Образованието и љубовта!

Член од
24 октомври 2008
Мислења
328
Поени од реакции
5
Како што гледам ваква тема нема а мислам дека ке се развие добра дискусија.
Сакам да го кажете вашето размислување дали може образованието да биде пречка во една врска.
Дали доколку вие имате завршено фалкутет дали ке ви смета вашиот партнер да има средно образование или па да има завршено 8 одд. или пак обратно вие да немате фалкутет а тој/таа да има?
На пример вие сакате да успеете во животот да имате добра кариера,а тој/таа да не се замара со тоа да не му е битно дали ке опстои една таква врска?
И некој пример таков ако имате пишете:wink::helou:
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Вистинска пречка би ми претставувало ако девојката не би ми одговарала за разговор. Конверзацијата во една врска, за мене е една од најбитните елементи во истата. И доколку нивото на кое девојката разговара со мене, ме задоволува, тогаш нема да ми претставува никаков проблем кои се нејзините гледишта во кариера. Сум бил со девојки, кои биле далеку поамбициозни од мене, а и со такви кои не наоѓале (барем во моментот) доволно сила за да продолжат со едукациското развивање. И не секогаш, тие првите биле доволно добри за разговор, и покрај нивното повисоко ниво на образование.

Кога сакам некоја (значи сум ја запознал таква каква што е, и таква сум ја засакал) ја сакам со сите доблести и мани. Но, во ниеден момент не сум карактеризирал за мана недостиг на образование или на желба за кариера. На крај, сакам да живеам во средина, каде и тие со пониско образование ќе придонесуваат за семејството (а со тоа и за општеството), и нема да бидат еден вид на мета за некаков измислен напад пред другите.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Кире кажа...
Не ми е битен само физикусот, сакам и да разговарам... Сакам да бидам во секое време разбран, да можам да дискутирам за се...
Сепак, побитна ми е онаа чаршиската школа...општата култура, нивото на образование и не менува богзнае што, иако има врска и тоа, пред се во сфаќањата.
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Двајцата пред мене кажаа. :pipi:

Не сум воспитан да ги категоризирам луѓето според нивото на образование.

Ја ценам личноста, а таа не се гради со образованието. :wink:
 
M

marsovka

Гостин
искрено ако двајцата не се на исто интелектуално ниво ништо работата
марсовче имаше другарка која беше многу паметна и идеше со добар човек ама не многу образован и интелегентен си се сакаа ама другарката на марсовче му раскина кога порасна,свати дека го сака како другар ама не им штимаше работата а пред година дена и реков дека ќе раскинат не ми веруваше и кажав дека калкулациите не грешат кои ги направив
А за кариера на многу не им е важно па и на мене не ми е важно важно е да се се најдете на интелектуално ниво тоа е најважно
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Не значи дека некој со високо образование има и општа култура. И не значи дека некој кој има високо образование е интелигентен.

Поважно ми е партнерот да има општа култура, да знае како да се однесува во одредени ситуации и да биде паметен. Овие особини може да ги има и некој со завршено средно.

Сепак, најубава кобинација би било сите овие погоре што ги набројав + амбициозност.:smir:
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
искрено ако двајцата не се на исто интелектуално ниво ништо работата
марсовче имаше другарка која беше многу паметна и идеше со добар човек ама не многу образован и интелегентен си се сакаа ама другарката на марсовче му раскина кога порасна,свати дека го сака како другар ама не им штимаше работата а пред година дена и реков дека ќе раскинат не ми веруваше и кажав дека калкулациите не грешат кои ги направив
А за кариера на многу не им е важно па и на мене не ми е важно важно е да се се најдете на интелектуално ниво тоа е најважно
Зборов ми е... Не се сомневам во размислувањата дека интелектуалното ниво е делумно збогатено од едукационото, но сигурно е дека постојат и други животни елементи, кои го збогатуваат истото. Секојдневно околу мене сум со личности, чие образовно ниво е на високо ниво, но потполно е занемарливо во однос на нивниот емоцинален живот - токму поради нив, и нивните ограничени размислувања. Почитувам кариеристи, можеби и самиот се класифицирам во одредени моменти во нив, ни никогаш нема да го земам како пречка спротивниот дух на мојот партнер. Напротив, спротивните карактери, дури и од овој аспект, се надополнуваат помеѓу себе. Стојам црвсто зад овој став, поради лични искуства, за кои не сум зажалил.

Другарката на марсовче, најверојатно (како и сите ние, нели) е во период на емоционално созревање. Една од детските болести ја прележала со таа врска, а лично не верувам дека тоа било поради неговото пониско ниво на образование.

