Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Како и да е, ...вака се губат гласови за избори.
Народната: „Село гори, баба се чешла!“. Државата тони во долгови и мизерија, важно имаме убави лавови, коњи, војводи и сл.

Место да се концентираме на реформите и да се инвестира во квалитет ние одиме во декорации и кич.
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
ја мислам на плостадон фали и еден фалангист со 6 метарско копје.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Не знам ти повеќе знаеш да не беше на некој семинар од партијата или тате беше шетано дете си ти.Во Љубљана живеат Словенци да живеат и во Скопје и тоа ќе е средено.Среденоста не ја прават парите туку културата на народот.
Еве ти го Словенскиот парламент парава комунистичка зграда.
Зошто тие не прават нов од 30 милиони евра.Нашите по заслужни да не се од словенските.Но од инат може и една вреќа сол да се изеде.
Според Википедија правецот е модернизам.
А инаку до ден денешен Словенците сонуваат за пропуштен дизајн, толку многу што го ставиле на Еврото.

Не ме чуди да го направат ова, кога ќе дојде време.

Инаку морам да кажам дека се сложувам за (не)културата на нас Македонците. Но ајде, кажи ми ти како би ја подигнал свеста на нас Македонците? Како ќе им ја кренеш свеста на луѓе што паркираат на 3 паркинг места со една кола и секој ден зборуваат за колку пари имало во ЕУ... кажи ми како... да знаме што да бараме од оваа и следните влади!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Не знам ти повеќе знаеш да не беше на некој семинар од партијата или тате беше шетано дете си ти.Во Љубљана живеат Словенци да живеат и во Скопје и тоа ќе е средено.Среденоста не ја прават парите туку културата на народот.
Еве ти го Словенскиот парламент парава комунистичка зграда.
Зошто тие не прават нов од 30 милиони евра.Нашите по заслужни да не се од словенските.Но од инат може и една вреќа сол да се изеде.
Мене ако ми се свиѓаат спомениците, незначи дека сум бил на семинар од партија,или дека сум дел од некоја партија..:uvo: И ја за тебе не мислам дека си од комуњарите тоа што не ти се свиѓаат.. И ти кажав отвори гугл и направи споредба, а тоа што сме некултурни копита како народ, и да сме шеици па исти кур ќе бидеме, некултурата и сељачанството не упропасти начисто
 
T

Tetro

Гостин
Поставени два од четирите лавови на мостот „Гоце Делчев“

Поставени два од четирите лавови на мостот „Гоце Делчев“

Исправени и во стражарска положба. Двата лава рано утринава пристигнаа на мостот Гоце Делчев. Подготовките траеја долго - почнаа во 6 часот изутрина, направија хаос во сообраќајот, а во 14 часот лавовите од проектот „Скопје 2014“ стоеја гордо на јужната страна од мостот.

Според авторите, тие треба да ја симболизираат македонската историја, низ која отсекогаш се провлекувал лавот.

Мојата замисла беше да го претставам лавот во реалистична положба и стражарски. Исто така лавот е пропратен со релјефи“, рече Дарко Дуковски, автор на лавовите.

На релјефите ќе се најдат и личности од македонската историја на кои досега не им бил изграден спомени. Сирма војвода, Дедо Иљо Малешевски, Партение Зографски, Григор Прличев. Од општината Центар се задоволни - мостот Гоце Делчев доби чувари.

„Моментално се врши и крајна изработка на постаментите кои ќе бидат обложени со камен травертин, ќе има партерно уредување околу постаментите и ќе имаат облоги од релјеф од околу 40 квадрати“, вели Јовица Ацковски, портпарол на општина Центар.

Двата лавови чинат еден милион и сто педесет илјади евра. Колку од овие пари се слеале на сметката на авторот, никој не кажува.

„Не знам тоа, жена ми ги води тие работи“, додаде Дуковски.

„Во моментов не располагам со таа информација“, рече Ацковски.

И додека за власта, лавовите ја симболизираат историјата, за опозицијата се залудно трошење пари.

„Само со парите од овие два лава, можеше да им се реши проблемот на млекарите или да се реновираат две болници“, изјави Андреј Петров.

„Господинот Андреј Петров треба да се засрами што преку ниски и недолични прес конференции сака да го делигитимира ангажманот на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Александар Бичиклиски

Новите споменици се високи 3.5 метри и се изработени во леарницата во Фиренца. Се очекува до крајот на неделава да бидат поставени уште два лава, на другата страна од мостот.



Досега, во рамките на проектот „Скопје 2014“ беа поставени спомениците на Гоце и Даме, Кирил и Методиј, Ченто, Климент и Наум и на гемиџиите.

За овие и за останатите споменици во центарот на градот што допрво треба да се постават, ќе се потрошат вкупно 17 милиони евра.

 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
За авторот на лавовите немам зборови. Попрост човек одамна на телевизија неам видено... Информацијата дека се поставени лавови на мостот Гоце Делчев ја видов на Сител (најпартизирана телевизија во цел универзум). Реакциите од народот што они ги дадоа беа: вауу супер, одлично, феноменално, величествено и еден куп други синоними за нешто добро... Друга страна немa. На прашање од новинарот зошто главата на лавот е поголема од телото, авторот едвај избра зборови да каже дека главата на лавот мора да биде поголема од телото :tapp:

Лавот е симбол на Македонија. Живеел во минатото на овие простори, бил речиси свето животно во Македонското кралство, го има на востанички знамиња, на огромен број грбови,... па дури и на грбови на денешни партии кои крадат стара слава. Се е одлично и супер, изгледа феноменално и величествено (особено Ченто),но не е во моментов погодно време да се прави сето тоа... Прво да се среди економија, здравство и образование па послеможе и Ајфелова кула и втора Бурџ Халафа и нов Таџ Махал да се направи (без разлика кој е на власт)... Скопје 2014 во добар дел е одличен проект за економски стабилна држава :smir:
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Стварно лавојве без муда ги напраеле?Ебати лавојте такви.:pos2:
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.823
Поени од реакции
5.630
За авторот на лавовите немам зборови. Попрост човек одамна на телевизија неам видено... Информацијата дека се поставени лавови на мостот Гоце Делчев ја видов на Сител (најпартизирана телевизија во цел универзум). Реакциите од народот што они ги дадоа беа: вауу супер, одлично, феноменално, величествено и еден куп други синоними за нешто добро... Друга страна немa.
чекај бе па и ти :)) нека дојдат вестите на А1 ќе ја видиш страната што ја очекуваш и реакциите од граѓаните што очекуваш да ги слушнеш...
p.s сеа е 19:50 гарант јаи имаш слушнато и "другата страна" и некако поубаво се чувствуваш, нели.. поубаво е кога некој плука по нешто, коа некој фали нешто тогаш не чини
p.p.s па не си ни морал да ги чекаш вестите.. има коментари од читателите на сајтот на А1
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
чекај бе па и ти :)) нека дојдат вестите на А1 ќе ја видиш страната што ја очекуваш и реакциите од граѓаните што очекуваш да ги слушнеш... p.s сеа е 19:50 гарант јаи имаш слушнато и "другата страна" и некако поубаво се чувствуваш, нели.. поубаво е кога некој плука по нешто, коа некој фали нешто тогаш не чини
Ни А1, ни Сител ми се во топ листа. Јасно е ко 2+2 кој за кого е и што може да се очекува. Субјективни информации, па затоа и народов ни е крајно ограничен. Прима се што ќе му се изџвака од други. За сам да проџвака требаат заби... Ако не се согласуваш со тоа што моментално се прави добиваш етикета на првокласен комуЊар од страната на БЦ, а ако се согласуваш тогаш си најголемиот патриот што го крепи мајка Македонија... Се плука зошто и има причина да се плука. Се пази на естетиката, на убавината на градот и државата, а народот од ден на ден потсеќа на статуата на питачот карши Дел фуфо (НГ мисли на сите нели?)... Ама ако, што се сме поминале низ вековиве па ова да не го поминеме... Има времеи сите ќе пораснат :)
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Се согласувам дека лавовите се и македонски симбол, за тоа не треба да има дилема, ама можеле да ги направат поубави, повеличествени. За мен оваа скулптура е скроз промашена инвестиција (Даме, Гоце и другите бронзени скулптури од 2014 ми се допаѓаат). Стојката на лавовите премногу здрвена, статична, ко да се препарирани. Штета.



Еве според мене стилизирана, величествена скулптура на лав (Taft Bridge Lions - Washington, DC). Иако е легнат има извесна динамика - со несимтричната поставеност на нозете, подигнатата глава, подотворената уста.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Поставени уште два лава на мостот Гоце Делчев

Поставени уште два лава на мостот Гоце Делчев

Автор: Катарина Стојанова
29 август 2010, 09:46
Извор: Макфакс/Фото Лазо Трпков


Преостанатите две скулптури на лавови од вкупно четири, утринава беа поставени на северната страна на мостот Гоце Делчев.
Лавовите се поставени на двете страни од мостот во стражарска положба. Изработени се во леарницата „Фернандо Маринели“ од Фиренца, од авторот Константин Јанев.
„Изработени се од бронза, тешки се по 5,5 тони, а високи се 5 метри. Изработени се во бронза и поставени на армирано бетонски постаменти со релјефи од бронза, со висина од 3,5 метри“ - вели портпаролот на општина Центар Јовица Ацковски.
Двата лава чинат 1 милион 180 илади евра и се дел од владиниот проект „Скопје 2014“./крај/кс.
А јас мислев дека од претходните два не можат да направат погрди :tapp:
 
М

Мартин`

Гостин
Катастрофа се овие последнице како од цртан филм оној што ги изработувал да ги гледал ..




:pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom