Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Визуелизација :)


Мене скулптурата како е направена на сатанизам ми личи, исто со такава енергија е и новото веро што се гради во скопје карши банките.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Извор Sitel

Интензивно се гради споменикот “Карпалак” во Прилеп 16.08.2010 - 15:41
На корисна површина од близу 6.000 метри квадратни, во строгиот центар на градов, за неколку месеци треба да “блесне” грандиозниот споменик “Карпалак” со висина од 15 метри, околу кој ќе биде изграден и новиот кружен сообраќаен тек.

И покрај летната жега, веќе десетина дена интензивно се работи на адаптирањето на теренот.
Со овој проект, според Нешкоски, градот ќе добие три благодети, чиј заеднички именител е нов, современ архитектонски изглед на овој централен градски простор.
Во моментов, поради изведувањето на работите, сообрќајот во овој дел од градот се одвива под посебен режим.
Обидот, и на овој начин да се среди градскиот сообраќаен хаос, наидува на поддршка и одобрување и кај граѓаните.
Целиот проект, како компилација од три сегменти: споменик, кружен тек и партерно уредување, се очекува да биде завршен кон крајот и почетокот на наредната година, а истиот ќе чини околу 36 милиони денари, од кои дел се средства од Владата, адел од Локалната самоуправа Прилеп
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Извор Утрински Весник

И коњаникот на Сандански ќе се лее во Белград

Бронзената коњаничка скулптура на Јане Сандански, првата што воопшто ќе се постави на подрачјето на Аеродром, ќе се лее кај северниот сосед во белградската леарница „Јеремиќ“ за речиси 150.000 евра. Општинарите ја одбрале токму оваа леарница поради најевтината понуда на јавниот повик на кој доставиле понуди уште пет леарници од странство.

„Главен критериум при изборот беше цената, која носеше 100 бода. Избраната понуда на леарницата ‘Јеремиќ‘ беше најниска, второрангираната изнесуваше 213.017 евра, а на останатите понудувачи цените беа уште повисоки“, информираат од општината, која го направи изборот на леарницата за леење на коњаничката скулптура дури во вториот обид откако по распишувањето на првата јавна набавка, надлежните не прифатија ниту една понуда, наводно, поради бараните превисоки суми за леење.

Инаку, белградската леарница неодамна за речиси 330.000 евра ја ангажираше и општината Гази Баба за леење на споменикот на Филип Втори и фалангата, што ќе се постават на плоштадот во Автокоманда. Бронзениот споменик на Јане Сандански е предвидено да се постави во близина на раскрсницата што ги дели населбите Аеродром и Ново Лисиче, на булеварот „Јане Сандански“ од страната на Аеродром, поточно дијагонално на новата пошта. Споменикот ќе се работи според идејно решение на скулпторот Гоце Давидов, чие дело победи во конкуренција од 16 автори. Коњаничката скулптура ќе достигне висина до 8,5 метри и ќе се постави во централниот дел на предвидениот миниплоштад.

За реализација на овој проект Општина Аеродром има издвоено 100.000 евра, а толку пари за истата намена општинарите добија и од Владата. (Дс.Т.)
 
Член од
16 август 2010
Мислења
41
Поени од реакции
2
што помногу споменици и такви работи народе!
само така до побогата историја!!!

сега Скопје ке личи на вистински македонски град!!!! нели?!
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Извор Вест

Сумата од 650.000 евра, за која Стевановска потпишала договор со Општина Центар, е сума за комплетната изведба на фонтаната, почнувајќи од идејното решение до комплетна изведба до фаза на леење во бронза, и тоа на 8 човечки фигури, 2 лава, 3 метри коњаник ( модел ) и моделирање на коњаник од 13 метри
Скулпторката Валентина Стевановска, која ги изработува споменикот на Александар Македонски и фонтаната за плоштадот Македонија, потпишала договор со Општина Центар за 650. 000 евра за изработка на сите елементи кои се вклопени во оваа споменична целина. Иако, како што вели, во договорот убаво стои за што се се потребни тие пари, според неа, јав носта има впечаток дека се работи за нејзин хонорар. Таа вели:
"Најмалку од сe сакам да зборувам за авторскиот хонорар. Би сакала да зборувам за моите дела и инспирации, но чувствувам потреба да објаснам.
Јас со Општина Центар немам потпишано договор само за авторски хонорар. Сумата од 650.000 евра е сума за комплетната изведба на фонтаната, почнувајќи од идејното решение до комплетна изведба до фаза за леење во бронза, и тоа на 8 човечки фигури, 2 лава, 3 метри коњаник ( модел ) и моделирање на коњаник од 13 метри.
Триста квадратни метри релјеф, со длабочина од 20 сантиметри, квадратура која одговара приближно на 7 - 8 поголеми скулптури.
Значи за да се изведе сето ова, јас со Општината потпишав договор на 650.000 евра, односно 40.000.000 денари, а само 10 проценти од сумата е авторски хонорар", вели Стевановска.
Таа додава дека споменикот на Плоштадот во Скопје за неа бил голем предизвик, и овие две години дала сe од себе да се докаже како квалитетен вајар и зад себе да остави дело кое ќе биде препознатливо за Македонија. "Тешко ќе можете да ме разберете, сe додека не ја видите фонтаната поставена на Плоштадот, дури тогаш сите ќе ја разберат големината на ова дело", вели Валентина.
М. Зафировска

Војниците, лавовите и релјефот се излеани


Стевановска пред две недели се вратила од Фиренца каде што се лее цело спомен-обележје. За динамиката на работата, Валентина вели: "Сите релјефи во бронза се излеани, и во моментот во Италија се спојуваат. Исто така, војниците и лавовите се излеани и испатинирани. Два прстена од релјефите во бел мермер се комплетно завршени и се работи на третиот релјеф. Коњаникот од 13 метри е во фаза на леење, пред две недели се вратив од Фиренца, делови од коњаникот беа во фаза на восок, на кој јас работев на текстурата, односно на моделација на коњаникот. Се очекува да биде готов до средината на 2011 година".
Осумте војници кои ќе бидат поставени на платото под Александар се високи околу 3 метри. Има два типа лавови, од кои по четири ќе бидат поставени на фонтаната, и на Плоштадот околу фонтаната. Стевановска вели дека коњаникот или Александар ќе биде висок 13 метри, а според договорот, столбот кој е во бел мермер со релјеф има 300 квадратни метри, и тој е висок речиси колку Александар.
Војникот ми изгледа одлично, дури и повеќе одошто се надевав, ама лавот (лавовите) не баш. Ми личи на мечка во фацата, а и нозете не му се ко шо треба.

Друго се плашам дека големината на Александар и целокупната композиција (фонтаната) ќе ги засенчува и гуши: Гоце, Даме и останатите споменици, но и околните згради (Палатата Владе Ристиќ) ама ај ќе видиме да не зборам пред време.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Спомен фонтана Тоше Проески, Локација Ново Лисиче




Не е баш скулптура (фонтана е), ама веројатно би можела да се смести во скулптури (ако ништо друго бар поради централниот дел и според тоа што носи име на личност). Ако ни и е тука местото, бришете

--- надополнето ---



Општина Центар рано утринава почна со поставувањето на двете спомен-обележја „лав“ на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“, во присуствуво и нивните автори Елена и Дарко Дуковски.
Од општината изјавија дека поставувањето на лавовите започна рано утринава заради избегнување на посериозно попречување на сообраќајниот режим.
Извор



Од рано утрово мостот Гоце Делчев доби стражари. Две од четирите скулптури лавови, во секој момент треба да се издигнат пред мостот од страната на владата на Република Македонија.

Од рано в мугри се доспремуваа постаментите за три и пол метри високите лавови – кои според авторите, се своевидни симболи на македонската историја.

Создадени се во Фиренца и чинат милион и сто педесет илјади евра. Се очекува деновиве и другите два лава да го пополнат другиот дел од Гоце Делчев, наспрема стоковната куќа мост. Во рамките на проектот Скопје 2014-та досега беа поставени спомениците на Гоце и Даме, Ченто, Кирили и Методиј, Климент и Наум и на гемиџиите.