Исто како и разликата во материјална ситуираност, и разликата во образование не е клучна. Добриот „билатерален“ однос помеѓу партнерите, наинот на комуникација и абилноста за компромиси ги надминуваат тие пречки. Да не ја раскажувам сега онаа старата, со чорбаџиската ќерка со 100 овци и селанчето со две...нити „Ленче Куманове“ да не ја прераскажувам. Македонската литература и етнос многу често за тема ги земаат овие препреки, со цел да не научат на нешто повисоко.
 
M

marsovka

Гостин
Зборов ми е... Не се сомневам во размислувањата дека интелектуалното ниво е делумно збогатено од едукационото, но сигурно е дека постојат и други животни елементи, кои го збогатуваат истото. Секојдневно околу мене сум со личности, чие образовно ниво е на високо ниво, но потполно е занемарливо во однос на нивниот емоцинален живот - токму поради нив, и нивните ограничени размислувања. Почитувам кариеристи, можеби и самиот се класифицирам во одредени моменти во нив, ни никогаш нема да го земам како пречка спротивниот дух на мојот партнер. Напротив, спротивните карактери, дури и од овој аспект, се надополнуваат помеѓу себе. Стојам црвсто зад овој став, поради лични искуства, за кои не сум зажалил.

Исто како и разликата во материјална ситуираност, и разликата во образование не е клучна. Добриот „билатерален“ однос помеѓу партнерите, наинот на комуникација и абилноста за компромиси ги надминуваат тие пречки.
постојат повеќе видови на интлегенција вклучително и емоционална повеќето луѓе во македонија кои се високо образовани и имаат добри работи се деца на лекари и адвокати и се страдаат од распространетата болест малограѓанштина
а за амбиција најчесто иде + и - амбициозен маж сака помалце или неамбициозна жена која ќе остане дома и обратно
а материјализмот тоа е сосема друга работа за мене е болест за другите не знам
Сите сакале нејќеле мора да признаеме дека образованието и интелектот влијае и тоа многу особено ако сакаш да имаш исполнета и добра врска
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Јас сакам да тупам, затоа сакам и образован човек.
Инаку, точно е дека ниво на образование и шлиф/умност не идат секогаш заедно.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Oбразованието сепак, пак ќе кажам, влијае, но не толку многу.
Влијае воопшто на ерудицијата, погледите на свет, и такви работи.
Општата култура не се стекнува во целост низ образованието.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Дали доколку вие имате завршено фалкутет дали ке ви смета вашиот партнер да има средно образование...
Охоооо, многу ми пречи така. Јас искрено немам ништо против тоа, ама би се чуствувал ептен незгодно покрај неа. Ќе ми изгледа проста за мене, и може некогаш (не од мене секако), во друштво ќе се засрами што е со средно. :smir:
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
"Постојат повеќе видови на интелигенција..." или мислиш повеќе фактори?
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Охоооо, многу ми пречи така. Јас искрено немам ништо против тоа, ама би се чуствувал ептен незгодно покрај неа. Ќе ми изгледа проста за мене, и може некогаш (не од мене секако), во друштво ќе се засрами што е со средно. :smir:
Ќе се засрами ако таа самата не сакала да продолжи со образованието понатаму, ако ја болела уво за све.

Ама ако имала други причини поради кои дошло до тоа, јас мислам дека само би и било незгодно. :pipi:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ќе се засрами ако таа самата не сакала да продолжи со образованието понатаму, ако ја болела уво за све.

Ама ако имала други причини поради кои дошло до тоа, јас мислам дека само би и било незгодно. :pipi:
Па да де, за тоа напишав, може ќе и падне незгодно. Ева на пр. правиме некој забеган муабет, кај што треба повеќе знаења а таа ќе молчи. И мене ќе ми биде глупо а неа бетер. Затоа ЖЕНИ УЧЕТЕ!:wink:
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Па да де, за тоа напишав, може ќе и падне незгодно. Ева на пр. правиме некој забеган муабет, кај што треба повеќе знаења а таа ќе молчи. И мене ќе ми биде глупо а неа бетер. Затоа ЖЕНИ УЧЕТЕ!:wink:
Кога бираш друштво, одбираш и тема за разговор. За да не створиш таква непријатна ситуација. Не секогаш таа ќе се најде во таква ситуација, ако си пообразован во едно поле, не значи дека го знаеш цел свет. И поради тоа, биди претпазлив и размислувај како, некој кој во моментот ти значи, би се почувствувал.

Тоа е едно...Друга работа: Жени учете! Како подредуваш вака? Нели може да се ставиш себеси во ситуација како ти би бил со пониско образование од неа? Дискриминација не е пожелна, поготово на вакви теми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom