Ме терате после 3 години форумска неактивност на кајгана пак да правам акаунт. Темата е на место , но согледувам колкав процент од луѓето овде се убедени дека парче хартија отпечатено на ласерски принтер е показател за нечија интелегенција/шанси да се успее во кариера/шанси да се одржи љубовна врска.
Не цитирам никого , секој си има свои вредности што му значат кај партнерот и преку кои го идентификува . Ќе го кажам само мојот став ...
А тој е дека академското образование кај мене лично за здравјето на една врска има значење онолку колку што има значење ... незнам хороскопскиот знак во кој партнерот е роден ...
Да , имам диплома , но на неа дојдов по малку несекојдневен пат кој ме натера одреден период од животот да бидам на двете спротиставени страни на оваа дискусија (дечкото со средно и дечкото со диплома).
Да не го тупам , затоа во кратки црти ќе ви ја кажам мојата приказна па вие проценете ...
Завршив средно , се запишав на факултет , моите родители 2 години губеа здравје (мајка ми на крајот од втората дури и животот) за да скрпат 500 евра годишно за партиципацијата на нивниот најпаметен син на свет кој мора да има диплома па беа спремни да жртвуваат се за тоа . Кога почина мајка ми се разболе и татко ми , сестра ми тогаш имаше само 5 години така што се знаеше кој треба да ги издржува. На крај од трета година си ги собрав документите од ПМФ и почнав да ги листам огласите за работа ... Работев се и сешто , за да скрпам за сметки , за лекови на татко ми , за школување на сестра ми итн итн итн ...
2 години приказната не се смени многу се додека чисто на едно интервју за сервисер/магационер во една наша локална ИТ фирма (претставништво на ИТ гигант)не ме повикаа по вторпат и по вторпат ми беше даден истиот когнитивно-незнам каков IQ тест но со различни прашања од претходниот . По два дена ми стигна мејл во кој пишуваше дали прифаќам пробна работа на проект. Прифатив , го одработив проектот , ме исплатија , два дена потоа ме повикаа , ми дадоа предлог договор со кој можев да одберам на која позиција сакам да почнам , во кој дел од светот сакам да работам , како и бланко место во кое требаше да си впишам колкава сакам да биде платата за 2006 година(не заради тоа што сум нешто посебно убав или дека имам диплома во футролата туку чисто заради фактот што мојот IQ и способноста до перфекција да и ги прочитам наредните 5 чекори на конкуренцијата и да го доведам секој проект во којшто ќе се вклучам - читај "им направив еден куп пари" .По четири месеци дечкото со средно одлучуваше колку непродуктивни академци/магистри треба да се отпуштат од централата во Амстердам чисто заради фактот што бројките го налагаа тоа (не дека имам нешто против академците , и јас станав еден од нив но малку подоцна).
Да не го тупам само да ви посочам на големата заблуда во која живеат некои од вас . Дипломата само е показател дека сте си поставиле на повисок приоритет одредена цел , и неа сте ја исполниле ( на овој или оној начин не е ни битно ) и вие ( мајка ви и татко ви со респект на тие што сами го заработиле секој денар што е ставен на уплатниците ) сте инвестирале време , труд и финансии за да ја исполните . Ако сакате успешна кариера МОРАТЕ да имате концепт , цел и идеја и таа идеја да ја претворите во комбинација на природен број и странска валута по избор на оној што ве вработил. Колку пари и заработувате на компанијата толку ќе напредувате во кариерата - помирете се со тоа дека способноста да се научат 40 испити од академска програма стара 40 години не значи ама баш ништо во сериозна компанија со мисија и визија на пазарот.За успехот во мојот случај (и 99% од луѓето со кои работам) најзаслужни се профитот што го направивме како тим , никаква диплома .
Доколку се задоволувате со некој си малограѓански статус на виша каста која демек ке ви ја даде дипломата , тоа е ваш проблем. Денес секој со 4-5000 евра може да биде дипломиран инженер по бла бла . Тоа нема да ве направи ни подобра ни поинтелегентна личност .
Некој го спомна Превер , сестра ми нема диплома , уште е во средно па го знае напамет секој негов стих ( и што тој стих значи и што Жак сакал да каже со тоа )
Не си фаца ако си го прочитала Превер а ако Ацо механичарот не ни знае кој е тој . Фаца си ако напишеш нешто подобро од Превер и останеш во вечноста (сите после 100 години сме костури кои скапуваат под земја , и Ацо механичарот , и јас и Превер ) . Превер оставил нешто после него што вреди , што ќе оставиш ти читателке на Превер процени самата .
Ептен да не забегам offtopic .... Љубов и образовен статус . За љубов ако фатам да го тупам рикна форумов така да пак од мојата приказна ќе продолжам....
Љубовта на мојот живот ја запознав на кинески пазар во Амстердам . Девојката продаваше кифли , се запознавме , излеговме и натака приказната е клише ...
Две години и осум месеци сме заедно , девојката е емигрант од Кина со основно образование и чисто да ве информирам дека уште не сме снемале тема за разговор . Не си го трошам времето со саканата личност во разговор на теми кои ми се поврзани со струката/работата , неа не ја интересираат компјутерски мрежи , нема појма ни од информатика ни од математика но секогаш кога сум покрај неа имам аритмија.Далеку од тоа да немаме заеднички интереси и дека не не радуваат истите работи .Не би ја сменил ни за 20 90/60/90 дипломирани бла бла по бла бла .... На неа секогаш можам да се потпрам , ми има посочено на некои грешки што ни доктор на науки неможе да ги свати , добро ни оди (со сите нормални пропратни турбуленции и пеглање финеси што ги носи секоја долга и сериозна врска ) Не ми е битно што мислат другите за неа , битно ми што мисли она за мене , ние двајца сме среќни а сите други нека идат у 300 лепе ( пардон за неакадемскиот израз ама не сме на трибина во МАНУ) ...
Се вратив пред една година во Скопје , ги дадов преостанатите 12 испити во две сесии , ја земав дипломата и ја однесов на Градски гробишта Бутел за да исполнам едно ветување спрема личност која жртвуваше многу повеќе од тоа што јас би го жртвувал за моето дете . Ја оставив таму затоа што она што ми е битно за да успеам финансиски го имам во главата а она што ми е битно за да успеам како човек/личност/партнер го запознав пред година и нешто и сеуште го имам.
И не - не ми ја покачија платата откако дипломирав :pos2: замисли !
За да не ги мачам оние што ќе ги мрзи да го читаат цел пост - НЕ , образованието според мене има нула значење во една здрава врска , образованието има нула придонес во интелегенцијата на една личност . Неможе секој да си дозволи факултет , но секој може искрено да љуби ( темава е за љубов ако не се лажам )