Од тие игри погоре 3 ќе ги има и за ПЦ. А кој од нив јас би сакал да ги играм? Ниедна, евентуално една и таа излегува за ПЦ.
Ај да ја свртиме топката. Да ѕирниме на другата старана од месечината.
Колку игри има на Steam. Последно што видов имаше околу 1300 наслови. Колку вкупно игри има на Xbox 360 - 700 и кусур, а на ПС3 има 600 и нешто. И сега кај има најмногу?
На Steam секој втор ден има неколку нови игри, некогаш една некогаш повеќе! Да ги додадеме Impule, D2D и што правиме.
Ех глупости, е ај на ајфон колку апликации има?
Не мериме игри со ИГРИЧКИ, збориме за high-budget наслови кои може да ги игра некој. Иначе ајде у муабетов ќе ти ги измешав и игрите од Nintendo Wii и да си ебевме матер.
Поентата ми е дека со PC ќе играш доста игри, нема да играш се. А дека ќе пропуштиш, да, ќе пропуштиш многу добри игри кои никогаш нема да ги видиме на PC.
На Xbox360/PS3 ќе играш доста игри, ама ќе играш баш се. Ќе пропуштиш само ексклузиви кои ги има на едната или на другата конзола. И дека умира, ама бајаги, доказ ти е GTA серијалот, ко за пример...првично PC ексклузива, за да се порта на PS1, за да стане lead наслов на PS2 и потоа да излегува 8-10 месеци покасно за PC, неоптимизирана, несредена...
И сега уште ако Близард отиде на конзолите, кој ни останува?
Ама ако им е, баш сакам малце да нема PC наслови, чисто Nvidia и ATI да се свестат, дека 4 години по ред продаваат боље графички, ама не се грижат да ФИНАНСИРААТ игри и графика во игри. Онака, имаш Ферари од графичка, ама играта примарно се прави за конзола со Фичо графичка...па и ти добиваш Фичо графика на твојата Ферари графичка. Патетично е веќе...