Извор
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
oni praat skulpturi oti toa ke ostane be braa a od nas smrtnicite niso nema da ostane, crvi ke ne jada, zatoa nie ne sme bitni, bitno toa so ke ostane da svedoci za Makedonija a posle koa ke izumreme ke srusat sve toa brakata poso toa ne e del od niven identite.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.483
Поени од реакции
6.865
Гледам еден куп глупи и прости коментари како лавот не бил дел од нашата историја и ние сме краделе од другите.
кога веќе знаат толку добро е да ги потсетиме!








 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Анализа на Коментари од посетителите на А1 Телевизија (интернет портал)

1.boom од skopje cair на 24.08.2010 во 13:02 напиша: koja istorija koji lavovi da e cresevo topce ok e da e tutun ok e da e piperka ili patlidzan ama lavovi smesno
Ова е човек што нема појма од Македонска историја...
2.Ardian од skopje на 24.08.2010 во 12:56 напиша: uste toa ni falese. kako li samo si igraat so narodot, alal da im e.
Личен став.
3.X-man од Skopje на 24.08.2010 во 12:55 напиша: Da dade Gospod da ve izedat lavovite
Кој на кој да изеде не знам.
4.Граганин-она што го нема од во Македонија на 24.08.2010 во 12:54 напиша: што се плашат луѓево од лавовите? па не е ова стариот рим во кој христијаните се пуштале на лутите ѕверови да ги распарчат.па тие се мирни и не напаѓаат гладни и ослабени лица.

инаку за „уметниците„ кои не знаат колку пари им легнале на сметките, им предлагам иако се тоа „смешно мали суми„ истите да ги донираат на некоја добротворна организација, а тие да си работат само за слава.и така во МКД има многумина кои работат но не добиваат материјална евалуација за тоа. додуша има и обратно, да примаш плата а да немора да одиш на работа (блазе си им на таквите како си ја уредила живеачката)
За овој коментар немам коментар бидејки немам појма што сака да каже авторот со првиот дел. За вториот незнам, можеби тој знае за некакво перење пари. Ако знае нека пријави.
5.Валентин од Скопје на 24.08.2010 во 12:47 напиша: Со кој памет се поставуваат стоечки лавови ?

Да се седнати лавови, тоа е веќе нешто, ама стоечки, не само што е опасно, туку и воопшто не е во тек со оригиналната уметност низ Европа и светот.
Па нели цело време „Барокот“ бил „Европски“ не бил Македонски? Сега проблем е што лавовите не се доволно Европски... а инаку во средновековната хералдика (која што се применува и денес... ова се вика „lion statant“)
6.ВЕДНАШ ОДАМ од Скопје на 24.08.2010 во 12:52 напиша: Сите споменици се дел од македонската богата историја негирана и крадена од соседите. Цела Европа е со лавови симбол исто така карактеристичен за Македонија. Мора да го имаме.
Некој што знае нешто.
7.Cece од Skopje на 24.08.2010 во 13:12 напиша: Eee, so milion i sto pedeset iljadi evra sto ke se napravese! Perilnica za pari se ova spomenicive! ...
сака да каже дека ако она би била на власт, парите би ги применила кон други работи. Тоа е нејзин личен став и овде нема што да дава позитивна или негативна анализа.
8.Toni од skopje на 24.08.2010 во 12:44 напиша: Bravo be, allall da vi e, nemat 10 denari za leb a imat milioni za lavovi, za sto??? za tuga istorija.

„Лавот е македонски симбол кој се провлекува во нашата историја уште пред нашата ера". Koj saka da go laze avtorot??? ili taka go naucil Gruevski, da laze :)))
Туѓа историја? ЕПИК ФЕИЛ. А анализата дека Груевски лажел некој е тотално непристојна и навлегува во политичка а не историска игра. Лавот беше многу пред Груевски, многу после Груевски ќе стои.
9.Aaaa од Aaaa на 24.08.2010 во 12:38 напиша: bravo, sega ke odam do tamu da gricnam od niv, posto neam za jadenje...
Не ти препорачувам...
10.igor на 24.08.2010 во 12:31 напиша: Nesaglam rabota. Uste za lavovi sme, ama zivi da gi izedat Grujo i kompanija. A ovoj umetnikov i ostanatite prasajte gi kolku ke uplatat vo kasata na VMRO. Sramota za narodot sto ima vakva Vlada. So 1 milion evra ke se napravese uste edna bolnica ili ke se renoviraa nekolku.
Личен став, можеби и валиден коментар... се зависи од како ги гледаш работите.
11.Боби од Скопје на 24.08.2010 во 12:27 напиша: Па нека смее да не' нападне некој сега!
ЛоЛ. Џабе само мостот на Гоце го чуваат. :)
12.nie од skopje на 24.08.2010 во 12:29 напиша: lepot poskapuva, sekoj den i se potesko stanuva a spomenici samo se postavuvat, "sekako ovie spomenici se kupeni, naracani vo vremeto koga drzavata unapreduvala"

razbudi se narode razbudi se
Активно спротиставување на сегашната влада. Кој сака нека коментира...
13.Anonimen од Skopje на 24.08.2010 во 13:17 напиша: Abe ajde, so 3l Jogurt ni presmetuvaat deka 4 cleno semejstvo zivee, a tie 1,5 milion za lavovi, 1,5 milion za gemidizi...

Mizerija!
Економијата не работи баш така во капитализмот ама ај... да не се правам експерт.
14.Зоран на 24.08.2010 во 13:16 напиша: Во училиште историја не ми беше нај омилениот предмет, ама не се секавам ниеден комита или ајдут да беше поврзан на било кој начин со лавови....Ако се мисли на тоа дека лавовски се бореле...не знам.

Само во време кога народот гладува, не знам дали лавовите беа најсоодветно место да се трошат парите на даночните обврзници. Мислам дека имаше и подобри начини тие пари да се слееја во изнемоштеното Македонски стопанство, и со тоа граганите ке увидеа дека владата мисли на нив. Вака имаме впелаток дека владата се грижи за историјата, а не за народот.
Првиот дел на овој коментар е ЕПИК ФЕИЛ. А знамињата што имаа на нив? Сигурно немаа куп пари нацртано.
Вториот коментар е личен став за тоа како требало да се применат пари од буџетот на еден оддел на владата во друг.
15.Goce од USA на 24.08.2010 во 13:23 напиша: Go napravivte gradot kako spomen-kosturnica....
Личен став за естетиката на просторот. (најверојатно мисли на центарот на градот)
16.petre од nea vrasna на 24.08.2010 во 13:26 напиша: glata da vi ja jadet
Незнам за кој е наменет коментарот.
17.MARIJA од PRILEP на 24.08.2010 во 13:29 напиша: KATASTROFA
Личен став.
18.Mitre od dolnodupeni од Skopje на 24.08.2010 во 13:30 напиша: Кои лавови кои истории кои бакрачи.Гоце да не сакаа да го стават...или имал лав на табакерата..или пак на машната?

Алооо..ова е за кражба а не за историја...Ако е за историјата...Македонија е ослободена и воспоставена како држава под ПЕТОКРАКАТА а кај Ченто и срп и чекан...Тоа ќе го негирате...Или ослободители биле Бугарија и предавниците??? Ајде изјаснете се...Срамота ...крадења...крадења...крадења...
Прв дел ти е крш... на Кајгана има подфорум Историја, треба малку да се прочита.
Втор дел... да да Ченто со петокраката беше и со српот беше и со чеканот... на крајот му ги забодија сите три. Па сега ако мислиш дека на споменик треба да му стојат... повели.
19.Век од Скопје на 24.08.2010 во 13:31 напиша: Ако мислите дека ова што го живееме е славен период во кој треба да се востоличи гордоста на еден народ, тогаш градете уште поимпозантни скулптури. Но невработеност од 35% повеќе укажува на срамно време во кое повеќето луѓе нема што да прославуваат. Факт е, излезете и проверете сами. Потонати сте во самодопадливост и игнорантство...
Тука има вистина. Невработеноста во Македонија е навистина голема.
20.Bruce Lee од Stip на 24.08.2010 во 13:38 напиша: I Cak Noris ke se isplase od niv...
Виц.
21.Kiro zeleznicarot од Skopje на 24.08.2010 во 13:42 напиша: Samo so parite od dvata lava i od spomenikot na gemidziite ke se otvorese supermoderen centara za dijaliza i ke se spasea stonina luge.

Kako ne vi e sram i zal ova sto go pravite vie od vmro.Ke dade gospod ke padnete i ke odgovarate za se sto mu pravite na siromasniot narod.

Gospod taka gi ima postaveno rabotite,da se sto ne cini ili e loso mora da propadne.

Banda nevidena.
Јас како што знам владата има нарачено апарати за болниците. Незнам... можеби не сум во право.
22.simbol од skopje на 24.08.2010 во 13:44 напиша: Aj za mnogu godini, makedonija vecna,

E ova e makedonija
Благослов.
23.AUUUU од Kocani на 24.08.2010 во 13:46 напиша: Uzas ,sramota, mizerija , beda vo koj svet ziveat Gruevski i kompanija zdravstvoto vo kolaps ekonomija mrtva firmi se zatvoraat na sekoj cekor narodot gladuva tie lavovi postavuvaaat epten se zabegani epten ova e veke horor film .Samo se plasam da ne mu tekne na nekoj zastranet up do lavovite i zirafi i antilopi da postavi pa taman koga ziveeme kako vo Tanzanija i okolinata da ni odgovara BRUKAAAAAAA
Личен став.
24.Славе од Скопје на 24.08.2010 во 14:06 напиша: Мислам дека кога владата ќе падне, сите овие споменици и статуи (лавови, Александар, револуционери на магариња) ќе може да се урнат со чисто срце и мирна совест, бидејќи тие не се никаков симбол на македонската држава и историја (тој симбол се самите луѓе, а не нивните извитоперени статуи), туку се гротескен симбол на фашистичко-популистичката фаза низ која минуваме и која не осакати за долго време.
Ти треба терапија. Всушност не терапија... малку изучување на Македонската историја.


Со ова сакам да докажам дека луѓето немаат појма од Македонска историја. Џабе ни се и лавовите гледам, кога многумина не знаат што се. А можеби многу добро знаат но не им одговара... можеби од немаштија неможат да ги видат... како и да е јас сум ЗА ЛАВОВИТЕ. Само да го средат и просторот околу нив.

Поздрав.

--- надополнето ---

Да да и Сир Ланселот е п опотекло од македонија тој на својот штит носел македонска хералдика :vozbud:




http://www.knightsofavalon.com/timpo.htm
Терај си сеир ти... како треба ова да го сфатиме? Активно негираш дел од Македонската историја? Нема проблем, во твојата глава и во твојот круг негирај, ама зарем не е лажење да се негира нешто што е вистина?
Ако мислиш дека лавот не е Македонски симбол или/и симбол на Македонија кажи слободно... не да го споредуваш со апликација на фигура која е плод на фантазија. (инаку и оваа представа на лавот сака влечи историја од британските лавови ... ама додека тие си ја величат историјата ти ја исмејуваш својата)

Гледаш разлика? :kesa:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
[/COLOR]

Терај си сеир ти... како треба ова да го сфатиме? Активно негираш дел од Македонската историја? Нема проблем, во твојата глава и во твојот круг негирај, ама зарем не е лажење да се негира нешто што е вистина?
Ако мислиш дека лавот не е Македонски симбол или/и симбол на Македонија кажи слободно... не да го споредуваш со апликација на фигура која е плод на фантазија. (инаку и оваа представа на лавот сака влечи историја од британските лавови ... ама додека тие си ја величат историјата ти ја исмејуваш својата)

Гледаш разлика? :kesa:

Абе кој тера сеир? Од каде тогаш Лавот како симбол на сир Ланселот? Истито Лав жолт на црвена основа како што го прикажува денешното вмро како негов симбол? Па што мислите вие, имате одговор? ја верувам дека Лавот е од македонија како симбол и токму не случајно и шкотите го имаат и гајдата е од македонија и можеби некои предци на ланселот биле од македонија.

п.с. инаку во филмот од 1953 година Knights of the Round Table (MGM 1953) така е прикажан Сир Ланселот.

http://www.imdb.com/title/tt0045966/

а еве и трејлер од филмот.

http://www.imdb.com/video/screenplay/vi3781558297/

јас не се шалев јас вистина верувам во симболите и дека сир ланселот е македонец.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
гајдата е од македонија и можеби некои предци
За гајдите, имаше во еден напис за историјата на едно нивно племе кое потекнува од гевгелискиот регион колку што ме држи сеќавање.
Еве го, токму на Кајгана беше муабетот
http://forum.kajgana.com/showthread.php?36740-Македонско-Шкотска-врска&p=2364271&viewfull=1#post2364271

Инаку лавот го имало дур и во Шведска, но коментарите во медиумите на Рамковски (воглавно) се дека лав имало само у??? Африка :) Истото го коментираа истите медиуми кога требаше да се носи грбот на Македонија.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Ако вака се признава историја јас препорачувам сите пари на државата да се трошат за споменици.Штета што нашата историја е само во нашите учебници и никој не ја признава не само Грција.
Едно време комунистите се отепале од споменици за ``големите борци`` сега овие претераа треба во се да се има умеренос.Ова заличува веќе на забавен парк Лас Вегас таму има Кеопсова пирамида ,триумфални порти,Ајфелова кула сите се со голема историска вреднос.

Но сепак кога си изградивме автопатишта насекади железницата ни е најсовремена со 300 на саат се вози по неа.Сите имаме водоводи канализации,изградивме атомска централа.Па за што да трошиме пари освен за споменици затоа го оправдувам тоа.
Само сега фали за да се задоволи и опозицијата а и поголем дел од власта еден споменик на најсаканиот човек на овој народ Другарот Тито а може и на другарот Лазо Колишевски.

Штом овој народ се ежи на вакви работи добро прави владата што го му го пружи ова.Јас сум повеќе за патишта,енергетика.
Погледнете ја Словениа 10 пати побогата држави ни има подобар стадион од нас ни сала ни споменици ни парламент ни згради на администрацијата.Каде ги трошат тие пари Словенците не знам.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Ако вака се признава историја јас препорачувам сите пари на државата да се трошат за споменици.Штета што нашата историја е само во нашите учебници и никој не ја признава не само Грција.
Едно време комунистите се отепале од споменици за ``големите борци`` сега овие претераа треба во се да се има умеренос.Ова заличува веќе на забавен парк Лас Вегас таму има Кеопсова пирамида ,триумфални порти,Ајфелова кула сите се со голема историска вреднос.

Но сепак кога си изградивме автопатишта насекади железницата ни е најсовремена со 300 на саат се вози по неа.Сите имаме водоводи канализации,изградивме атомска централа.Па за што да трошиме пари освен за споменици затоа го оправдувам тоа.
Само сега фали за да се задоволи и опозицијата а и поголем дел од власта еден споменик на најсаканиот човек на овој народ Другарот Тито а може и на другарот Лазо Колишевски.

Штом овој народ се ежи на вакви работи добро прави владата што го му го пружи ова.Јас сум повеќе за патишта,енергетика.
Погледнете ја Словениа 10 пати побогата држави ни има подобар стадион од нас ни сала ни споменици ни парламент ни згради на администрацијата.Каде ги трошат тие пари Словенците не знам.
Ти ако не си бил у Словенија и Љубљана, барем отвори google earth и види каква е Словенија.. Види ја Љубљана колку е средена па после збори
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Ти ако не си бил у Словенија и Љубљана, барем отвори google earth и види каква е Словенија.. Види ја Љубљана колку е средена па после збори
Не знам ти повеќе знаеш да не беше на некој семинар од партијата или тате беше шетано дете си ти.Во Љубљана живеат Словенци да живеат и во Скопје и тоа ќе е средено.Среденоста не ја прават парите туку културата на народот.
Еве ти го Словенскиот парламент парава комунистичка зграда.
Зошто тие не прават нов од 30 милиони евра.Нашите по заслужни да не се од словенските.Но од инат може и една вреќа сол да се изеде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom