Z
zmej gorjanin
Гостин
Пошто ми писна више од постови од типот владата троши пари на споменици наместо да вложува во инфраструктура и здравствени установи и постови од типот гладен е народот требало фабрики да се отворат, па сега владата е таа изгледа што треба и леб да му стави во уста на народот и сама фабрики да му отвори. Ајде да видиме дали Владата троши пари само на споменици.
Подобрување на патната инфраструктура на ниво на републиката
Во среднорочниот акционен план эа иэградба, рехабилитација и одржување на патната инфраструктура эа перидот 2009-2014 година, предвидено е да се инвестираат околу 450 милиони евра. Од тоа, околу 120 милиони евра се веќе обеэбедени од Светска банка и ЕБРД эа иэградба и реконструкција на регионални и локални патишта. Буџетот на Агенцијата эа патишта во 2009 е эголемен на 130 милиони евра, од кои 16 милиони евра се эа одржување, а остатокот эа иэградба и реконструкција на патиштата. Тоа ќе овоэможи во 2009 конечно да эапочне иэградбата или реконструкцијата на со децении најавуваните делници Радовиш-Струмица, Поречие-Скопје, Смрдива вода-ски центар Кожуф, Куклиш-Банско, Тетово-Јажинце, обиколницата околу Охрид (Желеэничка), влеэната клучка кај Битола, Градско-Росоман, Стенковец-Блаце, Скопје-Танушевци, Илинден-Калуѓерец, Ржаничино-Св.Николе, Лакавица-Неготино, Давидово-Раброво, Страцин-Пробиштип, Струга-Дебар, Прилеп-Македонски Брод, Прилеп-Кривогаштани, Превалец-Смојмирово, Струмица-Дојран, Аргулица-Зрновци, Василево-Вељуса, Радовиш-Конче, како и стотици локални патишта кои се предложени од општините како приоритетни эа следниот период.
Инвестирањето на голем иэнос на средства эа иэградба, реконструкција и одржување на патиштата во периодот 2009-2014 година, не само што ќе овоэможи да се надомести эаостатокот од последните 20 години, туку и да се прошири и подобри патната мрежа во државата. Покрај краткорочните ефекти во насока на ублажување од последиците на светската криэа врэ македонската економија, ваков сериоэен инвестиционен циклус во патната инфраструктура на долг рок ќе ја подобри конкурентноста на македонската економија и нејэините потенцијали эа раэвој.
Реконструкција на 40 здравствени установи
Ќе се реновираат и скопските поликлиники Идадија, Букурешт, Јане Сандански, општите болници во Гостивар, Прилеп, Битола, Велес, Струмица, Штип, Заводот за Нефрологија во Струга, Психијатриските болници во Негорци и Демир Хисар. Министерството за здравство почна со темелна реконструкција и изградба на 40-тина јавни здравствени установи во целата земја.
- Проектот ќе се одвива во 3 фази, првата фаза ќе опфати реновирање на 20 јавни здравствени установи.
Целиот проект чини 110 милиони евра. Парите се обезбедени преку кредит од Банката за развој при советот на Европа и од буџетот на министерството за здравство.
145 нови спортски сали, санитарни јазли, училиштен инвентар, лаптоп за секој професор и други капитални инвестиции.
А сега конкретно за Скопје
Подземен коридор, трамвај и паркинг за 2.000 возила
Подземна сообраќајница со три коловозни ленти, трамвајска станица и паркиралиште за 2.000 возила ќе се гради на потегот меѓу булеварите "Партизански одреди" и "Кузман Јосифовски-Питу". Овој најнов проект на Институтот за просторно планирање, урбанизам, сообраќај и екологија на Македонија-ИН ПУМА предвидува делницата во должина од 1,2 километра да понира на раскрсницата кај Соборниот храм "Свети Климент Охридски", потоа да помине под плоштадот "Македонија" и да излезе на просторот кај kомплексот банки и транспортниот центар.
