Гледам постови наназад не е јасно зошто е 'Воин на Коњ''.... дај бе оладете малце бе слепци сме не гледаме кој е на споменикот !!! Има некои затскриени финти чим така го нарекле неможе у јавност да се каже затоа го нарековме така, ние можеме да нагаѓаме само а и архитектот го има наречено ''Споменик на Александар Велики'' така да ... Гледам некој клошари не се свесни за тоа кои се и што се а и не ме зачудува дека имаме такви луѓе, зошто нашиот народ никогаш не страдал толку од душманите колку од нашите изроди предавници ...
Се надевам дека си во право, посебно што гледав на вести и Грција пишува во весници дека ставаме статуа на Александар Македонски, па исто така и странските весници тоа го пишувале (вадеа вести од Интернет)... Така што без разлика што и да кажат нашиве, сите веќе знаат дека се работи за Александар Македонски. И тоа е одлично
Без разлика, останувам на тоа дека името „Александар Македонски“ треба да остане како име на скулптурата, додека владата само како работно име на скулптурата го ставила „Воин на коњ“ (власта е крива итн
). Уште повеќе, што „Александар Македонски“ треба да биде јасно напишано во близина на споменикот, т.е. на столбот.
Е сега, гледам дека се вика „Александар Велики“, а не „Александар Македонски“... Претпоставувам дека *тука* е најголемиот компромис што го правиме, што според мене не е најдобро решение, но веројатно е нужно во овој момент. Се надевам дека во иднина и тоа ќе го подобриме.
А дека споменикот ќе биде колосален, тоа е јасно. И добро е што е така, според мене, зашто треба да биде така. Не многу луѓе знаат за Гоце Делчев, за Даме Груев, за Гемиџиите, за Ченто... Но за Александар Македонски секој знае.