогаш досега (4 години по ред).
Океј. За да не испадне дека „Операторот ми дал погрешна информација“ и дека „Сето тоа било само едно големо недоразбирање“, одлучив да постапам согласно Условите за патување кои се составен дел од Договорот за патување и да ги информирам писмено дека го откажувам патувањето и дека барам поврат на уплатените средства.
Во нивниот одговор (испратен од Ана Крстевска Каламадевска), кој содржи 4.572 карактери (и е подолг од просечен магистерски труд), јасно може да се насети обидот за преплавување со што е можно повеќе небитни информации, со цел создавање на дополнителна конфузија, без воопшто да се одговорат суштинските прашања кои ги поставив. Како на пример: „Каде во договорот се наведени тие посебни услови“ и тн. Одлична тактика. Во истиот мејл, покрај сите небитни информации, не пропуштија да ми појаснат дека согласно последната Уредба на Владата – тие ќе издавале ваучери за патувања. Но, исто така ми појаснија и дека сите летни аранжмани (како што е мојот) не се под влијание на актуелната пандемија и ќе биле „третирани согласно Општите услови за патување“ – но, парите ќе ми бидат вратени само откако ќе се продаде „мојот“ аранжман на друг турист.
За да ги информираме останатите засегнати туристи, појаснуваме дека во Уредбата на Владата јасно е наведено дека издавањето на ваучерите може да се реализира исклучиво со согласност од двете страни, односно Туристичката Агенција и патниците. Значи, ако ви „загусти“ и ви требаат пари (затоа што со ваучери не се купува храна во продавница) и не сакате да земете ваучер, агенцијата треба да ви врати вашите пари. Што му доаѓа нешто како „брат, те разбирам дека си во криза, ама и јас сум исто, па не можам да ти позајмам од моите пари“, што е сосема кокретно во ваква ситуација
Ова, не само што е спротивно сите фер, етички, правни и владини уредби (и кажување на едно големо „факју“ за сите склучени договори) туку е и свесно одолговлекување за побараната рефундација на средствата („ако се продаде – ќе ви вратиме пари“).
По нивниот последен мејл, во кој повторно одбија да одговорат кога и колку од средствата ќе бидат повратени, тие само кратко напишаа: „Како веќе неколку пати напоменавме, одговор по основ на Вашето барање за отказ, ќе добиете во законски предвидениот рок“ - оставајќи ги работите да лебдат во воздух.
По ова, едно е јасно: Кризата ќе помине, но ова лето дефинитивно ќе се памти. Ќе се памти и одлуката на овие туристичко-финансиски умници, кои одбиваат да ги вратат уплатените средства од откажаните аранжмани – создавајќи уште поголема товар врз грбот на граѓаните. А тогаш, ќе биде доцна за да се поврати довербата на туристите, па ќе мора им дадеме уште поголема шанса на Booking, Airbnb и сличните сервиси кои всушност имаат добро развиен систем за заштита на правата на корисниците (кој не само што е напишан, туку и се почитува). Затоа што, довербата и разбирањето треба да бидат двонасочни.
Какво е вашето искуство со туристичките агенции и дали сте имале слично искуство?

На страна од тоа што повторно не добив конкретен одговор дали ќе ми бидат вратени сите средства или само 50% (како што првично ме информираа телефонски) сега треба и да се грижам дали ќе го продадат токму тој аранжман за да си ги повратам парите. Небаре, јас треба да доаѓам на увид во агенција, па да им водам евиденција кога и дали ќе успеат го продадат аранжманот, по која цена ќе го продадат и дали можеби и јас ќе остварам некаква дополнителна „заработка“ ако успеат да го продадат поскапо од тоа што успеале да ми го продадат на мене. Уат д фак Савана?„Издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно Туристичката Агенција и патниците“ – извадок од Уредбата донесена на 27-та седница на Владата.