Два кренати прста и извик ровш. Гугл и дебилни објаснувања најмалце ми требаат. Не се знаело дали се Албанци.
Од месечина се познава.
Едно време бевте спин мајстори, и искрено ви симињав капа, во моментов тешки бламатори сте и дури ни кај вашите приврзаници ваквиве работи не поминуваат, апсурдно е што човек ко тебе, интелигентен, се прави со сила слеп и не убедува дека белото е црно.
Со оглед дека во 2001 имавме војна, добро би било да знаеш дека непријателот немал свој симбол, како што нацистите го имаа поздравот, симбол на УЧК не постои таков, никогаш не постоел, прашај било кој албанец на форумов за кои верувам дека ја, ти и било кој на таа тема можеме само вода да им носиме, зашто би те лажеле ...
Да, го користеле, како Победа, тоа никаде не го негирав, напротив, ама тоа не е симбол ко нацистичкиот поздрав, овој гест во секоја земја се користи, дали како Победа или Мир сеедно, тргни само од музичките ѕвезди али ова искрено е најмалку битно и дури и срам ме фаќа што воопшто го дискутирам на ваква тема еј, на Ваква.
Тој дел од Куманово е разурнат, терористите се поразени иако во оваа акција Македонија загуби ПРЕМНОГУ, нивни 14 се мртви, дел од нив се фатени живи, 100 куќи се оштетени и скоро сите на албански граѓани, дел од нив разурнати и прашање е дали тие таму ќе се вратат, а цел свој живот го поминале, самите албанци денови пред ова да се случи пријавиле до надлежните за сомнителна група во тој реон, за каква Победа овде збориш ти ?
Која е основата тоа да го сигнализираат, и тоа со лидер на македонска опозиција, со Македонец, види истите тие луѓе какви прашања му поставуваа, ја не слушнав и не видов некој да скандира за ОВК, ниту пак да пропагира триумфалност ниту пак да плука по македонците, на тоа место, каде што беше Заев, изгубија Сите, и албанците, и македонците.
И сега сосем случајно, спин мајсторите со плакатолепачите кои ги имате на лагер на нет ја пропагирате организирано оваа теза ( нешто слично ко шернувањето на оној текст од Јелена пред некој ден ), ај разбирам дел од нив имаат амеби у глава, ама ти бе човек, ти кој овде мене ми рече, цитирам, сум мочал врз мртвите војници ( алал вера за навредава ), ти види за што се фаќаш а велиш ние тука сме ја релативизирале смртта на нашите војници и сме мочале врз нив, па вие во ваква осетлива ситуација организирано спинувате контра опозицијата, договорено спинувате, е тоа вас ви е битното во моментов, овој мочан, беден и нискоинтелигентен спин, каде сте ставиле слика од Антич како сигнализира дека дал тројка ( ова чисто да посочам колку човек треба да е глуп за да ја тера и таа слика ), спинувате контра лидер на опозиција и се обидувате да удрите на народ против народ ( македонци ) и лажете .... Свесно, е тоа е најбедно, најдолно и најлешинарски.
Се фаќаш за оваа слика, а пази, мене ми викаш дека мочам врз мртвите војници и релативизирам зашто сум го критикувал Иванов, човек кој буквално дур во Куманово се војуваше и гинеа наши војници, се сликаше во Русија на парада, е ова Факт, не спин, не претпоставка, не теорија на заговор, него поразителен факт, тажен факт, апсурден факт, нелогичен и беден ... Факт.
Не збори за дебилни објаснувања, подебилно од ова вашево нема, подолно од ова вашево нема, полешинарско од ова вашево нема, Латас, еден од вашите спин богови, пред недела дена кај Јанко за Гошинце убедуваше дека ова е внатрешен судир во ДУИ, нема допирна точка со сдсм, јанко зинат го гледаше разочаран од одговорот, истиот тој Латас викендов по наредба форсира друг спин, дека сдсм удриле врз нашите војници, истиот тој човек кој убедуваше нешто сосем спротивно неколку дена претходно, али стандард, во моментов класична спин бламажа со резил на крајот од тоа негово излагање каде кажа па добро, има и други битни работи освен Куманово кои треба да идат у вестиве.