Ова лето ќе се памти, со Савана сите одмори се слатки

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Водејќи се според познатата филозофија на Атиџе: „Пола за мене, пола за пчелите“, туристичката агенција „Савана“ од Скопје одлучи да се бори против потенцијалната финансиската криза наметната од пандемијата со COVID-19. Разликата е во тоа што во „Медена земја“ Атиџе ја враќаше едната половина за да им помогне на пчелите, а во „Банана република“ оваа туристичка агенција се обидува да го зема тоа што не е нивно – за да си помогне себеси, финансиски. За што станува збор?



По неочекуваниот сплет на околности, одлучив да ја откажам резервацијата за летниот одмор, а за да се информирам околу процедурата за откажување на аранжман и рефундирање на уплатените средства, стапив во телефонски контакт со „Савана“.

Вработениот во агенцијата (Ташко Робев) ме информираше дека од уплатениот износ, ќе бидат вратени само 50%, повикувајќи се на некакви специјални услови кои не се наведени во Општите услови за патување кои ги имам во прилог на Договорот за патување (бр. 11100) и кои не се составен дел од Условите за патување.

На моето прашање конкретно на кои услови опфатени во Договорот се повикуваат кога велат дека „сакаат да задржат 50% од износот“, добив одговор дека „тоа е наведено на интернет“ и дека било поради некаков „ран букинг“.

Каде е тука проблемот? Па, најверојатно во тоа што тие се обидуваат да ги убедат клиентите дека некаков текст објавен на нивната интернет страница (која можат да го сменат во секој момент) треба да биде поверодостоен документ од Договорот заверен од нивна страна.

Тоа би му дошло нешто какo следниот пат кога ќе резервирате двокреветно студио во Неи Пори, да си објавите „специјални услови“ на личниот Facebook профил дека сместувањето треба да биде во Хотел Хилтон, а потоа да им побарате отштета затоа што не се воделе според вашите услови објавени на вашата страница. Логика? Нема.

Да појаснам, јас никогаш не сум побарал некаков попуст за „ран букинг“, ниту пак во Договорот или на фискалната сметка е наведено дека сумата која ја плаќам е според некакви „специјални услови“ или со „попуст“.

Едноставно е, колку побарале – толку добиле.
Исто како и секогаш досега (4 години по ред).

Океј. За да не испадне дека „Операторот ми дал погрешна информација“ и дека „Сето тоа било само едно големо недоразбирање“, одлучив да постапам согласно Условите за патување кои се составен дел од Договорот за патување и да ги информирам писмено дека го откажувам патувањето и дека барам поврат на уплатените средства.

Во нивниот одговор (испратен од Ана Крстевска Каламадевска), кој содржи 4.572 карактери (и е подолг од просечен магистерски труд), јасно може да се насети обидот за преплавување со што е можно повеќе небитни информации, со цел создавање на дополнителна конфузија, без воопшто да се одговорат суштинските прашања кои ги поставив. Како на пример: „Каде во договорот се наведени тие посебни услови“ и тн. Одлична тактика. Во истиот мејл, покрај сите небитни информации, не пропуштија да ми појаснат дека согласно последната Уредба на Владата – тие ќе издавале ваучери за патувања. Но, исто така ми појаснија и дека сите летни аранжмани (како што е мојот) не се под влијание на актуелната пандемија и ќе биле „третирани согласно Општите услови за патување“ – но, парите ќе ми бидат вратени само откако ќе се продаде „мојот“ аранжман на друг турист.

За да ги информираме останатите засегнати туристи, појаснуваме дека во Уредбата на Владата јасно е наведено дека издавањето на ваучерите може да се реализира исклучиво со согласност од двете страни, односно Туристичката Агенција и патниците. Значи, ако ви „загусти“ и ви требаат пари (затоа што со ваучери не се купува храна во продавница) и не сакате да земете ваучер, агенцијата треба да ви врати вашите пари. Што му доаѓа нешто како „брат, те разбирам дека си во криза, ама и јас сум исто, па не можам да ти позајмам од моите пари“, што е сосема кокретно во ваква ситуација

„Издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно Туристичката Агенција и патниците“ – извадок од Уредбата донесена на 27-та седница на Владата.
На страна од тоа што повторно не добив конкретен одговор дали ќе ми бидат вратени сите средства или само 50% (како што првично ме информираа телефонски) сега треба и да се грижам дали ќе го продадат токму тој аранжман за да си ги повратам парите. Небаре, јас треба да доаѓам на увид во агенција, па да им водам евиденција кога и дали ќе успеат го продадат аранжманот, по која цена ќе го продадат и дали можеби и јас ќе остварам некаква дополнителна „заработка“ ако успеат да го продадат поскапо од тоа што успеале да ми го продадат на мене. Уат д фак Савана?



Ова, не само што е спротивно сите фер, етички, правни и владини уредби (и кажување на едно големо „факју“ за сите склучени договори) туку е и свесно одолговлекување за побараната рефундација на средствата („ако се продаде – ќе ви вратиме пари“).

По нивниот последен мејл, во кој повторно одбија да одговорат кога и колку од средствата ќе бидат повратени, тие само кратко напишаа: „Како веќе неколку пати напоменавме, одговор по основ на Вашето барање за отказ, ќе добиете во законски предвидениот рок“ - оставајќи ги работите да лебдат во воздух.

По ова, едно е јасно: Кризата ќе помине, но ова лето дефинитивно ќе се памти. Ќе се памти и одлуката на овие туристичко-финансиски умници, кои одбиваат да ги вратат уплатените средства од откажаните аранжмани – создавајќи уште поголема товар врз грбот на граѓаните. А тогаш, ќе биде доцна за да се поврати довербата на туристите, па ќе мора им дадеме уште поголема шанса на Booking, Airbnb и сличните сервиси кои всушност имаат добро развиен систем за заштита на правата на корисниците (кој не само што е напишан, туку и се почитува). Затоа што, довербата и разбирањето треба да бидат двонасочни.

Какво е вашето искуство со туристичките агенции и дали сте имале слично искуство?
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
ова се општите услови за патување на неколку агенции и мислам дека се универзални т.с пропишани од државата, разгледај ги висината на средствата кои ќе ти ги наплатат зависат од тоа колку е временскиот период на откажување, знам дека е дискриминирачки ама така е.

се извинувам што се сликите големи но само така можев да ги внесам, ако е спротивно од правилата на форумов по одредено време нека ги бришат од администрација.
1585595430056.png
1585595453940.png
1585595477669.png
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
ова се општите услови за патување на неколку агенции и мислам дека се универзални т.с пропишани од државата, разгледај ги висината на средствата кои ќе ти ги наплатат зависат од тоа колку е временскиот период на откажување, знам дека е дискриминирачки ама така е.

се извинувам што се сликите големи но само така можев да ги внесам, ако е спротивно од правилата на форумов по одредено време нека ги бришат од администрација.
Прегледај го приврзокот 241820
Прегледај го приврзокот 241821
Прегледај го приврзокот 241822
Го имам договорот, треба да ми задржат евентуално 10 еур. за "манипулативни трошоци", а не 50% како што сакаат они. Аранжманот е во јули.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Го учевме на факултет ова, пошо не работам во агенција не ми текнува точно како се враќаа парите за откажан аранжман, што покасно се откажа тоа повеќе пари задржува агенцијата.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
Го имам договорот, треба да ми задржат евентуално 10 еур. за "манипулативни трошоци", а не 50% како што сакаат они. Аранжманот е во јули.
за да бидеш начисто како прво побарај ова што ти го кажуваат на телефон да ти го испратат на маил да го имаш на писмено (ако нешто матат а матат нема да се сложат и ќе пробаат на друг начин да те изиграат ако им дозволиш),

потоа со одговорот во рака консултирај се со она здружението за заштита на потрошувачите и на крај закана со инспекција,

ако ништо не помогне од ова најверојатно ти останува или тужење или помирување со ситацијата таква каква што е.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Го учевме на факултет ова, пошо не работам во агенција не ми текнува точно како се враќаа парите за откажан аранжман, што покасно се откажа тоа повеќе пари задржува агенцијата.
И, што научи на факултет?
за да бидеш начисто како прво побарај ова што ти го кажуваат на телефон да ти го испратат на маил да го имаш на писмено (ако нешто матат а матат нема да се сложат и ќе пробаат на друг начин да те изиграат ако им дозволиш),

потоа со одговорот во рака консултирај се со она здружението за заштита на потрошувачите и на крај закана со инспекција,

ако ништо не помогне од ова најверојатно ти останува или тужење или помирување со ситацијата таква каква што е.
Имам 10 мејлови, секој им е контрадикторен во однос на претходниот и полн со своеволно толкување на договорот и законите (кои се повеќе од јасни и според кои треба да ги вратат парите минус 10 еур., а не минус 50%). Утре следи пријава во ДПИ и агенција за заштита на потрошувачи.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
И, што научи на факултет?
Имам 10 мејлови, секој им е контрадикторен во однос на претходниот и полн со своеволно толкување на договорот и законите (кои се повеќе од јасни). Утре следи пријава во ДПИ и агенција за заштита на потрошувачи.
кога е така начисто си нема што да им ја мислиш,, пушти им ја пријавата и нека си ја чукаат главата они наместо ти, ти и онака нема што да изгубиш, парите веќе си ги дал.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
И, што научи на факултет?
Имам 10 мејлови, секој им е контрадикторен во однос на претходниот и полн со своеволно толкување на договорот и законите (кои се повеќе од јасни и според кои треба да ги вратат парите минус 10 еур., а не минус 50%). Утре следи пријава во ДПИ и агенција за заштита на потрошувачи.
Немам време да ги барам книгите по агенциско работење за да ти ги сликам и пуштам бројките.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Немам време да ги барам книгите по агенциско работење за да ти ги сликам и пуштам бројките.
A можда и не е битно што имаш во книгите, затоа што тоа што е во Договорот и Условите за патување е всушност битниот дел, од кој произлегуваат сите права и обврски на договорните страни. Нели? :)
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
A можда и не е битно што имаш во книгите, затоа што тоа што е во Договорот и Условите за патување е всушност битниот дел, од кој произлегуваат сите права и обврски на договорните страни. Нели? :)
Ако е јасно наведено што би се случило во случај на откажување нормално дека не е битно, ако не е наведено и тоа како е.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ако е јасно наведено што би се случило во случај на откажување нормално дека не е битно, ако не е наведено и тоа како е.
Кој будала би дозволил тоа да не го пишува во договорот? Откажувањето на аранжман е една од првите точки во секој договор. Го пишува, ама они не го почитуваат.
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
4
Поени од реакции
4
Да си жив и здрав што ја отвори темата! И јас имам уплатено за летување во јули , ама преку друга агенција. Колку што можам да приметам на нивната фејсбук страна, бараат да го одложиме патувањето наместо да го откажеме. И јас се чудам што да правам. Го читав договорот, јасно е наведено дека во случај на виша сила треба да ни ги вратат парите. Што ќе ми е мене ваучер? Кој може да знае утре што ќе биде? На крајот од краиштата, голем број на повозрасни луѓе си имаат извршено рана уплата. Некои од нив можеби нема да можат наредната година да го искористат ваучерот. Договорот треба да не заштити, ама не е така. Нема врска со темата, ама баш некни ме изнервира агенцијата за недвижности преку која изнајмивме на стан. Електронски ќе се полагаат испитите, веќе нема да имаме предавања на факултет, па ѝ се јавив на газдарицата во Скопје да го откажеме станот и одбива да ми го врати депозитот. Знам дека исто ќе си поминам и кога ќе им се јавам туристичката агенција за да откажам, па некако одолговлекувам за да си ги штедам нервите. Утре ќе ги контактирам, па ќе пишам што ќе кажат.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Не знам Савана се коректни со мене пак би патувал.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Не знам Савана се коректни со мене пак би патувал.
И со мене биле досега, затоа 4 години по ред ги користев нивните услуги. Сега - се посраа. Од друга страна, за конкретна ситуација дискутираме тука, не за тоа дали до сега си поминувал убаво со нив.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Туристички агенции, агенции за размена, такви срања се организации кои однадвор се декорираат за да изгледаат колку што може поугледно, а од внатре се тежок шљам и функционираат на многу себичен начин. Тотално непрофесионално, неорганизирано и сосема спротивно на она што пробуваат да го продадат. На второ место само после телекомуникациски компании.

Последниве година-две патував често, и ниеднаш не ни помислив да идам преку некоја туристичка агенција. Букинг на авион + airbnb и раат си. Тешка превара се агенцииве, сите се исти курац. Низ светов и тоа, а камоли кај нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom