ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Идеалот кон кој Македонија може да се стреми е Израел. Швајцарија, Шведска или нешто слично ќе значи крај за нејзиното физичко постоење во формата во која ја познаваме. И така ќе биде во наредниве 20-30 години сигурно. Не знам дали е страшно, во 2001ва научив дека е неопходно, последниве неколку дена само дополнително ми се потврдува дека е неопходно.

И во 2001ва мобилизацијата беше мизерен процент, блиску до едноцифрен. Тоа е сосема логична работа, многу малку луѓе би гинеле доброволно.
Прво Израел има подршка од САД и Европа. Интересно е истите кои се анти-САД и ЕУ а се про-Русија и Кина се мислам дека Македонија е Израел. Факт е дека никогаш нема МК да биде Израел и недај боже да е. Со тоа доаѓаме до второто. Израел не е убаво место за живеење. Израел е дефакто остров. Неможе да се патува надвор од него освен со брод и авион. После има постојано безбедности контроли на секој чекор и војска и полиција на секаде. Пола свет или сака да ги убие или ги гледа како будали.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
^^^^^Организирани си се тие од пред некој ден.

Иначе ако сакаат да оддадат почит можат тоа да го направат со палење свеќа, а притоа да не се дерат и фалат со тој потег, како сите нормални луѓе на кои не им требаше никаков повик и задолжение тоа да го направат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
Ова е веќе класично ширење параноја. 9 години имавме во Македонија мир и стабилност, се додека тендерите течеа мазно. Сега кога тоне бродот, потребно ни е да бидеме Израел. Само за информација, во Израел и жените служат воен рок. Евреите се луѓе со потполно различен менталитет од нашиот. Тоа дека Македонија може да се направи да наликува на Израел барем малку, е во доменот на храд кор научнаѕа фантастика.

Инаку, 2001 прва не ни се случи затоа што имавме демократско уредување, ни се случи заради еден куп неспособни идиоти.
Од осум загинати, четворица се од Полог. А во Полог живеат едвај 50.000 Македонци. 4% од Македонците дадоа 50% од жртвите. Тие Македонци кои секојдневно живеат со Албанци. Само како показател на мирот и стабилноста кои ги живееме последниве не 9, туку 14 години.

Мене ми се јасни разликите помеѓу нашиот и израелскиот менталитет, ама тоа е само показател дека имаме уште многу за работа. И не бива брзо, наредните генерации се клучни.

2001ва ја изгубивме заради неспособни идиоти, а се случи заради нечии претензии кон Македонија.
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
112
Поени од реакции
172
Pa neli zaev sakal da izvrsi puc !!?? Togas zosto bese povikan vo sovetot za bezbednost eden pucist ??
Samite se izdavate bidejki ne znaete veke kako da go lazete narodot
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.491
Поени од реакции
5.586
Едно прашање од мене, каде е командант Нато? Тој е лидерот на оваа група, тој презеде одговорност за нападот на Гошинце. Зошто него го нема никаде, зошто се одлучи да се спроведи оваа акција без да се фати главата на групата? Зошто да се напаѓа без сигурни информации дека тој се наоѓа таму.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Контра и тоа како, гледаш кој ги форсира овие собири, мислам дека нема да им пали национализмот, ќе се соберат тие кои што мораат заради екзистенцијални причини, плус некои кои од патриотски причини несвесно ќе се вмешаат во партиската каша.

Треба некој попаметен да излезе и да каже што е целта на овие протести, и во 18 часот имало закажано протести против Владата, пазете да не спремале некое сценарио.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
Прво Израел има подршка од САД и Европа. Интересно е истите кои се анти-САД и ЕУ а се про-Русија и Кина се мислам дека Македонија е Израел. Факт е дека никогаш нема МК да биде Израел и недај боже да е. Со тоа доаѓаме до второто. Израел не е убаво место за живеење. Израел е дефакто остров. Неможе да се патува надвор од него освен со брод и авион. После има постојано безбедности контроли на секој чекор и војска и полиција на секаде. Пола свет или сака да ги убие или ги гледа како будали.
Израел моментално нема поддршка ниту од америчката, ниту од европската администрација. Напротив, силно притискаа Израел да се реформира и од надвор и преку петта колона внатре. Нетањаху изигра симултанка и ги победи и едните и другите. И тоа е одличен пример за Груевски како се бранат државните интереси. Треба да проба да го следи.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
ДПМНЕ го организира "маршот", ги влече за уши и членството и администрацијата, со сила ги тераат. Оној кој има барем малку во црпката нема шанси да се појави и да даде подршка на ова валкано сценарио на власта, да граби политички поени на сметка на кутрите полицајци.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Од осум загинати, четворица се од Полог. А во Полог живеат едвај 50.000 Македонци. 4% од Македонците дадоа 50% од жртвите. Тие Македонци кои секојдневно живеат со Албанци. Само како показател на мирот и стабилноста кои ги живееме последниве не 9, туку 14 години.
37% од загинатите полицајц се Срби по националност
1,8% население даде 37% жртви.
И сега каква поука овде да се извлече?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
37% од загинатите полицајц се Срби по националност
1,8% население даде 37% жртви.
И сега каква поука овде да се извлече?
Дека тие од Полог и Србите, кои исто живеат во мешани региони се најзастапени во единиците. Сигурно затоа што се презадоволни од тендерскиот мир и соживотот кој ни е наметнат од 2001ва натаму. Фала што ми ја допотврди поентата. :)
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Дека тие од Полог и Србите, кои исто живеат во мешани региони се најзастапени во единиците. Сигурно затоа што се презадоволни од тендерскиот мир и соживотот кој ни е наметнат од 2001ва натаму. Фала што ми ја допотврди поентата. :)
Шо трескаш бе? Демек некој бира кој ќе загине :popce:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom