Нуклеарна енергија

Gradenje na nuklearna centrala vo Makedonija?

  • Podrzuvam

    Гласови: 131 60,4%
  • Ne podrzuvam

    Гласови: 57 26,3%
  • Vozdrzan sum

    Гласови: 29 13,4%

  • Вкупно гласачи
    217

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Nekoi raboti vo makedonija stanuvaat mnogu ponuklearno opasni od nuklearkite na ABC, taka da grckata dzeva , ako ne se diga po toj povod , ...... za nuklerna ic nema ....:)
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
.....Во моментов во Македонија има само двајца луѓе кои би можеле да ја повлечат таа инцијатива и иницијативата да има некакви резултати....
Тоа се Вицепремиерот Ставревски и Директорот на ЕЛЕМ....
Дали е ова истиот Директор ...

http://www.vmro-dpmne.org.mk/vesti/vest.asp?id=1293

Ама ова Чингоски го пишуваше пред изборите ...
Денес, истиот тој од ЕЛЕМ ги избрка сите оние кои ја познаваа проблематиката, вклучувајќи го и мојот професор по Ел. Централи - Арсенов. Значи сите оние кои можеа да му наштетат во се поголемиот бизнис со увозот и извозот на струја.

ДА, ДА, добро прочитавте, во летниот период Македонија извезува т.н.
Базична енергија во Грција во вид на хавариски вишок, кој никаде не фигурира, а некој од тоа добро заработува. Токму поради ова неколку години со ред во летниот период НЕ БЕА извршени редовните ремонти на РЕК Битола, што доведе до зачестени дефекти на истиот.

Дајте повеќе инфо за ова преписка со Французите, баш ме интересира, иако и јас мислам дека пристапот е погрешен.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Дали е ова истиот Директор ...

http://www.vmro-dpmne.org.mk/vesti/vest.asp?id=1293

Ама ова Чингоски го пишуваше пред изборите ...
Денес, истиот тој од ЕЛЕМ ги избрка сите оние кои ја познаваа проблематиката, вклучувајќи го и мојот професор по Ел. Централи - Арсенов. Значи сите оние кои можеа да му наштетат во се поголемиот бизнис со увозот и извозот на струја.

ДА, ДА, добро прочитавте, во летниот период Македонија извезува т.н.
Базична енергија во Грција во вид на хавариски вишок, кој никаде не фигурира, а некој од тоа добро заработува. Токму поради ова неколку години со ред во летниот период НЕ БЕА извршени редовните ремонти на РЕК Битола, што доведе до зачестени дефекти на истиот.

Дајте повеќе инфо за ова преписка со Французите, баш ме интересира, иако и јас мислам дека пристапот е погрешен.

Јас сум сигурен дека не го познаваш човекот, кога можеш така да зборуваш за него....

Еден од малкуте кои било кога во Македонија биле поставени на вистинското место....
и кои заслужуваат таква позиција.....

Можам да се пофалам дека го имам задоволството Чингоски лично да го познавам и мојот став е дека Чингоски е исклучително чесен човек....

И уште една работа....најразвојно ориентиран директор што македонската енергетика го имала досега.....

И за да нема забуни....од Јули 2006 јас сум во опозиција....:toe:
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Јас сум сигурен дека не го познаваш човекот, кога можеш така да зборуваш за него....

Еден од малкуте кои било кога во Македонија биле поставени на вистинското место....
и кои заслужуваат таква позиција.....

Можам да се пофалам дека го имам задоволството Чингоски лично да го познавам и мојот став е дека Чингоски е исклучително чесен човек....

И уште една работа....најразвојно ориентиран директор што македонската енергетика го имала досега.....

И за да нема забуни....од Јули 2006 јас сум во опозиција....:toe:
Да, Чингоски не го познавам лично.

Но да тргниме по ред: Најпрво беше обвинет за ненаменско трошење и злоупотреба на милионски суми од страна на Управниот Одбор на ЕЛЕМ (во УО беа сите блиски до неговата партија). Сите кои не мислеа како него беа експресно сменети. Потоа Тунески беше обвинет дека не распишал тендер за мазут за ТЕЦ Неготино и сменет, иако како директор на МЕПСО, тоа не беше негова одговорност, туку на менаџментот на ЕЛЕМ. Во следната "чистка", на името не се сеќавам, но си замина и човекот кој успеа за само два часа да ја извлече Македонија по Распадот на електросистемот кон крајот на јуни.
Сето ова мене ми е малку чудно ?!

Инаку неговата развојна стратегија е отприлика оваа:

[media]http://www.nbrm.gov.mk/WBStorage/Files/3_Tekst_ELEM.pdf[/media]

Тука, барем за оние кои барем малку ја познаваат електро-енергетиката, нема ништо ново или непознато.

