Опремата што ја користат е иста цена и во Германија и во Македонија (Телесте, Циско нудат дури и поголеми попусти за поголема количина), за разлика од тука каде што имаш 2 и пол милиони народ и нецел милион потенцијални корисници за двата оператори, во Германија имаш 83 милиони од кои потенцијални корисници над 20милиони.
Не знам точно како се распределени таму, но во глобала инфраструктурата во европските земји припаѓа на државата и ја гради државата, а операторите ја изнајмнуваат (зборувам за линиската), за разлика од тоа во мкд самите копаат, самите градат и инвестираат, а на крај со закон за легализација (член 2а ако си го читал законот налага при легализација целата „канализација“ да ја национализира РМ) пак нема да ја имаат како капитална инвестиција.
Густината на населеност ти е уште еден од проблемите, Мариово сакал или не мора да го покрие било кој од операторите, а таму има потенцијални 200 корисници и површина поголема од онаа што ја зафаќа Скопје со над 200к корисници.
Можеби може да се симнат уште пониско цените во споредба со регионот, но не многу, пазарот е мал, а влогот во опрема е голем и станува збор за еден од најдинамичните бизниси, премногу брзо мора да се мигрира од една на друга технологија и да се прават огромни инвестиции.