ОД „ЛУСТРАЦИЈА“ ДО ДЕСРБИЗАЦИЈА!
Тоа се оние Латасовски или Васкоефтовски прикаски, дека албанците сакаат територија, бугарите сакаат територија, грците сакаат само промена на име, а србите се единствените што ни признале и нација и јазик и територија и имаме само „мали проблеми“ околу црквата.
Трагедијата е што и бугарите и албанците имаат влезено во истиов овој филм, особено албанците. И нив како што гледаме ги лажеле со децении, дека македонците им се крвни непријатели, дека македонците се исто што и србите и дека животот им е многу лош и ќе им се подобри кога ќе си станат свои на своето или кога барем ќе покажат заби со оружје, па ќе им ги натераат македонците (исто како и србите) на отстапки и попустливи решенија.
Сега и они, како и македонците, како и србите впрочем, разбираат дека се било само една голема лага пласирана за цели и интереси на тесен, на мал број луѓе, за чие остварување не се срамеле да „пуштат“ крв до колена ако треба, да закрват цели народи и да уништат материјални добра вредни со милиони и милијарди долари.
Практично, да ја стават сопствената држава и народ во заложништво, да ја унаказат во нејзиниот прогрес и во градењето на пристојни места за живеење на среќни или помалку среќни луѓе, но на луѓе кои ќе имаат подеднакви шанси да живеат и да напредуваат.
Друг пат остави свој коментар, кратки цитати од пренесен текст и извор.