Нуклеарна енергија

Gradenje na nuklearna centrala vo Makedonija?

  • Podrzuvam

    Гласови: 131 60,4%
  • Ne podrzuvam

    Гласови: 57 26,3%
  • Vozdrzan sum

    Гласови: 29 13,4%

  • Вкупно гласачи
    217
Член од
25 јуни 2007
Мислења
13
Поени од реакции
0
Една современа држава не може да се надева на инвестиции до колку не е во состојба да обезбеди енергија за капацитетите кои очекува да бидат изградени на нејзина територија.Ова значи дека Македонија не смее да си дозволи луксуз да нејзината енергетска слика зависи од добрата воља на соседите.Точно е дека атомската централа е потенцијална атомска бомба меѓутоа шансите за посериозна хаварија се практично минорни.Од друга страна постоењето на атомски централи во нашето непосредно опкружување ја прави таа опасност ирелевантна.Со ова не велам дека атомска централа треба да се гради обавезно на територијата на Македонија меѓутоа во најмала рака треба да се партиципира во некоја која ке се гради во непосредна близина.
Што се однесува до Влатко Чинговски , го ценам како стручњак во обаста на енергетиката ,меѓутоа тој сега е политичар ,а политиката и здравиот разум не одат заедно.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
И Хрватска сака уште една,а Албанија веќе распиша тендер,тука е и Бугарија со Белане а кај Србите сеуште нема толкав проблем.Иран распиша тендер за 20 нуклеарни централи.А Турција исто не чека маслинка,Македонија ги има најубавите и најатрактивни предуслови за нуклеарка но доколку не се запише на списокот нуклеарка сигурно нема да има.Замислете 9 нуклеарни реактори на едно ненаселено место,со руда во близина за нивни погон како и одлични мест за складирање на радиоктивен отпад.Па тоа никаде го нема во светот.:)
Една современа држава не може да се надева на инвестиции до колку не е во состојба да обезбеди енергија за капацитетите кои очекува да бидат изградени на нејзина територија.Ова значи дека Македонија не смее да си дозволи луксуз да нејзината енергетска слика зависи од добрата воља на соседите.Точно е дека атомската централа е потенцијална атомска бомба меѓутоа шансите за посериозна хаварија се практично минорни.Од друга страна постоењето на атомски централи во нашето непосредно опкружување ја прави таа опасност ирелевантна.Со ова не велам дека атомска централа треба да се гради обавезно на територијата на Македонија меѓутоа во најмала рака треба да се партиципира во некоја која ке се гради во непосредна близина.
Што се однесува до Влатко Чинговски , го ценам како стручњак во обаста на енергетиката ,меѓутоа тој сега е политичар ,а политиката и здравиот разум не одат заедно.
Eптен голем стручнак што знае дека со цени на струјата кој варираат од 20-100 евра може да пишеш што и да сакаш,особено доколку добар дел од парите не мораш ни да пријавиш како си ги заработил.

Ќе
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Замислете 9 нуклеарни реактори на едно ненаселено место,со руда во близина за нивни погон како и одлични мест за складирање на радиоктивен отпад.Па тоа никаде го нема во светот.:)
Ова намерно не го спомнав во првата порака, чекав некој да "скокне".

Јас веќе 30 год. ги слушам тие, не знам, шпекулации, митови и сл. дека во тој и тој регион има природни резерви на ураниум, дека таму 50 год. не се раѓаат машки деца, дека Американците ни даваат огромни пари ....

Еве да претпоставиме и дека постои такво место, треба да се знаат неколку работи:

1. Таа руда не се црпи со лопата и се фрла во реакторот (Амерички црно-бел филм со парна локомотива). Постојат сложени процеси на нејзино рафинирање (центрифуги и сл.), кои Македонија нити ги има, нити ќе и дозволат да ги има.

2. Значи, овде некоја странска компанија само би го екплоатирала евентуалното наоѓалиште. При тоа не водејќи сметка многу за еколошкиот аспект (пак Амерички лош филм со директор на компанија - негативец). Значи, ова би можело да бара или перманентно труење на населението, криење на статистиката за заболувања од рак и распишување на тендери за гореспомнатите цитостатици. Или пак повторно иселување на истите луѓе, сега заедно со уште 100 000 други, само што нема повеќе да се вика Прилеп, туку NYLEP, претпоставувам.

За радиоактивниот отпад. Интересно е да се спомене следното:
Последниве десетина години се слушаат гласини дека кон тој регион се упатуваат конвои со големо полициско обезбедување. Лично не сум видел, а верувам само во она што ќе видам.

Ако некој од надлежните, и има намера да повече иницијатива за изградба на нуклеарка, а гледам дека нема, досега треба да го припрема јавното мислење за тоа, а не да прави кампањи за се и сешто.

За Чигоски. И јас го ценам како стручњак (сепак постар колега ми е). Ама ако Груевски и Ставревски не можат да сфатат дека ситуацијата со енергија во Македонија е сложена, да не речам критична, тој треба да ги "седне", и да им ја објасни. Или тројцата се политичари, како што напиша cenzura.

Македонија не само што нема енергетски капацитети, на истек се и енергетските ресурси.

Малку offtopic, а можеби не е. Што мислите, за што е сета оваа "фрка" околу нуклеарната програма на Иран, војната во Ирак, проблемите во Чеченија, Косово ... Помина времето кога војни покренуваа големи војсководачи или заматени умови, денес војните ги почнуваат базнисмени и банкари, политичатите се само извршители.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
13
Поени од реакции
0
Го кажав мојот став околу темата без да се осврнувам на пишувањето на другите затоа што не сакам да полемизирам со луѓе кои немаат друга работа освен таа да бараат закачки.Во моето слободно време пишувам по некој коментар на теми за кои мислам дека моето мислење е релевантно(нормално не само на овој форум и не само под ова име).Како интелектуалец кој дипломирал на тема од областа на енергетиката мислам дека Македонија нема друга алтернатива освен да обезбеди сопствени извори на електрична енергија.Од коментарите кои ги прочитав сватив дека Snajper и KeBo имаат пошироки познавања на оваа тема меѓутоа верувам дека и самите знаат оти форумот не е место за поширока и подлабока анализа на темата.Да не должам ,ако ги прашате оние кои студирале енергетика верувам дека над 90% од нив ќе се изјаснат за атомска централа на еден или друг начин.
Што се однесува до Чинговски јас тврдам дека има познавања меѓутоа ќе повторам дека човекот сега е политичар, а политичарите обично не го зборуваат тоа што навистина го мислат.
Што се однесува до она " ЌЕ":
ABC! Некоректно од твоја страна затоа што тоа го сваќам како да си ми рекол : Неписмен еден!
Еве однапред се извинувам до колку при пишувањето направам некоја правописна грешка.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2

Шо ви е муабетов со ЌЕ со АБЦ...

Не го разбирам???
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
13
Поени од реакции
0
Една современа држава не може да се надева на инвестиции до колку не е во состојба да обезбеди енергија за капацитетите кои очекува да бидат изградени на нејзина територија.Ова значи дека Македонија не смее да си дозволи луксуз да нејзината енергетска слика зависи од добрата воља на соседите.Точно е дека атомската централа е потенцијална атомска бомба меѓутоа шансите за посериозна хаварија се практично минорни.Од друга страна постоењето на атомски централи во нашето непосредно опкружување ја прави таа опасност ирелевантна.Со ова не велам дека атомска централа треба да се гради обавезно на територијата на Македонија меѓутоа во најмала рака треба да се партиципира во некоја која ке се гради во непосредна близина.
Што се однесува до Влатко Чинговски , го ценам како стручњак во обаста на енергетиката ,меѓутоа тој сега е политичар ,а политиката и здравиот разум не одат заедно.
И мене ми беше тешко да откријам каде е ама го најдов.Во прашање е "lapsus errata" и се надевам дека оваа преписка овде и ќе заврши и дека понатаму повеќе ќе се грижиме за содржината ,а помалку за формата.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
ха ха
добри сте...никогаш немаше да забележам

Готово

Иначе АБЦ не ми одговори на прашањето шо ти го поставив во однос на тоа како замислуваш лично и приватно да ја реализираш твојата иницијатива?
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
Охридското езеро е голем източник на вода и ова ке ви обезпечи нуклеарката. Плус 4-5 билиона еуро, кои биха могли да се намерјат от странски инвеститори. Квалифицирана работна р'ка...хммм, евентуално можно е отнек'де. Обаче уран-а отде ке го зимате? Кој ви е казал, че Б'лгарија, С'рбија, Г'рција или Албанија ште ви го транзитират, както и нуклеарниат отпад? Много ме с'мнјава, че нјакој ште ви го позволи..
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ха ха
добри сте...никогаш немаше да забележам

Готово

Иначе АБЦ не ми одговори на прашањето шо ти го поставив во однос на тоа како замислуваш лично и приватно да ја реализираш твојата иницијатива?

Не ја реализирам,имало и поинтересни работи во животот како на пример седење пред комјутер и пишување на разни теми.20 години јас разработувам план како да реализирам една идеја,практично од "распепелувањето" на паднатиот филтер во РЕК кога си замислив зошто да не си направиме една нуклеарка која ќе не лади во лето а ќе не грее во зимо.Разработував планови,правев анализи,се едуцирав по медиуми па проучив практично "се" за нуклеарни реактори и нивна изградба,ги посетував рудниците за ураниум кој се во непосредна моја близина вршев оцена на теренот за изградба што е во мој домен и квалификации посетив изградба на нуклеарна централа во Финска за подобро да ја разберам "грандиозноста" на таков проект,друго е кога ќе видиш со свои очи нели?Контактирав со Французи и Руси кој прават нуклеарки и ги пуштаат во употреба.И на крај си велам па добро бе зошто јас да се малтретирам за на некој "дебил" да му било потопло во канцеларијата и да имал повеќе пари на својата сметка,никогаш не излегуваќи на терен и мислеќи дека струјата е бесплатна.Си свртив друг лист и едноставно се откажав од сите намери,финансиски сум добро ситуиран да си овозможам просечен живот со моето семејство без да си ја трескам главата за некој таму што не знае ни јајце да свари а начукал 20-30 години стаж па очекува солидна пензија.Инаку сега ми е сеедно дали ќе имаме редукција или струјата ќе била скапа,практично како за сите така и за мене.Затоа овде на форумов за оние што се заинтересирани пофторувам уште еднаш дека Македонија ги има најидеалните услови за грандиозен блок на нукеарни централи кој би произведувале можеби најефтина струја во светот со оглед на блиското нуклеарно гориво кое ќе биде само 10-15 км оддалечено од теренот што го проценив како идеален за изградба како никаде во Европа.И сега ми се интересни запомагањата на некои како ќе сме биле последната дупка на Балканот без енергетски ресурси и без никаква перспектива.:)
 
Јас моето прашање го поставив во однос на еден твој поранешен пост кај што ти кажуваш дека ќе го реализираш проектот нуклеарна централа по твоја лична и приватна иницијатива.......
Ама добро...нема врска...

Ова што го слушам од тебе ми се допаѓа......во однос на тоа дека со твоите истражувања си дошол до заклучок дека Македонија ги има најидеалните услови за грандиозен блок на нукеарни централи кој би произведувале можеби најефтина струја во светот со оглед на блиското нуклеарно гориво кое ќе биде само 10-15 км оддалечено од теренот

Ако не е проблем би сакал да знам за колкава инсталирана мочност се работи.....

Иначе да се надоврзам на еден од претходните постови на KeBo, нуклеарката може да се користи како извор на вршна енергија, ама индиректно....Затоа постојат реверзибилните хидроцентрали....Значи се што е вишок....наместо да стискаме кумплунг.....ќе се упатува таму....
Е сега проблемот е што ние немаме ниедно реверзибилно хидро...дури сега во тек е тендерот за изградба на една таква.....
Муабетов го правам затоа што ако вака размислуваме енергетскиот систем на РМ е една целина и доколку во некоја скора иднина падне одлука за изградба на нуклеарка.... тогаш се што е хидро во близината треба да биде реверзибилно......

Дали некој знае дали е возможно постоечкиве хидроцентрали во РМ да се доработат за да работат како реверзибилни.... и колку тоа би чинело...со оглед на тоа што најверојатно секаде би требало да се гради уште една акумулација...... БЛАГОДАРАМ НА ОДГОВОРОТ
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
Навистина не би можел да кажам дали постоечкиве хидроцентрали можат да се надградат да бидат реверзибилни. Плус не работам ни ви електростопанство, ни во топла канцеларија на некоја владина институција, да можам да кажам колку тоа би коштало.

Таквата надградба не е само конструктивен проблем, треба да се води сметка за еколошкиот минимум и други еколошки аспекти, потребни се измени и доградби на електро-преносот и мн. друго. Денешните, евентуални вишоци на базна енергија се користат главно за билатерална размена, а понекогаш и да се стави некое милионче во џеб ...

Кај нас треба или требало да се оди на каскадно искористување на исти водени потенцијали повеќе пати, ама тоа бара поголеми инвестиции.

До АБЦ:

На кои рудници за ураниум мислеше, дај повеќе инфо, не биди толку мистичен.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Ќе ви одговорам и на двајцата па да заштедам простор и време би ве упатил на една малку подлабока дискусија токму на Кајгана која беше заклучена иако имаше солидна посетеност и конструктивност.:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=1342
 
Член од
28 февруари 2006
Мислења
63
Поени од реакции
1
Јас моето прашање го поставив во однос на еден твој поранешен пост кај што ти кажуваш дека ќе го реализираш проектот нуклеарна централа по твоја лична и приватна иницијатива.......
Ама добро...нема врска...

Ова што го слушам од тебе ми се допаѓа......во однос на тоа дека со твоите истражувања си дошол до заклучок дека Македонија ги има најидеалните услови за грандиозен блок на нукеарни централи кој би произведувале можеби најефтина струја во светот со оглед на блиското нуклеарно гориво кое ќе биде само 10-15 км оддалечено од теренот

Ако не е проблем би сакал да знам за колкава инсталирана мочност се работи.....

Иначе да се надоврзам на еден од претходните постови на KeBo, нуклеарката може да се користи како извор на вршна енергија, ама индиректно....Затоа постојат реверзибилните хидроцентрали....Значи се што е вишок....наместо да стискаме кумплунг.....ќе се упатува таму....
Е сега проблемот е што ние немаме ниедно реверзибилно хидро...дури сега во тек е тендерот за изградба на една таква.....
Муабетов го правам затоа што ако вака размислуваме енергетскиот систем на РМ е една целина и доколку во некоја скора иднина падне одлука за изградба на нуклеарка.... тогаш се што е хидро во близината треба да биде реверзибилно......

Дали некој знае дали е возможно постоечкиве хидроцентрали во РМ да се доработат за да работат како реверзибилни.... и колку тоа би чинело...со оглед на тоа што најверојатно секаде би требало да се гради уште една акумулација...... БЛАГОДАРАМ НА ОДГОВОРОТ

Мислиш да работат во компезаторски режим.
Ако си мислел на тоа Хидроелектраната Козјак може.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Не....реверзибилен режим е кога водите кои веќе поминале низ централата...се акумулираат во таканаречена долна акумулација.....и во часовите кога има помала потрошувачка....вишокот електрична енергија од било кој извор на базна енергија (вклучувајќи и нуклеарка) се користи за напојување на пумпите кои ја враќаат водата од долната во горната акумулација на хидорцентралата.....
Ова е поволно затоа што оптоварувањето на нуклеарките и термото не може брзо и често да се менува, па затоа наместо кога имаме вишок производство да стискаме квачило...односно да ја пуштаме оската да врти напразно....електричната енергија ја насочуваме таму.....
 
Па со проектот "NukleuS 3x3" заедно со браната Чебрен го имав токму тоа во обзир,како и "биреверзибилната" работа на целиот систем во еден ефтин и практичен мелиоративен систем за наводнување на блиската Пелагонија,ама кому му е галје за тоа нели?:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom