ОНЕ и ВИП се споија

Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Ponudite na mak telekom se za luge koi imaat 700+ evra plata
Па тоа е минималната плата во МК. Не се проблем цените, проблем се корисниците што сакаат за џабе. Изборот е тој, кој сака да користи мобилен ќе плати, на кого не му чинат цените нека се врати на фиксен телефон.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306

Се надевам дека си саркастичен и се зезаш, дека не си сериозен. :)
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Се надевам дека си саркастичен и се зезаш, дека не си сериозен. :)
Сериозен ами како. На кого не му чини, не мора да користи мобилен. Мобилен телефон не е ни потреба, ниту пак е задолжителен. Операторите немаат никаква обврска вас да ви угодуваат, скапо било, малце минути биле, повеќе гигабајти сакале, 3Г, 4Г...

Не постојат они за вас да ви служат, вие постоите за нив профит да им правите.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Сериозен ами како. На кого не му чини, не мора да користи мобилен. Мобилен телефон не е ни потреба, ниту пак е задолжителен. Операторите немаат никаква обврска вас да ви угодуваат, скапо било, малце минути биле, повеќе гигабајти сакале, 3Г, 4Г...

Не постојат они за вас да ви служат, вие постоите за нив профит да им правите.
Океј, ај не си нешто океј сега :D (без навреда).
Кога можат во други земји, зашто бре @marambo да не може и ние да уживаме? Во други земји со пониски цени нудат повеќе во пакетите, а кај нас да не може? Јас плаќам и сакам услугата да си ја добијам! Не може Телеком да нуди во МК цени кои се исти во Германија, а понудата да е смалена! Истото и за Випот!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.903

Во други земји не се дозволува спојување на 2 или повеќе компании во нова компанија чии што услуги би ги користеле и чии што производи би ги купувале над 50% од сите корисници на услугите таков тип и над 50% од сите купувачи на производите од таков тип.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Во други земји не се дозволува спојување на 2 или повеќе компании во нова компанија чии што услуги би ги користеле и чии што производи би ги купувале над 50% од сите корисници на услугите таков тип и над 50% од сите купувачи на производите од таков тип.
Ццц, што човек си бил па ти па, да не се сакало Македонија да биде лидер во Европа! Цццц, со ова сме лидер во Европа со само два оператори! Плус кој ни е крив ние што бараме помали цени и повеќе понуда, будали и ние па. :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.923
Поени од реакции
35.790
Океј, ај не си нешто океј сега :D (без навреда).
Кога можат во други земји, зашто бре @marambo да не може и ние да уживаме? Во други земји со пониски цени нудат повеќе во пакетите, а кај нас да не може? Јас плаќам и сакам услугата да си ја добијам! Не може Телеком да нуди во МК цени кои се исти во Германија, а понудата да е смалена! Истото и за Випот!
Опремата што ја користат е иста цена и во Германија и во Македонија (Телесте, Циско нудат дури и поголеми попусти за поголема количина), за разлика од тука каде што имаш 2 и пол милиони народ и нецел милион потенцијални корисници за двата оператори, во Германија имаш 83 милиони од кои потенцијални корисници над 20милиони.
Не знам точно како се распределени таму, но во глобала инфраструктурата во европските земји припаѓа на државата и ја гради државата, а операторите ја изнајмнуваат (зборувам за линиската), за разлика од тоа во мкд самите копаат, самите градат и инвестираат, а на крај со закон за легализација (член 2а ако си го читал законот налага при легализација целата „канализација“ да ја национализира РМ) пак нема да ја имаат како капитална инвестиција.
Густината на населеност ти е уште еден од проблемите, Мариово сакал или не мора да го покрие било кој од операторите, а таму има потенцијални 200 корисници и површина поголема од онаа што ја зафаќа Скопје со над 200к корисници.

Можеби може да се симнат уште пониско цените во споредба со регионот, но не многу, пазарот е мал, а влогот во опрема е голем и станува збор за еден од најдинамичните бизниси, премногу брзо мора да се мигрира од една на друга технологија и да се прават огромни инвестиции.
 