Овие мерки со исклучување на големите потрошувачи можеби ќе ја подобрат енергетската ситуација, ама тоа не е развој туку враќање назад едно 12 - 13 години, за што пишував во првата порака.

И да не заборавам, за жал во таа стратегија никаде не е спомната Атомската централа на АБЦ.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Ако го прочиташ внимателно мојот пост погоре кај што го прашувам АБЦ, ќе вичиш дека тоа и ми беше муабетот.

Досега, значи до денешен ден, не е поведена посериозна иницијатива за изградба на Атомска Централа......без разлика дали на АБЦ, на ОПРСТ или на некој друг......
Под посериозна иницијатива подразбирам разговорите за тоа да се отидени на највисоко ниво и таму да се размислува дали и колку е возможна реализација, да се нарачаат физибилити студии, итн.

Тоа што кажав дека Чинговски е најразвојно ориентиран...не беше во контекст на изградба на нуклеарка.....
туку дека од сите досегашни директори во македонскиот електро-енергетски сектор, Чинговски најмногу се труди да направи нешто.......
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
А што се однесува до големите потрошувачи....ако се конкурентни на пазарот...ќе успеат.....најверојатно со намалување на профитот.......
во секој случај економски лудо е да се дозволи големите потрошувачи да си обезбедуваат огромни профити преку повластената цена на електрична енергија, а ЕЛЕМ за сметка на тоа едвај да крпи за проста репродукција.....
Кај се тука проектите на ЕЛЕМ.....од каде средства за нивна реализација......??????
Наместо парите да се наменат во развој на нови проекти.....тие беа буквално горени преку повластената цена....Е па извини.....Ама така не оди!!!

Мој личен став е дека ова требаше да се направи многу порано.....
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Е сега за ова.....
Прво, Чингоски не беше обвинет од Управниот Одбор туку од Надзорниот Одбор на АД ЕЛЕМ.......
Со сета моја одговорност тврдам дека во таа приказна немаше никаква грешка од страна на Чингоски, туку во позадина имаше нешто друго од страна на одредени членови на Надзорниот Одбор.....
ама за тоа не би сакал да зборувам.......

Второ, имаше заклучок работењето на ТЕЦ Неготино до неговата продажба (која не се случи) да биде во надлежност на АД МЕПСО како одговорен за одржувањето на електро-енергетскиот систем и баш поради тоа ТЕЦ Неготино беше ставен на располагање на МЕПСО.
ЕЛЕМ во ниеден момент од поделбата и издвојувањето на ЕЛЕМ, МЕПСО, ЕСМ и Неготино, немал надлежност врз работењето на Неготино.
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Еј, го удавивме човекот. Ќе помисли дека имам нешто лично против него.

Да, Надзорен Одбор. Власта имаше големи проблеми да најде стручни луѓе за тој одбор, оти сите електро-инжинери отидоа во опозиција. :wink:

Туневски кој беше сменат непосредно по Распадот на електроситемот, децидно изјави дека тендерот за набавка на мазут не е негова надлежност, зошто, еве гледаме овие денови ( ОКТА - Неготино - Големи Потрошувачи).

Инаку, за тој Распад - објаснувањето на потпаролите за Грција, Србија и сл. беа прикаски за мали деца.

За Големите потрошувачи: Ако се сложиме со ставот на Чингоски, цитирам:

"Интересно е да се напомене, дека ваков вид на идустрија е типичен за ниско и
средно развиени земји кои се енергетски богати, и тоа од две причини, заради
еколошки лошите параметри кои ги носат со себе овие индустрии, и заради
ниските цени на ЕЕ. За да биде ситуацијата уште полоша, во РМ не само што не
постојат ефтини извори на ЕЕ, туку не постојат и соодветни суровини за
производство на овие метали, руда се увезува од Албанија или од други земји,
кокс исто така, како и старо железо! На тој начин, станува силно дискутабилно
работењето на овие капацитети и за нивниот допринос во девизниот прилив во
земјава."

Тогаш кој, и со кој памет дозволи да се рестартираат тие капацитети, и се прикажуваа како големи странски инвестиции.

И сега се поставува, каква макро-економска политика и треба на Македонија, а да има мал инпут на енергија, и голем девизен прилив.

Можеби Хај-Теч технологија, или пак екстензивно земјоделие и сточарство со кандила.

За Нуклеарката, од која се почна:

Изградба на Нуклеарка никој не спомнува, затоа што со тоа НЕМА да се реши проблемот со недостиг на струја во Македонија.

Пак Чингоски (овој пат во позитивен контекс)
Новинарите на прес конференција упорно го прашуваат зошто ја исклучува ТЕЦ Осломеј со образложение дека имаме вишок на струја, а од друга страна увезуваме струја. На Чингоски му пука филмот и им одговара:

" А зошто тоа вас ве интересира ? Вие дома имате струја "

Јас дома :tv: :pos2:. Чингоски беше во право.