Коридорот под земја ќе се гради на длабочина од 7,5 метри, а под плоштадот, поради избегнување на постојните подземни инсталации, тунелот ќе оди и подлабоко на 8,5 метри, што практично значи дека сообраќајницата ќе поминува под станбени објекти со плитки темели што нема да ја попречат нејзината изградба. Трасата за која станува збор ќе ги избегне објектите на "Тифани", "Македонски телекомуникации", "Македонска пошта", кои се во фаза на изградба, како и хотелот "Јадран", кој е ставен под заштита на Заводот за заштита на спомениците на културата на Скопје. Булеварот ќе биде широк 26 метри, а на коловозите се предвидени шини за трамвај. Проектот што треба да биде готов до крајот на април годинава чини четири милиони денари, а реализацијата на градежните зафати, според некои првични процени на експертите, би чинела околу шест милиони евра.
ИЗГРАДБА, ПОПРАВКА И ОДРЖУВАЊЕ
НА БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ
Доизградба на ул. „Македонска војска“ до стадионот на ФК „Македонија“ во Ѓорче
Петров,
реконструкција на ул. „Благоја Стефковски“ од бул. „Александар Македонски“ до ЗЗ
„Напредок“
поврзување на бул. Христијан Тодоровски Карпош со заобиколницата.
ПРОШИРУВАЊЕ НА БУЛ. „ЦВЕТАН ДИМОВ“
ПРОШИРУВАЊЕ НА БУЛ. „ПРВОМАЈСКА“ ОД
СЕМАФОРИТЕ КАЈ УСЈЕ КОН НАСЕЛБАТА ДРАЧЕВО
ПРОШИРУВАЊЕ НА БУЛ. ИЛИНДЕН ОД ФОНТАНА
ЛОТОСОВ ЦВЕТ КОН КАРПОШ И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПРОШИРУВАЊЕ И ДОИЗГРАДБА НА БУЛ. „СРБИЈА“
Изградба на осум катни гаражи во центарот на Скопје
Со изградбата на осумте катни гаражи ќе се обезбедат околу 3.000 паркинг места, а вкупната инвестиција ќе се движи од 25 до 30 милиони евра. Од предвидените осум катни гаражи, четири ќе гради ЈПССДП, две Градот Скопје и две Општина Центар.
Локациите на кои ќе се градат гаражите во најголем дел се на државно земјиште, кое Владата ќе го додели на општините. Катните гаражи што ќе ги гради Градот Скопје ќе бидат лоцирани кај Беко и кај Старата железничка станица спроти Аутомакеоднија. За тие две локации градот веќе распиша тендер за идејно решение и се очекува на почетокот на 2011 да почне градбата. Со тоа ќе се намали проблемот со паркирање во Градот Скопје. На локацијата кај Беко со 26.000 метри квадратни корисен простор ќе се гради седумкатна гаража со висина од 21 метар, која треба да обезбеди со 800 до 900 паркинг места, а предвиден е и деловен простор. Катната гаража кај Старата железничка станица е со површина од 30.000 метри квадратни на кои се предвидени 1.000 паркинг места. Инвестицијата за двете катни гаражи ќе чини по 7-8 милиони евра, кои Градот Скопје ќе ги обезбеди преку кредити, во соработка со Градски паркинг кој ќе стопанува со катните гаражи.
Тендер за идеен проект од понеделник ќе се распише и за катните гаражи што ќе ги гради ЈПССДП, лоцирани од левата и десната страна на АД Мепсо и ЕЛЕМ, Скопскиот театар и Работничкиот универзитет. На тие локации, би се овозможиле околу 1.300 паркинг места доколку би биле класични гаражи, но ако се примени систем на лифтовско паркирање можеби би се добиле плус 500 паркинг места. Локациите на катните гаражи што ќе ги гради Општина Центар се зад Државниот архив кај МТВ и до зградата на Нова Македонија, а ќе обезбедат по 400 паркинг места. Бројот на паркинг места, како и цената ќе се прецизира по изготвување на изведбениот проект.