Повторно нешто необично.
Модифициран бајонет.
Човек кога има доволно слободно време и му е досадно си наоѓа разни занимации јас ова го направив на страна која не е наострена ја направив во некаков квази конвех и на веќе наострената ги отстранив "рамениците" така што бајонет може да се користи како обичен нож и во процесот на шмирглање ножот се исполира и го нема тој "мат" изглед исто и куката каде што треба да се стави ремник за раката да ја држи да не се лизне ја извадив затоа што немам потреба и комотно може палецот да се стави за да може да се примени притисок при сечење.
Додатно направив адаптер за ножот да може на модерен начин да се намести на ранец,тактички елек,панцир или опасач и едноставно да се вади и става.
Од кога ќе се "модифицира" сечивото преформансот на ножот огромно се зголемува и се гледа неговиот вистински квалитет.
Прегледај го приврзокот 181729 Прегледај го приврзокот 181730
Намената на овој нож е за генерална теренска работа со што може сите улоги да го задоволи просечно и се елеминира потреба од носење повеќе од еден алат.
Самиот нож е екстремно робустен и ја држи острината долго време,а релативно брзо и лесно се донесува до тој степен што може да бричи.
Го имам повеќе години и единствен недостаток е дистинктивниот изгед кој го има и неможе да се користи секаде и пред секого бидејќи реално да зборуваме некој да извади обичен Гербер,Мора или кинески нож на никого да му е чудно каде што бајонет е директно поврзан со нанесување телесни повреди.