Има подобра понуда во Германија? Ене ти ја Германија, фаќај авионот и летај. Македонија е земја на тврдокорни. Тука со 12.000ден плата се плаќаат 1000ден сметка за телефон, 1000ден за интернет, +33% за електрична енергија и едне куп други сервиси и услуги кои или се со 0 квалитет или воопшто и не се користат. Кој не може да издржи тука, надвор нека бега. Нема предавање, ќе издржиме. И 2000ден да ја направат сметката нема да се откажиме.
 
Прво, јас никогаш не планирам да одам од земјата, баш напротив. Во однос на платите и висините на сметките, нема да се замарам, бидејќи секогаш се забегува со политика, јбг, тоа ми е професионална деформација.
 
Член од
5 август 2006
Мислења
163
Поени од реакции
8
Опремата што ја користат е иста цена и во Германија и во Македонија (Телесте, Циско нудат дури и поголеми попусти за поголема количина), за разлика од тука каде што имаш 2 и пол милиони народ и нецел милион потенцијални корисници за двата оператори, во Германија имаш 83 милиони од кои потенцијални корисници над 20милиони.
Не знам точно како се распределени таму, но во глобала инфраструктурата во европските земји припаѓа на државата и ја гради државата, а операторите ја изнајмнуваат (зборувам за линиската), за разлика од тоа во мкд самите копаат, самите градат и инвестираат, а на крај со закон за легализација (член 2а ако си го читал законот налага при легализација целата „канализација“ да ја национализира РМ) пак нема да ја имаат како капитална инвестиција.
Густината на населеност ти е уште еден од проблемите, Мариово сакал или не мора да го покрие било кој од операторите, а таму има потенцијални 200 корисници и површина поголема од онаа што ја зафаќа Скопје со над 200к корисници.

Можеби може да се симнат уште пониско цените во споредба со регионот, но не многу, пазарот е мал, а влогот во опрема е голем и станува збор за еден од најдинамичните бизниси, премногу брзо мора да се мигрира од една на друга технологија и да се прават огромни инвестиции.

Цената на опремата е иста, но токму заради тоа и постојат групации, опремата се купува заеднички за цела групација, на пример Дојче Телеком од Германија купува одредена количина на опрема и понатаму неговите ќерки фирми (Македонски Телеком) ја откупуваат од него.

Инаку многу е лошо кога се прави споредба со Германија и Македонија, едноставно не може да се споредува затоа што не сме слични ни по број на жители ни по територија. Но оти многу сакаме да споредуваме тогаш зошто не се споредува со Словенија која има 4 мобилни мрежни оператори, а Словенија има помалку жители од Македонија и има поголема површина која мора да биде покриена со мрежен сигнал и се ретко населени. Цените во Словенија се горе доле слични како оние кои моментално се нудат во МК, но тука не треба да се заборави и нивниот стандард кој е значително повисок кај нив, ова значи дека мрежните оператори имаат прилично повисоки трошоци (плати и услуги) за разлика од операторите во Македонија.
 
Се согласувам дека опексот е поголем во Словенија во споредба со Македонија, но не сум запознаен во поглед на другите работи конкретно за таму (изградба на инфраструктура, цена на проекти, времетрање за добивање на одобренија за градба, дали државата ја гради инфраструктурата (ова ти е многу битен сегмент, во моментов на голем дел од државата имаш еден оператор дури и ако самиот мислиш дека се два, зошто е тоа така не би сакал да навлегувам тука).

Инфраструктурата ти е многу битен дел, нажалост тука сите ја плаќавме за изградба на Телеком, а сега смее да ја користи само Телеком, како ова функционира во Словенија не знам (за Хрватска сум 100% сигурен како стојат работите), а цена на пакети и слично не сум истражувал за Словенија досега.
Многу сегменти има во игра, во ваква килава држава не очекувај ниту овој бизнис да биде 100% фит како и се друго.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.643
Поени од реакции
865
Опремата што ја користат е иста цена и во Германија и во Македонија (Телесте, Циско нудат дури и поголеми попусти за поголема количина), за разлика од тука каде што имаш 2 и пол милиони народ и нецел милион потенцијални корисници за двата оператори, во Германија имаш 83 милиони од кои потенцијални корисници над 20милиони.
Не знам точно како се распределени таму, но во глобала инфраструктурата во европските земји припаѓа на државата и ја гради државата, а операторите ја изнајмнуваат (зборувам за линиската), за разлика од тоа во мкд самите копаат, самите градат и инвестираат, а на крај со закон за легализација (член 2а ако си го читал законот налага при легализација целата „канализација“ да ја национализира РМ) пак нема да ја имаат како капитална инвестиција.
Густината на населеност ти е уште еден од проблемите, Мариово сакал или не мора да го покрие било кој од операторите, а таму има потенцијални 200 корисници и површина поголема од онаа што ја зафаќа Скопје со над 200к корисници.

Можеби може да се симнат уште пониско цените во споредба со регионот, но не многу, пазарот е мал, а влогот во опрема е голем и станува збор за еден од најдинамичните бизниси, премногу брзо мора да се мигрира од една на друга технологија и да се прават огромни инвестиции.
Муабетот не ти држи вода
Цената на опремата во Германија и тука не е иста, во Германија во најголем број користат Ериксон и Алкател базни, а тука ZTE и Huawei, разликата во цената е 3:1, потоа, разликите во плати на вработени во Германски мобилен оператор и тука е огромна, а цените на услугите тука и во германија се скоро исти.
Тоа примерот со Мариово и Скопје тие целосна утка, Мариово се покрива со 2 базни станици, а Скопје со 120.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.923
Поени од реакции
35.790
Муабетот не ти држи вода
Цената на опремата во Германија и тука не е иста, во Германија во најголем број користат Ериксон и Алкател базни, а тука ZTE и Huawei, разликата во цената е 3:1, потоа, разликите во плати на вработени во Германски мобилен оператор и тука е огромна, а цените на услугите тука и во германија се скоро исти.
Тоа примерот со Мариово и Скопје тие целосна утка, Мариово се покрива со 2 базни станици, а Скопје со 120.
Околу оперативните трошоци се согласувам, таму се поголеми од тука, но околу капиталните инвестиции не би се согласил.
Дај ми 100% инфо како е организиран делот со инфраструктурата таму и тука?
Базната станица како базна е иглата во сеното, да обезбедиш довод на струја и сигнал до истата е потешкиот проблем. Ако тој во Германија изнајмува инфраструктура за да стигне до некоја базна станица, овој тука треба да ископа низ планина 20км и да ја поврзе со оптика истата, се поретки се базните што се поврзуваат на мајкровејв....

Залудно е да правиме споредба со држава која е 200години отидена пред нас и каде што државата изградила нешто за народот, тука секој си гради за себе, а тоа што ти го гради приватникот некој мора да го плати, во случајов тоа е народот, а не државата.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
Денес во попладневните часови, поради физички прекин на оптички кабел, се појави времен прекин на дел од фиксните услуги на Вип, а заради оптоварување на капацитетите имаше појава и на отежната комуникација кај дел од корисниците на мобилна телефонија. Професионалните екипи на Вип интервенираа брзо, по што овие технички проблеми беа успешно отстранети и се воспостави нормално одвивање на целокупниот сообраќајот.

Би сакале да им се извиниме на нашите корисници за овие несакани технички проблеми и се надеваме дека ќе наидеме на разбирање. оне.Вип во континуитет работи на модернизација и надградување на мрежата со цел да обезбеди посовремена и поквалитетна услуга за своите корисници.

Извор: http://www.vip.mk/media-centar/vesti/-/newsroom-frontend/read/2218527
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.082
Поени од реакции
15.005
Во Кичево кај двајца другари мои кои купиле мобилни од Алиекспрес, не им работи интернетот на ВИП. Прочачкав кај двајцата(различни телефони) и видов дека телефоните фабрички се сетирани на 3Г интернет, а во градот ВИП нема 3Г:tapp:

Еве што има на располагање:

Kajgana Shop

На врв Bottom