Новинари како новинари не знаат дека има два вида на оптеретување:
Базично и Врвно. На Македонија и недостасува пред се Врвно оптеретување, кое се поизведува во скромниот хидрокапацитет и во ТЕЦ Неготино. Арно ама поскапувањето на мазутот за околу 140 % и игрите околу ОКТА и ТЕЦ Неготино ја усложнија ситуацијата.

Базичното оптеретување, ако работат сите капацитети се покрива, дури понекогаш имаме и вишоци. кои итоа како можат да направат проблеми ако соседниот електро-систем не може да ги превземи.
Евентуалната изградба на Нуклеарка би ги заменила Термоцентралите, ама пак ќе имаме кусок од врвна енергија, за што пак треба да се инвестира во Хидро-централи или Гасни турбини.

Ако се обидеш Нуклеарна Централа да натераш да ти го покрива Врвното оптеретување, односно да ја "дрнкаш" нагоре-надолу, е дури тогаш некој добро ќе профитира од бизнисот со цитостатици.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Ха ха ха.....

Искрено...ме изнасмеа со ова последново....за цитостатиците.....

Скраја и далеку било........


Мислам дека не си во право со тоа дека на Македонија и фали само вршна енергија....
Јас мислам дека и фали едно 300 MW базна...........и тоа е она што под итно треба да го обезбедиме.....
Не викам дека не треба да се работи и на вршна енергија.....
еве започнати се пет шест хидро проекти....што во фаза на тендер...што во фаза на изградба......тука ќе има скори резултати (за околу 10 години ќе бидеме топ на тоа поле....)
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Protiv. Ova so Chernobil sto se sluci e dovolen fakt deka posledicite sto se od nukleranata energija se mnogu poopasni otkolku pozitivniot pridones. I den denes nesrekata sto bese im vlijae stetno i treba da pominat mn godini za da se obnovi i zemja i se. A zitelite koi se vo blizina na Chernobil, imaat takvi promeni vo genite sto toa ke vlijae mn na idnite generacii.
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Мислам дека не си во право со тоа дека на Македонија и фали само вршна енергија....
Јас мислам дека и фали едно 300 MW базна...........и тоа е она што под итно треба да го обезбедиме.....
Не викам дека не треба да се работи и на вршна енергија.....
еве започнати се пет шест хидро проекти....што во фаза на тендер...што во фаза на изградба......тука ќе има скори резултати (за околу 10 години ќе бидеме топ на тоа поле....)
Вршната енергија можеш да ја користиш како базна, ако имаш доволно вода или плин. Обратно не може.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Вршната енергија можеш да ја користиш како базна, ако имаш доволно вода или плин. Обратно не може.
Точно....одличен пример за тоа е Норвешка
ама многу време треба за хидрото.....
А што се однесува до гасните електрани за изградба треба многу малце...околу две години......
Само не ми е јасно зошто гасните ги ставаш во категорија на производители на вршна енергија......Мислиш дека толку лесно можеш да ја пуштиш во погон и да намалиш и наголемиш оптоварување?
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Само не ми е јасно зошто гасните ги ставаш во категорија на производители на вршна енергија......Мислиш дека толку лесно можеш да ја пуштиш во погон и да намалиш и наголемиш оптоварување?
Гасните турбини работат на ист принцип како и авионските, поточно турбо-пропелерните мотори, и некои тенковски мотори. Значи дирекно вртат осовина. Излезните гасови се користат за вториот степен - добивање на прегреана пара која погонува класична парна турбина.

Значи, Првиот степен е Вршен, а Вториот Базичен.

Кај ТЕЦ Неготино потребен е само Првиот степен, Вториот степен го има, само треба да се прилагоди и да се отфрли мазутот, ама пуста ОКТА ...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Дечки,една нуклеарка на Балканот ако има това нема значение каде ке е.Сите можеме да пострадаме ако стане нешто лошо.Да пази Бог!Веке 30 години има нуклеарка и нема проблем на Балканот.Видехме шо стана като затвориха една част от неа-целиот Балкан изпадна во енергетска криза-некои повеке,некои помалце.
Сега знаеме дека се градат 2 нуклеарки на 100%-Белене и Чрна Вода.Тиа двете ке задоволат Балканот со струja за много години напред.МК имаше покана да инвестира во Белене,незнам дали е отбиена или нема реакциа,но ако не го направи това сеге,след 10 години ке изпадне во ГОЛЕМА енергетска криза и тогава цената на КW/h нема да е 0,03 цента, а ке е може би и 0,06 цента.
Во нуклеарките треба да се инвестира ако сакаме целиот балкан да варви напред.Нема икономика без струja!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom