Што не очекува наредни неколку дена?
1) Улични судири помеѓу протестанти и контрапротестанти во Скопје и другите градови?
2) Откажување од Турски ток, јавно или најверојатно со таен договор, прекин на протести и немири, опозоционен митинг без посетеност, мораториум на контрапротестантски активности и останување на власт на актуелната гарнитура.
3) Останување на курсот досега, "бомби" + амбасадорски притисоци, осуди од меѓународна јавност и регионалните сојузници (Бугарија) што досега резултираше со помалку од спектакуларен интерес кај пошироката јавност, односно 2-3000 луѓе на протестите.
Целова работа, доколку беше само ради гасоводот ќе се решеше многу лесно мислам. ДПМНЕ ќе добиеше ултиматум и ќе го откажеше проектот под притисок за економска блокада, интеграциони санкции и сл. Големиот лидер немаше да стави се на коцка само нашата напатена земја да ќари некој процент од гасоводот? Или процентот под миленце неможеле да го спогодат.
Или му прекурчило од западот па од нужност мора да гледа кон исток. Европски интеграции да бидеме реални се една голема заебанција, бугарите влегоа во ЕУ па ене ги, заникаде се пак, нит економија нит бутур, иста багра на работ на егзистенција како нас, Србија, Босна, Грција, Албанија па и Словенија и Хрватска не се ништо поарни.
Вака или онака, не Грујо, не Зајко, како што сме тргнале, со 4ца буџетари кои спијат на грбот на 1 еден приватен стопанственик + странски кредити и домашни позајмици, нема да опстанеме повеќе од 4-5 години економски. А тоа повлекува и меѓу етнички тензии.
Без индустрија, без извоз на добра и услуги и поволна клима за истото ние пропаѓаме и на крај една голема балканска војничка ќе преебе се.
А клима за да процути бизнис не се создава во корумпирани држави полни со скандали, непотизам, популизам, полтронство и ред други срања. Кога врвот е да станеш буџетар, без разлика цајкан / платен војник / административно чиновниче и вратоклацкач, невладин дркач или провладин свиркач...пишете Х на целата работа.
Затоа, еден голем среден прст кон Зајкото за неговите што ја испокрадоа земјава првите 8 години, кога во неповрат отидоа капиталните државни фирми. Уште поголем среден прст до актуелниве, кои изнесоа и испраа/испокраа 10 струко повеќе во време кога започна касата наголемо да се полни од ДДВ. Кога огради кои вредат 20000 еура во материјал и изработка ни се продаваат за 1,200,000 еура! Кога споменици кои чинат 15000 еура ни се продаваат за 150,000 еура. Кога наградата за "уметникот" е 1,000,000 еура пошто нели уметноста нема цена, бланко чек е, секој е потенцијален Пикасо. Кога омладината треба 150 испити да полага се со цел да не дигне глава од заебанции до 30 годишна возраст, кои испити не ги вреднува и не се ценат повеќе од просечен курс на запад каде истиве и потоа бегаат...И да не набројуваме.
Најголем среден прст до ликот во огледалото и до сите останати, неврзани за ничија муда кои чекаат некое подобро утре и мислат дека со својата неутралност правдината ќе излезе на виделина, се ќе се среди и ќе живееме како Швеѓани..или Хобити во најмала рака.
Секоја чест на оние што навреме виделе колку е саатот и заминале многу далеку од тука.
П.с. Се оградувам од буџетарчиња кои ќе пробаат да го обојат текстов во партиска/нво/каква и да е боја или агенда. Личен став морони, некои сеуште го имаме, каков таков.