Еј, го удавивме човекот. Ќе помисли дека имам нешто лично против него.
Да, Надзорен Одбор. Власта имаше големи проблеми да најде стручни луѓе за тој одбор, оти сите електро-инжинери отидоа во опозиција. :wink:
Туневски кој беше сменат непосредно по Распадот на електроситемот, децидно изјави дека тендерот за набавка на мазут не е негова надлежност, зошто, еве гледаме овие денови ( ОКТА - Неготино - Големи Потрошувачи).
Инаку, за тој Распад - објаснувањето на потпаролите за Грција, Србија и сл. беа прикаски за мали деца.
За Големите потрошувачи: Ако се сложиме со ставот на Чингоски, цитирам:
"Интересно е да се напомене, дека ваков вид на идустрија е типичен за ниско и
средно развиени земји кои се енергетски богати, и тоа од две причини, заради
еколошки лошите параметри кои ги носат со себе овие индустрии, и заради
ниските цени на ЕЕ. За да биде ситуацијата уште полоша, во РМ не само што не
постојат ефтини извори на ЕЕ, туку не постојат и соодветни суровини за
производство на овие метали, руда се увезува од Албанија или од други земји,
кокс исто така, како и старо железо! На тој начин, станува силно дискутабилно
работењето на овие капацитети и за нивниот допринос во девизниот прилив во
земјава."
Тогаш кој, и со кој памет дозволи да се рестартираат тие капацитети, и се прикажуваа како големи странски инвестиции.
И сега се поставува, каква макро-економска политика и треба на Македонија, а да има мал инпут на енергија, и голем девизен прилив.
Можеби Хај-Теч технологија, или пак екстензивно земјоделие и сточарство со кандила.
За Нуклеарката, од која се почна:
Изградба на Нуклеарка никој не спомнува, затоа што со тоа НЕМА да се реши проблемот со недостиг на струја во Македонија.
Пак Чингоски (овој пат во позитивен контекс)
Новинарите на прес конференција упорно го прашуваат зошто ја исклучува ТЕЦ Осломеј со образложение дека имаме вишок на струја, а од друга страна увезуваме струја. На Чингоски му пука филмот и им одговара:
" А зошто тоа вас ве интересира ? Вие дома имате струја "
Јас дома :tv: :pos2:. Чингоски беше во право.
Новинари како новинари не знаат дека има два вида на оптеретување:
Базично и Врвно. На Македонија и недостасува пред се Врвно оптеретување, кое се поизведува во скромниот хидрокапацитет и во ТЕЦ Неготино. Арно ама поскапувањето на мазутот за околу 140 % и игрите околу ОКТА и ТЕЦ Неготино ја усложнија ситуацијата.
Базичното оптеретување, ако работат сите капацитети се покрива, дури понекогаш имаме и вишоци. кои итоа како можат да направат проблеми ако соседниот електро-систем не може да ги превземи.
Евентуалната изградба на Нуклеарка би ги заменила Термоцентралите, ама пак ќе имаме кусок од врвна енергија, за што пак треба да се инвестира во Хидро-централи или Гасни турбини.
Ако се обидеш Нуклеарна Централа да натераш да ти го покрива Врвното оптеретување, односно да ја "дрнкаш" нагоре-надолу, е дури тогаш некој добро ќе профитира од бизнисот со цитостатици.